- Член од
- 14 август 2006
- Мислења
- 46.343
- Поени од реакции
- 87.182
Рекламен материјал што низ цел ебан свет стигнува без давачки, кај нас го царинат. Али тоа е у дослух со тукашните DHL или Western. За нешто што фирма у бел свет, билокаде, и стига без давачки, кај нас лупаат по двеста евра. И тоа поголем дел од парите не иде за царина него за лежарина за DHL или Western. Па така од двеста евра измислени давачки (што ама баш нигде не се даваат у свет за тоа) повеќе од 50% си ги зима лежарината т.е. складот на транспортерот (DHL или кој и да е). Странците коа ќе им кажеш, се чудат и се крстат, а фирмите го враќаат рекламниот материјал, едноставно не го подигнуваат.
Друга работа, од кога ќе ја започнеш постапката за царинење, односно им ги доставиш документите, ти праќаат фактура и ти викаат фактурата да се плати во рок од 7 дена, во спротивно ќе ти поднесат тужба. На страна тоа што не знаеш колку ќе те кошта царинењето пред да ги доставиш документите. Место да ти излезат во пресрет баш што им си се доверил токму нив, тие те уценуваат. Класични рекеташи. Тие повеќе пари ти земаат него што ќе ти земат на царина. Ако си од Скопје подобро ти е да одиш до царинскиот терминал во Илинден мислам дека е. И побрзо ќе си ја завршишработата, и ќе ги избегнеш нервозите во бркање документи за Dhl.