Михаел Шумахер

  • Креатор на темата Креатор на темата Prilep4an4e
  • Време на започнување Време на започнување
И шо демек Шумахер ви беше Ф1? И вие ми сте некој спортски гледачи. Исто ко да излези некој сега и да речи Руни ми е се во фудбало. Ако го нема Руни готово, јас појќе фудбал не глеам.

Ф1 е многу повеќе од 1 човек. Ф1 е многу повеќе од 1 тим. Ф1 е дваесет и некој пат повеќе од Ферари. Да ви биди јасно на сите.
 
хехе, и Барса не ја сакам.

За Шуми, неможам да речам дека го сакам или нејќам, не ги делам јас така работите во ф1. Одсекогаш сум бил навивач на Мекларен мада убавината на Ф1 беше во дуелите на патеката. Мразам кога некој ќе се најди да произведува циркус од работи (читај ги уништува малите нешта шо ја прат сликата комплетна) и ги загрозува животите на другите само заради своја лична корист. Не е тоа основата на спортот. Барем јас така не ја разбирам. И не дека го негирам целото тоа што Шумахер го има со Ферари постигнато... го има, прв е во сите тие рекорди и статистики. Глеам дека има овде голем број на луѓе шо читаат и гледаат Ф1 а не се сеќаваат на некои моменти. Еден ден пред да загини Сена, на истата патека во квалификациите загина Roland Ratzenberger. Кога го извадија Сена од болидот под седиштето имаше австриско знаме кое планирал да го развее на крајот на трката во чест на својот колега. Тој спортски момент Шумахер никогаш го немал, нити ќе го има. Тоа ја прави разликата измеѓу најголем и останатите бројќи кои утре-задутре некој трет ќе ги подобри.

Е тука лежи зајакот зошто зборуваш вака за Шумахер.. Разбирливо е кога 5 години си морал да гледаш како Шумахер им ги зима титулиуте на возачите на мекларен..

И само да додадам во формула 1 немало поголем срам од местенката хамилтон глок во бразил и кога хамилтон го удари кими во канада од позади иако идеше према кубица овој одлучи дека е подобро да го отстрани од игра директниот конкурент за титулата...
 
Е тука лежи зајакот зошто зборуваш вака за Шумахер.. Разбирливо е кога 5 години си морал да гледаш како Шумахер им ги зима титулиуте на возачите на мекларен..
Види спорт е спорт. И се додека е спортски, нема тука ова она. Него кажи ми, лага е то шо го кажав? Од памет зборам? Или извадов нешто шо не е поткрепено со аргумент?

И само да додадам во формула 1 немало поголем срам од местенката хамилтон глок во бразил и кога хамилтон го удари кими во канада од позади иако идеше према кубица овој одлучи дека е подобро да го отстрани од игра директниот конкурент за титулата...
И тогаш мрморецот ја завитка чоколадата во фолија.... можиме да пишиме на темава до сабајлe, не е никако поврзана со Шумахер. Ако имате желба отворете и за Хамилтон тема... Чисто колку да ти се разјасни, пошо гледам дека не ти е јасно: Хамилтон и Маса ја водеа битката во 2008-ма. Како го удри директниот конкурент за титулата кога тој уствари не ни беше конкурент?
 
А бе Дејмон Хил беше цар.
Да Шумахер беше гение со топ болид.
Ама ти со она Цептерот возило, ко со парна машина, Данка Ероуз, да земеп второ место у трка (Хунгароринг), со пеглица на трка со мерцедеси, ееее....

Шумахер беше гение. Ретко таков, особено со таква идеална меморија за дожд на патека.
Само, и тој, не требаше да се врати. Си ја еба легендата.

Сега има нови дечки. Ко за Пеле или Гаринча да се говори во споредба со Меси или Роналдо/Роналдињо (бразилецон Роналдо, не оној напудренион).

Не бива.

Dzish Џаба учиш дјецу кад мисле да су порасли, а ни квочке нису исклецали.
Остаревме море староаро...
 
Џиш само сакав да видеш дека напаѓаш по другите а највеќе смрди работата во сопствениот табор... Во моментот кога хамилтон го удри кими беа изедначени со бодови е после се издвои со маса.
Шумахер е легенда и враќањето беше потребно не за него туку за мерцедес за да привлечат фанови и спонзори како нов тим а тоа најдобро го направија со најдобриот возач на сите времиња во својот тим. Штета што не му понудија добар болид за да биде конкурентен.
 
Привлекоа они внимание уште со Brown GP кога освоиа титула не им требаше Шумахер за таа работа.
 
Привлекоа они внимание уште со Brown GP кога освоиа титула не им требаше Шумахер за таа работа.

Боки БРАУН беше само 1 сезона и одма го сменија името ... е сега Рос Браун знаеше дека конкурентите ферари, мерцедес ќе направат веќе страшен болид бидејќи имаат далеку далеку подобри инжинери и повеќе .... Па тоа беше и една од причините што Шумахер се врати ... Се врати бидејќи му се возеше да , ама и за конструкција на конкурентен болид, и резултатот од овие 3 години со него истражување мислам дека ќе се покажи вгодина.... Сигурно Хамилтон немаше да појде таму доколку овие не му понудеа квалитетен болид ...
Јас сум фан на Шумахер да ... ама не на Мерцедес ГП (само овие 3 сезони за шуми што бев) , јас сум фан на Ферари :)
 
Џиш само сакав да видеш дека напаѓаш по другите а највеќе смрди работата во сопствениот табор... Во моментот кога хамилтон го удри кими беа изедначени со бодови.
И шојма тука спорно? И едниот и другиот во аут. Еднакви продолжија понатаму.

Патем, никаде нереков дека ѓупалето е најдобар на сите времиња, мада многу го исфорсираа Хамилтон. Премногу недозволиви почетнички грешки, карањето со Алонсо... Сериозен тим тоа не требаше да го дозволи. Она шо го слупа Кими сигурен сум дека е почетничка грешка. Ако се сеќаваш и Рено беа казнети некоја сезона заради намерно предизвикување инциденти и Safety Car со резултат да ги сјебат стратегиите, а Алонсо да профитира. Кој како сака нека гледа (ја изземам оваа сезона, мирен беше тро мада очекувајте го истиот во AMG), Хамилтон беше циркузант. Да неречам дворскиот шут. И да полека фамата околу Шумахер спласна, се издигна Алонсо, Хамилтон, Батон, Фетел

Шумахер е легенда и враќањето беше потребно не за него туку за мерцедес за да привлечат фанови и спонзори како нов тим а тоа најдобро го направија со најдобриот возач на сите времиња во својот тим. Штета што не му понудија добар болид за да биде конкурентен.
Ич да не се секираш, мене ми е многу јасно дека откако се пензионира Шумахер опадна гледаноста на Ф1, ги избркаа цигарите од спонзори и им снема $$$. Искрено се надевав дека ќе има барем 1 победа по враќањето, колку да се речи дека не е џабе се. Ама ништо...
 
Да гледаме реално. Шумахер е веројатно најдобриот возач на Ф-1 кој денешницата го познава. Возач со таков талент ретко се раѓа. Да разчистиме веднаш некои работи. Талент и знаење не е само техниката на возење, осетот, меморијата, рефлексот. Денес во Ф-1 многу е битна комуникацијата со инженерите, изборот на оптимален тјунинг според стазата и метеоролошките услови, а исто така и планирањето и создавањето тактика за возењето на трката но и за квалификациите. Сево ова заедно го прави еден возач на Ф-1 комплетен и конкурентен. А Шумахер е дефинитивно сеуште најдобриот од сите, само што нема доволно добар болид и веројатно другите членови на тимот не се на ниво кое е потребно за да може да се каже дека се успешен тим како што беше на времето Ферари.
Заклучок: Ниту Ферари, ниту Шумахер одкако не се во „брак“ немаат такви успеси повеќе.
 
Коа се тркаше Шуми сите гледавме Ф1,сеа ретко кој гледа и прати.Тешко дека некад ќе се вратат тие добри години во Ф1.
Фетел најдобар!!:pos:
 
Коа се тркаше Шуми сите гледавме Ф1,сеа ретко кој гледа и прати.Тешко дека некад ќе се вратат тие добри години во Ф1.
Фетел најдобар!!:pos:
Неоти сте знаеле што гледате ама ај.
 
Никогаш не го сакав Шумахер, за мене постоеја само Хакинен и Раиконен, но не можеш да оспориш тоа што го постигна Шуми, милијардер стана од формула. :cuc::cuc:

И сега е слично, Фетел ваљда ќе стане најдобар у историјата а никој не го сака.
 
Малку во врска со темава ... на денешен ден 3 јануари 1969 година се роди Михаел Шумахер !
нека е здрав и жив и пак да се врати
има само четересет и четири години....

му благодарам за се што стори за Ферари
таков вочач изгледа еднаш се раѓа - шофериште,кој спиеше со механичарите во гаражата со цел да има топ болид,малку контроверзен (како и некои шофери од неговите почетоци на кариерата)
Никогаш не го сакав Шумахер, за мене постоеја само Хакинен и Раиконен, но не можеш да оспориш тоа што го постигна Шуми, милијардер стана од формула. :cuc::cuc:

И сега е слично, Фетел ваљда ќе стане најдобар у историјата а никој не го сака.
прочитав пред некоја година дека имал заштедено :D 750 милиончиња :cuc:
многу се садеше тогаш тутун :pos:
значи за да стани милијардер има уште фурни да јади или нека си отвори у Швицарска млекара па ќе стани :D
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom