МКД АВИОНЧЕ

  • Креатор на темата Креатор на темата concrete
  • Време на започнување Време на започнување

concrete

alte Esel
Член од
22 март 2005
Мислења
12.248
Поени од реакции
1.703
Веб-сајт
www.luft46.com
Вчера имав некои муабети со занимливи луѓе кои имаат најозбилна намера, колку што е можно во Македонија да имаш озбилна намера за нешто :), да произведуваат во мали серии копија на Zodiak XL601 во кооперација со партнер од надвор, за кого во размена ќе изработуваат елементи со откројување на Трумф, формирање во гумена преса и термичка обработка со заштита
Се интересираа за накои овдешни технолошки можности и дури ме изненадија со својот ентузијазам.., мене песимистот со тапија..................
Незнам само како ќе се реализираат со проектирана крајна цена од 40.000 евра со Rotax 912 некоја чешка елиса и MGL авионика, за во Македонија......ептен амбициозно имајќи во вид каква е состојбата со Агенцијата за воздушна пловидба во однос на производството и приватното летање со мали авиони во Македонија и парите кои ги бараат за да ти кажат добар ден... :)
KIT1.jpg
 
Ова ми праи мерак, ако ништо друго бар се обидуваат максимално, секоја чест!
 
Супер.Ги чинело голем напор!
 
40k e dosta ambiciozno od nivna strana se slagam so tebe. Makar i za makedonski pazar, koj se nadevam za nivno dobro nema da go targetiraat.
 
ма би било добро да гледаме домашни железни пиленца :) шо би рекле комшиине од Мариово :)
не е ова леб па секој да мора да купи (во Македонија)...ќе купи кој сака и кој има пари :)
само надвор има доста конкуренција......
 
nadvor krajtnata cena ke porasti... si ima i to x-faktor
 
...муабетот е интересен и на основа кажаните елементи сосема реален.. :) ...според него би требело овде да се кројат, пресуваат, термички обработат , финализираат и заштитат елементите на змајот на авионот.Ако навистина успеат да реализираат таков договор, сите тие операции можат да се средат овде, по многу прифатлива цена. Но бројката на комплети која се спомнува..мене ми изгледа голема...... :)
Хомологацијата на нарачателот би ја покривала т.е. ја дава контролата на квалитет. Идеата е многу мал дел т.е. 5-10 авиона, да се комплетираат овде со дополнителна набавка на агрегатите и некои елементи кои се потребни.., иако мислам дека во овој момент новите законски прописи во тој домен и високите цени кои ги објави Агенцијата за воздушна пловидба го прават тој дел на операцијата скоро невозможен. Цената од 40.000 евра ич не е висока, јас мислам дека е дури тешко остварлива со таа спецификација, па тој мотор, елиса , авионика итн. Еден балистички падобран веќе добрано би ја покачил....Во секој случај, ако се реализира барем основната замисла, кооперација за елементи..тоа е веќе огромен чекор напред... :)
 
Ako imaat razumni luge na slucajot, nikoj ne gi zapira(osven malerot) da bidat sledniot Mirosam ako veke imaat partner od nadvor za sorabotka.
 
Nemam drug komentar osven ako ne im treba CAD/CAM obrazovan mashinski student od TFB kako zainteresiran kandidat,,, :)
 
Еее за CAD/CAM сите сме образовани, него си бара знаење, како ке го нацрташ ако не знаеш од кои компоненти е составен и каква технологија се вградува во него, каде и колку простор е потребно да се остави и зошто?
Или ке чекаш шефот да ти кажува овде нацртај крило, овде тркала, овде резервар...?
А башка од премногу CAD/CAM работа ке си искривиш кичма и ке ослепиш. Треба малку да се фати бормашинка во рака,убодно пиличе, по некое штрафцигерче, па да се завари/закова нешто. Ако сме си ние инженери, ама мене на пример, се ми се работи, од "мајсторска" работа до инженерска "CAD/CAM" работа.
Искрено малку се грдички авиониве ако е ова финалниот производ, што не ми е веројатно бидејки гледам дека само рамките од крилата се поставени и би требало следниот чекор да е монтирање оклоп. Треба малку во дизајн да вложат. На пример со некој евтин композитен материјал (полиестер) може да се постигне добар streamline.

:) Amin
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom