Мизогинијата денес

Жена во први борбени редови со колеги:tapp:...епа претеруваш веќе.
Биди во ров со нив еден месец, групно ќе те силуваат..мажите се како животни кога ќе им удри сперма у глава.
Што нема да прочитам уште.:facepalm:
И ова не е во ред.
Класична мизандрија.
 
Па тоа го зборам Лестер, ама изгледа селективно ме читаш. Сум за изедначување на критериумите, сè со цел да не се потценува способноста на жените и да се исклучи потребата за вакви муабети.


Не викам ни јас дека местото на жената треба да и биде на позиции за коишто не е способна, туку дека ако жената е способна за таа позиција не гледам проблем зошто да не биде поставена на истата?! Затоа што е жена ли?!
Имаш погрешни очекувања од жените.
Никој не вика дека минијатурен процент ќе успеат во овие области/индустрии, но природата не ви е наклонета, и не смее да се прават олеснувања/квоти за прием.
 
Жена снајперист, зошто да не? Ако ги исполнува критериумите? Жена рудар, зошто да не? Жена пилот, зошто да не? Жена автомеханичар, зошто да не? По вашите муабети ниту една професија не останува за жените (освен домаќинка, шивачка, шминкерка, козметичарка, куварка....упс и тука мажите се подобри, нели?).

Жена снајперист не, затоа што снајперист не значи само повлекување на чкрапалото, значи многу движење и физички напор, каде што жените се инфериорни.
Жена рудар не, затоа што со ист алат во иста единица време машкото ќе биде попродуктивно затоа што е физички посилно.
Жена пилот не, затоа што се бара колку што може пократко време на реакција, и тука мажите секогаш ќе имаат подобри перформанси.

Жена автомеханичар, со ова не гледам никаков проблем, ако сакаат жените да работат автомеханичари нека повелат, само некако не ми е доволно фенси, не верувам дека нешто ќе навалат.

И не знам дали ти се должи на недостиг на фантазија, ама еден куп професии има за жените. Професорки на факултет, професорки во средно, улителки во основно, докторки, правници, економија, буквално сите области освен тие неколку како војска или полиција.
 
Имаш погрешни очекувања од жените.
Никој не вика дека минијатурен процент ќе успеат во овие области/индустрии, но природата не ви е наклонета, и не смее да се прават олеснувања/квоти за прием.
Па ти пак ја мисинтерпретираш мојата поента. Каде барам олеснувања за прием на жени?
 
Па ти пак ја мисинтерпретираш мојата поента. Каде барам олеснувања за прием на жени?
Па во моментов е олеснет. И кај нас, и секаде во светот, приемните критериуми за во полиција и војска се пониски за жени.
 
Жена снајперист не, затоа што снајперист не значи само повлекување на чкрапалото, значи многу движење и физички напор, каде што жените се инфериорни.
Жена рудар не, затоа што со ист алат во иста единица време машкото ќе биде попродуктивно затоа што е физички посилно.
Жена пилот не, затоа што се бара колку што може пократко време на реакција, и тука мажите секогаш ќе имаат подобри перформанси.

Жена автомеханичар, со ова не гледам никаков проблем, ако сакаат жените да работат автомеханичари нека повелат, само некако не ми е доволно фенси, не верувам дека нешто ќе навалат.

И не знам дали ти се должи на недостиг на фантазија, ама еден куп професии има за жените. Професорки на факултет, професорки во средно, улителки во основно, докторки, правници, економија, буквално сите области освен тие неколку како војска или полиција.
Не се согласувам. Ти реков прочитај си за Људмила и ќе видиш зошто жени снајперисти да!

Генерално до сега, повеќе стравопочит имам кон жени полицајки отколку мажи, кога ќе ме запрат на улица. И секогаш сум ЗА најдобрата жена полицајка, отколку медиокритетен маж полицаец. Или војник! А верувај дека кај нас има мноштво такви медиокритети, и многу многу малку жени кои навистина заслужуваат да се занимаваат со тоа што се занимаваат.

Па во моментов е олеснет. И кај нас, и секаде во светот, приемните критериуми за во полиција и војска се пониски за жени.
Океј. И каде јас го поддржувам тоа?
 
Океј. И каде јас го поддржувам тоа?
Па мислам дека иницијално од тоа почна дискусијата. Еве го постот.
Зошто за вработување во полиција/војска физичките тестови се полесни кај жените?

Имате ист став, дека не треба да бидат. :D
 
Па мислам дека иницијално од тоа почна дискусијата. Еве го постот.


Имате ист став, дека не треба да бидат. :D
Епа не ми прави вртелешка на поентата. Додаваш масло од страна на огнот. Со Лестер не сакам да се скарам, он барем ми стои ко стабилен чоек на форумов. :D

Ние како инфериорен пол, многу работи не ги сфаќаме или се правиме дека не ги сфаќаме хм, ама затоа спремни сме за јуриш.
 
Не знам искрено што ја тегните толку, жени во физичка работа секогаш ќе бидат инфериорни од мажите пример за војник и џандар не е потребен интелект туку сила, е сега ако станува збор за инспектор, чиновник тука побитна е менталната сила па таму може да се ставаат жени со мажи.
 
Проблемот со полицијата е во тоа што се вработуваат по родов, но и по партиски клуч, нема допирна точка физичката само спрема. Сите вежби и тестирања можат да се заобиколат ако се има доволно силни врски. А ако бидат идентични критериумите и се применуваат оние за мажите, притоа го нема родовиот клуч, нема да има повеќе од пар жени во полицијата. Треба да има жени во полициските сили.

Рударството не е тимски "спорт", доминира индивидуалноста. Сам копаш, сам товариш, и за значително потешко од копање нива, каде си на отворено, немаш опасност цепиот систем во секој момент да ти колабира над глава, можеш да одмориш кога сакаш и немаш тајминг кога почнуваш, а кога завршуваш со работа. Башка во рудникот често се копа на висина на твојата глава, што е ужасно ужасно напорно и тешко. Воопшто не е идентично и компарации се лоши. Сум за активната и постоечка законска забрана за жените да не смеат да работат подземни (и подводни) работи.
 
Епа не ми прави вртелешка на поентата. Додаваш масло од страна на огнот. Со Лестер не сакам да се скарам, он барем ми стои ко стабилен чоек на форумов. :D

Ние како инфериорен пол, многу работи не ги сфаќаме или се правиме дека не ги сфаќаме хм, ама затоа спремни сме за јуриш.
Напротив. Тврдам дека успевате да се карате, иако имате ист став. :D
 
Еве еден пример од денес.

 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom