Митови за силувањето (Rape myths)

  • Креатор на темата Креатор на темата Sheldon Cooper
  • Време на започнување Време на започнување
Муабетов ти вришти. Демек синовите се тие лошите што му треба воспитување, нема што ќерките да си ги воспитуваме а? Тие по дифолт се воспитани и треба да ги заштитуваме.
И како бараш бе да те ставам тебе во ист кош со машко (полова еднаквост, еманципација, бла бла..) после вакво размислување? Па не заслужуваш бе човек.

И немој сега да ми одговориш, демек, никој не бара од тебе да ме ставаш во ист кош. То тие е исто ко да ми речиш „Буанко е крив“, толку ќе има тежина одговорот.

Ќерките треба да ги воспитуваш да си најдат паметни, убави, згодни и богати мажи.

Ако не може с еу едно, тогаш барем последното да е испунето:cool:

Тоа го нуди денешницата, јеби га.
 
Ја нејќу така да ја воспитувам :)
 
Ја нејќу така да ја воспитувам :)

Хехе, тогаш си една од поретките:P Ама ќе видиме млада си, може ќе ти се смени размислувањето кога навистина ќе добиеш ќерка:P

Него проблем се оние што имаат синови :D Како ли да ги воспитаат?
 
На начин на кој кај нив ќе се неутрализира (што е можно повеќе) доминантното и сексистичко размислување.
Затоа што силувањето е најмалку секс, а најмногу покажување сила.

П.С. Најголемо разочарување би ми било ќерка ми да биде некоја ,,кутра,, ,зависна од нејзиниот партнер. Срцево ќе ми се парчоса :(
 
Аха, значи според некој од членовите би требало комплетно да ја ограничиме слободата на изразување (било преку облека, говор, музика) и тоа се со цел да не случајно некој замери или не му се свиѓа што гледа или слуша, па да реши тука, на лице место да се предаде на сопствените недефинирани животински нагони.
Според мене, покорисно би било да се престане со ширење на небулози од типот „твоја одговорност е ако те силуваат“ и малце повеќе да се вежба на личната самоконтрола.
Силувањето е противзаконски акт и не може да се оправда со провокативна облека, флерт или пијанство.
 
Темата е силување.
Мажите силуваат, жените троа поретко, нели?!
--- надополнето: 20 април 2012 во 10:55 ---

Магде е во право за реалната ситуација.
Реалната ситуација е лоша и треба да се промени.
Точно, темата е силување. И ако сакаш да има помали шанси ќерка ти да биди силувана во иднина, треба прво ќерката да ја воспиташ, како треба да се однесува. Оти факт е дека такви напаленковци има(јас не ги оправдувам ич), ама и факт е дека има исто толку жени што си го бараат со боринче.
Пример, некоја расцицлена, со сукната до гаќи, се прај клен во дискотека, заминува ДОБРОВОЛНО, со некој Х човек кај него дома, на „пијачка“, и сабаљето плачи силувана била. Еми пиле, таквото му бараше да одиш кај него? Јас пак ќе го осудам тој што ја силувал, ама и девојчево со боринче си го барала.

Јас никогаш нема да оправдам силување. Ама да кажиш дека понекогаш само мажите се криви и нив му треба воспитување, а жените се наивни жртвички, е надвор од умот.

Кажи ми, кој има повеќе шанса да биди силуван, прибрано, културно, пристојном воспитано девојче, или некоја како во погорниов пример? Ова е реалноста, и фактите.
Боб Марли има една многу убава реченица кажано: Ако покажуваш со прст на некој, гледај прво прстот да ти биди чист.
 
Постот ти е крајно дискриминаторски и сексистички.

Не е целта жените сами да се заштитуваат од силување преку облекување како на некој друг му одговара. Туку учење на мажите дека НЕ ЗНАЧИ НЕ, МАКАР ГОЛА ШЕТАЛА.

И немам што друго да ти кажам, ми се згади од твојот пост.
 
На начин на кој кај нив ќе се неутрализира (што е можно повеќе) доминантното и сексистичко размислување.
Затоа што силувањето е најмалку секс, а најмногу покажување сила.

П.С. Најголемо разочарување би ми било ќерка ми да биде некоја ,,кутра,, ,зависна од нејзиниот партнер. Срцево ќе ми се парчоса :(

Не зборев за силувањто, таман работа да е различно:P

Што подразбираш зависна од нејзиниот партнер?

Треба да бидеш среќна ако таа зависност е обострана кај двајцата партнери, а се темели на чувства кои се нарекуваат љубов;)

Ама ти претпоставувам мислеше на нешто друго:)
 
Аха, значи според некој од членовите би требало комплетно да ја ограничиме слободата на изразување (било преку облека, говор, музика) и тоа се со цел да не случајно некој замери или не му се свиѓа што гледа или слуша, па да реши тука, на лице место да се предаде на сопствените недефинирани животински нагони.
Според мене, покорисно би било да се престане со ширење на небулози од типот „твоја одговорност е ако те силуваат“ и малце повеќе да се вежба на личната самоконтрола.
Силувањето е противзаконски акт и не може да се оправда со провокативна облека, флерт или пијанство.
Не е доволно да пишиш само дека треба да се вежба на личната самоконтрола.
Ако сакаш да се заштитиш пред се самата, треба да избегнуваш да му даваш повод, или да му дотураш масло на некој оган што тлее.
То ти е исто ко да му речиш на некој, шо ми се пулиш в цицки, а си ставила деколте уште брадавиците да излезат. Тогаш зошто си ставала такво деколте, да гледа само тој ти што сакаш? Епа нема така.
То е исто ко, да сакам јас пред зграда, да ги нахранам мачињата, и му оставам мевце пред зграда. Арно ама ако има кучиња, кучињата ќе им го изедат месото на мачките. Ако сакам да бидам сигурен дека мевцето ќе го изедат мачињата, ќе се осигурам дека нема кучиња одоколу.
 
Добра ти е претпоставката.
Алергична сум на домаќинки :)
 
Во однос на силувањето АПСОЛУТНО ДА. Нема оправдување за таков животински чин.

Ама после муабетот отиде на друга страна, па се надоврзаа некои други заклучоци.
 
Не е доволно да пишиш само дека треба да се вежба на личната самоконтрола.
Ако сакаш да се заштитиш пред се самата, треба да избегнуваш да му даваш повод, или да му дотураш масло на некој оган што тлее.
То ти е исто ко да му речиш на некој, шо ми се пулиш в цицки, а си ставила деколте уште брадавиците да излезат. Тогаш зошто си ставала такво деколте, да гледа само тој ти што сакаш? Епа нема така.
То е исто ко, да сакам јас пред зграда, да ги нахранам мачињата, и му оставам мевце пред зграда. Арно ама ако има кучиња, кучињата ќе им го изедат месото на мачките. Ако сакам да бидам сигурен дека мевцето ќе го изедат мачињата, ќе се осигурам дека нема кучиња одоколу.

А ти ги рамниш мажите со животни?
Мажите поседуваат СВЕСТ, за разлика од кучиња, мачиња, канаринчиња и остало.

А што ако е тој со мене во брак, и некоја гола шета... дали треба да ме изневери?!
 
Постот ти е крајно дискриминаторски и сексистички.

Не е целта жените сами да се заштитуваат од силување преку облекување како на некој друг му одговара. Туку учење на мажите дека НЕ ЗНАЧИ НЕ, МАКАР ГОЛА ШЕТАЛА.

И немам што друго да ти кажам, ми се згади од твојот пост.

Мојот пост е Дискриминаторски и Сексистички? А не твојот кај што кажуваш дека треба синовите да се воспитуваат, а ќерките да се бранат?
Мене ми се гади од твоето размислување...

Всушност, шетај ти гола, па после курле че ти биди крив ко че имаш трауми за цел живот.
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: Lu5
Добра ти е претпоставката.
Алергична сум на домаќинки :)

Види и мажите не сакаат домаќинки по дома:) Барем јас не сакав и не сакам:P

Ама таа работа ја диктираат еден куп други параметри у животот, особено тука кај нас у МК, за жал.
 
Мојот пост е Дискриминаторски и Сексистички? А не твојот кај што кажуваш дека треба синовите да се воспитуваат, а ќерките да се бранат?
Мене ми се гади од твоето размислување...

Всушност, шетај ти гола, па после курле че ти биди крив ко че имаш трауми за цел живот.

Ти ич да не се секираш за мене.
Синовите треба да ги научам да не силуваат жени, да не дискриминираат жени и да не глумат ,,големите газди,,. Не ќерките.
Твоето размислување е дискриминирачко, зошто вината за силување ја бараш во жените. Жена не може да биде крива за силување, и гола да шетам, не шетам за тебе гола, како не ти е јасно?
--- надополнето: 20 април 2012 во 11:21 ---
Види и мажите не сакаат домаќинки по дома:) Барем јас не сакав и не сакам:P

Ама таа работа ја диктираат еден куп други параметри у животот, особено тука кај нас у МК, за жал.

Па не реков дека сите како мене размислуваат :) Најчесто обратно од мене размислуваат.
Реков што мене може да ме повреди и да се почувствувам како најлоша мајка на светот.
Односно, ќерка ми да си најде сопруг според твоите првонаведени критериуми :)
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom