Mitsubishi Lancer 2008

  • Креатор на темата Креатор на темата Alek_Sk
  • Време на започнување Време на започнување
Автомобилот е 14,980 евра со сите давачки. И е со фул опрема инвите која буквално не дава можност за надоградба.


pix.gif
Генералниот дистрибутер за Мицубиши за Македонија, МакАутоСтар во Скопје, го донесе новиот Лансер и ги заврши процедурите околу хомологацијата по што до крајот на месецов ќе започне и со продажбата на овој интересен и привлечен нов модел со Мицубиши дијамантот во носот.
001_001_Lancer_2008.jpg

Првиот контингент од новиот Лансер ќе биде опремен со бензински мотор со четири вентили по цилиндар, со работна зафатнина од 1490 ccm, што значи дека е со пониска стапка на ДДВ, со 109 коњски сили и максимална брзина од 191 километар на час. Клиренсот, најмалото растојание од асфалтот, е 150 милиметри што му овозможува нешто полесно движење и по неравни патишта. Комбинираната потрошувачка на горивото е декларирана на нецели 6,5 литри гориво на сто километри.
Новиот Лансер е запакуван како автомобил долг 4,57 метри, широк е 1,76 додека височината е 1,49 метри. Растојанието меѓу оските е за влакно помало од 2,64 метри. Сево ова извонредно е амбалажирано со највисокиот пакет на опрема Invite во кој буквално не останува можност за опционално надградување. Сево ова може да се добие по мошне коректна цена од точно 14,980 евра со сите давачки.
Засега толку. Повеќе по тест возењето што треба да се случи во текот на месецов.
pix.gif
Превземено од АВТОПОИНТ
 
На нет коа го глеам мн е боље. Коа го глеам у живо не е нешто којзнае што ама сепак е супер.

За тие пари е одличен, коа ке ја видам цената на 308 ми се крева главата и се нервирам па оба е 100 пати боље.
 
Мора да го имам... Цената е пристапна, ама сеуште не за мене. :nerv:
Башка, мора и гаража да земам. Вакво нешто не се чува надвор, некое копиле одма ќе ти ја ебне бојата со клуч или некоја глупача ќе ти сјебе браник на паркирање.

Ме потсеќа на Impreza-та, незнам зошто... Ама ептен ми прави мерак.
МакАутоСтар, зошто немате уште сајт бе? :uvo:
 
Мора да го имам... Цената е пристапна, ама сеуште не за мене. :nerv:
Башка, мора и гаража да земам. Вакво нешто не се чува надвор, некое копиле одма ќе ти ја ебне бојата со клуч или некоја глупача ќе ти сјебе браник на паркирање.

Ме потсеќа на Impreza-та, незнам зошто... Ама ептен ми прави мерак.
МакАутоСтар, зошто немате уште сајт бе? :uvo:

Ееее Ацид да си ми жив и здрав шо ја спомна Импрезата:

image39638_b.jpg


Ова е најновиот модел и е лудилооо...!!!
И верувајте во живо е многу многу поубав :) :helou:

Иначе онтопик: Стварно Лансерот е прекрасен поготово хеџ-бек изведбата која сеуште не знам дали е во сериско производство:

mitsubishi-lancer-sportback-ralliart12.jpg


:smir:
 
Ауу овие јапонците... умот да ти го сомелат. Башка Импрезата има дизелски бокс мотор :) прв до сега воопшто од таков тип.
Малце само Офф топик :
Џиш јапонците не праат дизелци така ? Знам за хонда а другите ?
 
Тојота, Мазда, Митсибуши прават, Субару почнаа така да... Види го новиот боксер-дизел на Субару тука.

edit:го има лансер во 2.0 дизел изведба.
 
Само уше едно прашање :
Кај се наоѓаат салоните на Митсубиши и Субару у скопје ?
 
Само уше едно прашање :
Кај се наоѓаат салоните на Митсубиши и Субару у скопје ?

Митсубиши - Мак Сутостар (Митсубиши, Мерцедес, Џип и Мајбах) ул. Индустриска 2 тел. 02 2580000
по нашки кажано спроти Фон Универзитет на излезот од општина Гази Баба према општина Аеродром.
Субару - КММ (Субару и Киа) ул. Перо Наков бб тел. 02 2580740
ако не се лажам ова е во Злокуќани кај Хубо Маркет (не ме држи за збор). :helou:
 
Дали Лансеров има 2.0 D и колку пари е :smir: И дали би ја препорачале пошто татко ми нешо вика изглеа ќе сме земале вакво нешто
 
Значи како модел дизел варијантата ја има... А дали е достапен во Македонија треба да прашаш во мак ауто стар. Баш ме интересира со што опрема го испорачуваат. Ако најдеш спецификации тури ги да ги видиме.
 
Има дизел верзија,и тоа 2,0 140 кс,тоа е WV мотор,истиот сто го има и во ауди а4,голф тигуан итн.А цената му е 19 980 евра за информ оременост,тоа е послабото ниво на опрема и 20 980 евра за инвите ниво на опременост,тоа е поопремениот.
 
Ај Деноиве ќе идам до МакАуто Стар со татко ми ќе прашам па ќе ви кажам подетално.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom