Мистериозно потекло на човекот

  • Креатор на темата Креатор на темата El Bohemio
  • Време на започнување Време на започнување
Да,да приглуп хахахахах...Не си нормален.Па кој порано можел да си дозволи школување ако не благородниците,читај Убаво си пишува дека се случува на научен собир кој и онака бил организиран и спонзориран од истите тие.А за Дарвин нема што да кажам,неговата измишљотина“Еволуција“ е општо прифатена(Нажалост),што афтоматски ја прави погрешна.

Degenerate.
 
Резус факторот означува присуство или отсуство на антиген во обвивката на црвените крвни зрнца - еритроцитите. Резус факторот е наречен така според Резус макаке мајмуните, кои најчесто се користат за експерименти, и во чија крв најпрвин бил откриен овој фактор.


85% од светската популација е ер-ха позитивна, односно ги има овие макаке антигени во својата крв. 15% ги нема.

Од нив, 99% од Африканците, Азијците и Индијанците се ер-ха позитивни.
93% од Афро-американците се ер-ха позитивни.
84% од Европејците се ер-ха позитивни.

Само 65% од Баскијците се ер-ха позитивни. Значи, 35% од Баскијците немаат приматски антиген во својата крв.

Некои испитувања покажале дека Rh-негативните се разликуваат од позитивните по изгледот: имаат посветли очи (сини и зелени), посветол тен и коса од позитивните, а исто така и поголем степен на интелигенција.

Инаку да спомнам, баскијскиот јазик е најстар јазик во Европа и нема сличност со ниеден друг јазик на Земјата.

eyes-400.jpg
Vo mojov slucaj e tocno. Rh negativ sum , krva grupa 0, taka bela, so svetla kosa i svetli, potocno sivo-plavi oci.
 
Не можам да го сватам тоа ваше „човекот настанал од мајмун“ и тоа ваше дека таа теорија е погрешна. Е па погрешна е кога не го разбирате тоа што го кажувате, односно очигледно не сте го слушнале добро. Човекот не еволуирал од мајмун, човекот еволуирал од заеднички предок со мајмунот, и воедно еволуцијата не траела 100 години нити колку што трае еден човечки живот па да може вие да го видите мајмунот како еволуира, смешки. Еволуцијата започнала пред околу 4.5 милијарди години.. значи зборуваме за милијарди и со тоа што еволуцијата сеуште трае ние не можеме да го видиме крајниот продукт но тоа се случува.
 
"Ако дедоти бил мајмун,дедоми беше лорд" Ова лично на Дарвин му го има кажано англиски благородник на научен собир,каде што Дарвин ги презентирал неговите научни трудови.
Типично глупава забелешка од страна на благородникот,кој мислејќи дека ако кажал нешто во врска со своето благородничко потекло,по дифолт ќе се дистанцира од своето итекако очигледно потекло од заеднички предок на луѓето и мајмуните(иако згрешил во забелешката,бидејќи Дарвин не тврди дека водиме потекло од мајмуните,туку од заеднички предок што е сосема различно).
--- надополнето: 14 февруари 2013 во 16:32 ---
значи зборуваме за милијарди и со тоа што еволуцијата сеуште трае ние не можеме да го видиме крајниот продукт но тоа се случува.
Само да те поправам,еволуцијата нема краен продукт како цел.
 
"Ако дедоти бил мајмун,дедоми беше лорд" Ова лично на Дарвин му го има кажано англиски благородник на научен собир,каде што Дарвин ги презентирал неговите научни трудови.

Арно им велиш, еве ја вистината!


Кога во 18сти век, споредувајќи ја градбата на човекот и најблиските му сродници (примати од прв ред) - шимпанзата, орангутанот, гибонот и горилата, Хаксли заклучил дека имаат иста анатомска градба и минимални разлики во мозокот, Таа за Црквата шокантна и поразувачка вест вака ја коментирал свештеникот од Ворстер “ Потомци на мајмуните!, Боже да се надеваме дека ова не е вистина, а ако е, да се помолиме да не стани општо познато“
Во подоцнежните векови кога науката напреднала и била можна подетална анализа откриено е дека мајмуните и човекот не само што боледуваат од иси болести (па и СИДА) туку и анализата на ДНК покажа дека разликата во неа помеѓу луѓето и шимпанзите е 0,4% а сличноста 99,6% ако се споредат низа по низа нуклеотидите се разликуваат од човек до горила 1,7% од човек до орангутан 3,3% од човек до гибон 4,3%... а до лемурите 22%. Колку повеќе се разликува толку ни е подалечна сродноста. За да стани појаен процентот, ДНК разликата на човек и шимпанзо е помала од ДНК разлика Коњ - Магаре или глушец - стаорец или кокошка - мисирка. Значи поблиски сме сродствено со шимпанзите отколку долунаведените толку слични животни меѓусебе.
 
Типично глупава забелешка од страна на благородникот,кој мислејќи дека ако кажал нешто во врска со своето благородничко потекло,по дифолт ќе се дистанцира од своето итекако очигледно потекло од заеднички предок на луѓето и мајмуните(иако згрешил во забелешката,бидејќи Дарвин не тврди дека водиме потекло од мајмуните,туку од заеднички предок што е сосема различно).
--- надополнето: 14 февруари 2013 во 16:32 ---

Само да те поправам,еволуцијата нема краен продукт како цел.


Во ред можеби неубаво се изразив, сакав да кажам дека ние нема да видиме друга форма на било какво животно што го знаеме сега какво што е бидејќи нашиот живот е краток. Но по милијарди години ќе има многу подруги форми на живот.

Докажано е дека глувците еволуираат не на изглед но веќе има такви кои отровот им е храна
 
...и воедно еволуцијата не траела 100 години нити колку што трае еден човечки живот па да може вие да го видите мајмунот како еволуира, смешки. Еволуцијата започнала пред околу 4.5 милијарди години.. значи зборуваме за милијарди и со тоа што еволуцијата сеуште трае ние не можеме да го видиме крајниот продукт но тоа се случува.

Скокови во еволуција можат да се случат и во пар декади (има примери). Нема универзално правило во однос на време, се зависи од околностите кои се присутни, и тие диктираат дали, кога, како, колку итн, ќе се случи. И пазете кога зборите за еволуција, може да станува збор за различни модели. Има модели кои не се базираат на природна селекција.

Друго, уште една поправка, пред 4.5 милијарди години Земјата едвај формирала сферичен изглед, и била топка од лава и магма. Првите форми на живот се појавуваат некаде пред околу 3.2 милијарди години.
 
Абе луге па самиот Дарвин е креација на истите тие луге што го спонзорирале неговиот научен труд,оние што му овозможиле воопшто цветска јавна сцена да презентира и докажува трудови.Знаењето е строго контролирана работа и како се останато е во рацете на финансиските моќници,така било и така ќе биде,а нас ни останува да пливаме меѓу редови.
 
A што сакаш да кажеш со ова? Дека тој благородникот бил малце приглуп?
Многу мразам вакви фрази, имам читано слични и порано, демек ние луѓето сме толку совршени и над све што постои, толку божествени, да е навреда да се каже дека потекнуваме од мајмуни, па сме креација на Бог или некоја друга вонземска супер-сила. Бљак, ако погледнеш подобро ќе видиш дека луѓето се погани и далеку од совршени, еден вирус на планетава кој се води кон самоуништување. Значи тој нашиот Творец не завршил баш добра работа нели?

Иначе приметив низ темава дека многу мислат дека човекот настанал од мајмун, од шимпанзо, и сеа како можело од шимпанзо одма во човек.. Ало, припаѓаме на иста група примати како и мајмуните - антропоиди, не сме се создале од нив. Имаме заеднички предци, потоа се појавуваат првите хоминиди и тука е делбата каде што сме се одвоиле од шимпанзите и горилите. После како било сите сме учеле во средно: најстар предок на две нозе австралопитекус, потоа човекот мајстор или хомо хабилис, исправениот човек или хомо еректус (го пронашол огнот), (тука има уште еден хомо, не ми текнува сеа како се викаше), па хомо сапиенс, и денешен модерен човек или хомо сапиенс сапиенс.
И не заборавајте дека имало и втора врста на човек, хомо неандерталис, кој изумрел едноставно затоа што бил надвладеан од хомо сапиенс, чие што најголемо оружје била способноста да комуницира и да основа големи заедници.
Нема ништо мистериозно во нашот постанок, а ако мислите на исчезнатата алка во Дарвиновата теорија, неа ја пронајдоа пред неколку години, така да, тоа е тоа, mistery solved.
Богами мене навистина ми е мистерија како при толку хомо(си) во целата евулутивна гранка на човекот сеуште постои како вид на планетава,
 
Богами мене навистина ми е мистерија како при толку хомо(си) во целата евулутивна гранка на човекот сеуште постои како вид на планетава,

ХАХА е да, у право си, тоа е сеуште неразјаснето, све хомоси упм :D
 
Абе луге па самиот Дарвин е креација на истите тие луге што го спонзорирале неговиот научен труд,оние што му овозможиле воопшто цветска јавна сцена да презентира и докажува трудови.Знаењето е строго контролирана работа и како се останато е во рацете на финансиските моќници,така било и така ќе биде,а нас ни останува да пливаме меѓу редови.

Дарвин е најпромовираниот индивидуалец од својата бранша, имало и ред други пред него. Плус, денешната клопка еволутивни модели само црпат основа на неговите теории. Ниту неговите, нити денешните теории за оваа тематика се докажани од низа сплетки со кои се бафта научниот колегиум глобално во однос на докажување на некаква теза. Во тоа време немало баш зелено светло за ваква бомба од контраверзија во научно руво, напротив. Но ете, му се посреќило барем првичниот бум да го слушнат доволно луѓе, да почне да циркулира целата работа, за да се создаде snowball ефект и на крај да стане општо прифатена теорија за појава и развиток на комплексните организми на планетава.
 
Најлогична теорија е дека сме хибриди од вонземјанска раса со можно помешување на животинскиот свет од оваа планета . :)
 
Најлогична теорија е дека сме хибриди од вонземјанска раса со можно помешување на животинскиот свет од оваа планета . :)
Тука некаде е вистината.Во оваа комбинација може да влезе и еволуцијата ама не како земјин ами како меѓупланетарен,меќуцивилизациски циклус ...
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom