Е вака. Прво Јанко не е политичар или доктор на науки за да мора да знае се туку повеќе е шоумен кој се труди и сериозните работи да ги направи поинтересни и провокативни за гледање. Да точно е дека нема појма баш од се, ама и не треба да има, неговата емисија ја водат граѓаните и луѓето кои му гостуваат, и стварно меѓу многу од тие пациенти има и некои убави работи и позитивни луѓе од кои можеш многу да научиш. Јанко го слушам уште од 103-ка, и стварно типот е луд, ама и доста реален. Никој не ни е крив што живееме у едно општество со еден куп неписмени имбецили, пациенти и малоумни луѓе кои незнаат ни да мислат со главите а камо ли да кажат нешто паметно. Разликата е тоа што Јанко стварно има гз за да ги поплука и изремети јавно тие таквите и не се замара многу со некакви идеологии. Тој си има свој начин и тоа е тоа, ама тоа и го прави интересен за гледање за разлика од многу други ТВ фаци кои само климаат со глава и незнам какви бумбари даваат и викаат само да, не и фала пријатно. Сепак го пратам од дамна и можам да кажам и дека има познавање и од многу општи работи но не се замара да биде премногу официјален, туку повеќе е природен, опуштен и другарски расположен. По природа е многу космополит и позитивен и голем оптимист, и затоа не ги сака луѓето со негативни ставови и песимистите, и оние кои само знаат да критикуваат и плукаат по други. Повеќе го интересира музиката, спортот, интернетот и забавните работи. Понекогаш стварно и знае да претера, али јеби га, и мене би ми пукнал филм од некои пациенти. Но за тоа дека има кредибилитет и почитување за тоа што го прави е бројноста на гледачите, а уште повеќе тоа што скоро сите институции, политички партии и значајни јавни фаци, се раководат према неговата емисија и токму мислењата во неговата емисија ги зимаат за валидни. Стално ке има такви кои што не го почитуваат и мразат, али тоа е демократија, кој како сака, и на крај краева како што он вика, смени канал ако не ти се допаѓа.
Риспект до сите.