Мирисот и привлекувањето...

  • Креатор на темата Креатор на темата асфалт
  • Време на започнување Време на започнување
I toa kako mi e bitno da mirisa dobro .Sakam sredeni mazi i dobro namirisani ,parfemot znae da bide dobar afrodizijak.
 
Колку само безвезален и ирелевантен фактор.


Колку само ВАЖЕН фактор е мирисот... Не дека е пресуден ама сепак...

Не знам, барем кај мене миризот игра извонредно важна улога... Уште ако се погоди по мој вкус (што и не е толку тешко, зашто обожавам машки парфеми :))) )... е дури тогаш ќе биде што ќе биде... :)))
 
некои машки парфеми се како опојна дрога што просто нте опиваат со мирисот многу сакам машки кои користат добри парфеми
 
Колку само ВАЖЕН фактор е мирисот... Не дека е пресуден ама сепак...

Не знам, барем кај мене миризот игра извонредно важна улога... Уште ако се погоди по мој вкус (што и не е толку тешко, зашто обожавам машки парфеми :))) )... е дури тогаш ќе биде што ќе биде... :)))

Нормално дека и мене не ми е прифатливо од неа да просперира радиоактивна реа на одвратност, ама воопшто не ми пречи и да не користи дезедоранс, парфем или било шо.
Тотално ирелевантен фактор ми е.

На мирисот не посветувам внимание, со исклучок на фактот дека продира низ ноздрите и дека морам да го осетам, и би дал и комплимент за пријатниот мирис, ама мојот став веќе го укажав.
Јбг, не сум таков тип.
 
Колку ве привлекува миризбата кај вашиот партнер...
-колку можеби е таа пресудна за вечерта да си ПОМИНЕТЕ УБАВО...

Убав парфем на случаен минувач или познаник буквално ме влече за нос, одам до тој степен што душкам непознати или се нурнувам во нечиј врат само за да го осетам мирисот подобро.

Женски мириси донекаде и ме палат :pos: или барем ќе ме натераат да се запознаам со дотичната за да дознаам каков парфем користи, па да можам да си го купам :)

Но, кога се работи за партнерот претпочитам да е или дискретно нанесен или воопшто да не користи. Преферирам природни мириси или евентуално мирисот на сапун и антиперспирантен дезодоранс. Секој човек има сопствен мирисот кој го прави посебен. А партнерот е нешто посебно и не сакам секој пат кога ќе му се доближам да го сеќавам мирисот на професорот по математика/шефот/бившиот/татко ми или било кој. Кога веќе двајца го користат истиот парфем, губи на уникатност и мирисот и личноста.

Миризбата за како ќе помине вечерта би била пресудна само доколку е непријатна, во секој друг случај е ирелевантна.
 
Колку само безвезален и ирелевантен фактор.

Мажи.:nesvest:

Туку мене мирисот ми е еден од најважните детали поради кои можам општо да забележам некого, па и да го засакам или замразам - буквално. Би поминала преку неписмено однесување од трема (во случај да сака некој непознат човек да ми се приближи), но не и преку немирисање. Немирисање бе:pos2:
А партнерот ... исто така. Баталете природни мириси и слични работи. Ако не ми мириса убаво, тешко дека ќе си помине убаво.:toe: Не за друго, ама немам поголема опсесија од ова. Што да правам ... сите луѓе се зависни од нешто, а јас сум од убави мириси, мои, на партнерот и на луѓето општо.:toe::pipi:
 
Мажи.:nesvest:

Туку мене мирисот ми е еден од најважните детали поради кои можам општо да забележам некого, па и да го засакам или замразам - буквално.

Дискриминатору!

Сигурно не би ти било пријатно ја да го цитирам целиот твој пост и да напишам

Жени... :uvo:

Субјективна гледна точка и пред се се, став.
Како шо ти имаш сопствен, иако е спротивен.
 
Ммм, добро, сеа некој ќе мисли дека сум сноб или нешто. Кој ме знае знае дека обожавам Ервејс мастики и парфеми. Сакам убави мириси, сакам луѓе што мирисаат убаво. Значи кога ќе речам убаво не значи тоа парфем, може да е мирисот на детергентот што го користат, може да е мирисот од шампонот, само да е убав мирис. И мнооогу ми е привлечен убавиот мирис и секако одбивен лошиот мирис. Ма не знам какви очи, фаца и тело да има, ако мириса на цигари, на пот или, не дај Боже, измешано - ноу веј, ноу хау, си ја! :)
 
Има нешто што може да ме излуди до крајна мерка. Мирисот на неа...Но само ако е погоден. Во комбинација на дискретноставен парфем (да не се шири како чума туку да стои само на неа.)...
 
Мажи.:nesvest:

Туку мене мирисот ми е еден од најважните детали поради кои можам општо да забележам некого, па и да го засакам или замразам - буквално. Би поминала преку неписмено однесување од трема (во случај да сака некој непознат човек да ми се приближи), но не и преку немирисање. Немирисање бе:pos2:
А партнерот ... исто така. Баталете природни мириси и слични работи. Ако не ми мириса убаво, тешко дека ќе си помине убаво.:toe: Не за друго, ама немам поголема опсесија од ова. Што да правам ... сите луѓе се зависни од нешто, а јас сум од убави мириси, мои, на партнерот и на луѓето општо.:toe::pipi:

Јас сум женско па користењето парфем исто го сметам за ирелевантно, кога се работи за партнерот. И сама често одбивам да ставам парфем. Како што ти си зависна има и луѓе кои не поднесуваат парфеми или не користат од ред други причини. И од каде констатацијата дека само намирисани луѓе мирисаат убаво?
 
Дискриминатору!

Сигурно не би ти било пријатно ја да го цитирам целиот твој пост и да напишам

Жени... :uvo:

Субјективна гледна точка и пред се се, став.
Како шо ти имаш сопствен, иако е спротивен.
Е арно де, смири се. Реков така дека поголем е бројот на жени кои цепидлачат со такви работи отколку мажи. Твојот пост ми дојде како доказ за тоа. Да не треба да се извинам за да престанеш да се маваш по чело?:nesum:

Јас сум женско па користењето парфем исто го сметам за ирелевантно, кога се работи за партнерот. И сама често одбивам да ставам парфем. Како што ти си зависна има и луѓе кои не поднесуваат парфеми или не користат од ред други причини. И од каде констатацијата дека само намирисани луѓе мирисаат убаво?
Е па јас сум твојот контраст. Ако не ставам парфем, дезодоранс, стикче или млеко за тело - неможам да дишам. Ваљда затоа очекувам и партнерот да има таква особина... покрај пријатниот мирис, со тоа некако ми се остава впечаток дека човекот се грижи за себе. Мој проблем.:toe:
Туку за болдираното ... а како може да мирисаат ненамирисани луѓе? Или неутрално со бледи траги од гелот или сапунот за туширање или и тоа избледело па почнува да владее непријатна миризба. Тоа јас не го поднесувам. Не верувам и не знам за тоа дека кожата сама по себе може да дава некој убав мирис. Значи не никаков ... за убав зборувам, како тој што се добива од одговарајучи нанесен парфем.:vozbud:
Леле зборов ... Одговарајучи!:pos2:
 
Е арно де, смири се. Реков така дека поголем е бројот на жени кои цепидлачат со такви работи отколку мажи. Твојот пост ми дојде како доказ за тоа. Да не треба да се извинам за да престанеш да се маваш по чело?:nesum:

Удирањето по чело, беше во контекст на иронијата која ја посочував со тоа ''Жени""...
А, не од причина шо се нервирам или некои такви глупости.
 
Е па јас сум твојот контраст. Ако не ставам парфем, дезодоранс, стикче или млеко за тело - неможам да дишам. Ваљда затоа очекувам и партнерот да има таква особина... покрај пријатниот мирис, со тоа некако ми се остава впечаток дека човекот се грижи за себе. Мој проблем.:toe:

Со млекото за тело или стикот се мирисаш? Испуштаат миризба, да, но не си ги ставила со таа намена, мешаш лична хигиена и грижа за телото со користење парфем.

Туку за болдираното ... а како може да мирисаат ненамирисани луѓе? Или неутрално со бледи траги од гелот или сапунот за туширање или и тоа избледело па почнува да владее непријатна миризба. Тоа јас не го поднесувам. Не верувам и не знам за тоа дека кожата сама по себе може да дава некој убав мирис. Значи не никаков ... за убав зборувам, како тој што се добива од одговарајучи нанесен парфем.:vozbud:
Леле зборов ... Одговарајучи!:pos2:

Ако одржуваш хигиена нема зошто да се јави непријатна миризба.

Убавиот мирис не се добива само од парфемот, зависи од начинот на кој ќе го нанесеш, од кожата, исхраната....
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom