mIRC (oфицијална тема)

  • Креатор на темата Креатор на темата Cico
  • Време на започнување Време на започнување
Секако дека се користи само што има повеќе ботови и bouncer-и отколку луѓе пред пц :helou:
 
Порано и играв само квизови на него:)
 
Пред еден месец ми текна на мИРЦ-от и си го симнав да видам што како се дешава таму :).
И планирам да ми седи, не да го користам туку да го глеам и да се потсеќам какви се глупости сум правел на мИРЦ :)
 
На мирц не сум седнал 3-4 години .... глупо ми е некако
 
Аууу на времињата кога од сабајле до вечер бев на Мирц. Тоа беше пред едно 3-4 години кога ми ставја Интернет мислев дкеа ништо поинтересно отколку мирцот. А после тоа некако отупе и тоа и сега не памтам од кога немам седнато на Мирц.
 
Их, мирц закон работа, едно време користев пред 5-6 години , па акцеси канали регистрирање, канење луѓе, правење ботови за квизови, заебанции, интересен период у мојот живот : )
 
Половинава овде глеам мирц го пишуваат. То е ИРЦ, мИРЦ е само ИРЦ клиент. Најпознат. Го користев ИРЦ за чит чат. Сега само понекогаш за да побарам помош за нешто. пример сите овие големиве опен сорс (линукс, фајрфокс, опен офис итн.) програми имаат свој канал на irc.freenode.org.
 
Мојот прв контакт со интернетот беше преку мирцот, ехехе уште кога бев средно пред некои 6-7 години. Откога ми се здосадија тие чат муабети преминав на квизовите, а во последно време да не речам 2-3 години не сум го чепнала (ми стоеше инсталиран на компјутеров пред некое време, ама го избришав, само место ми зафаќаше :) )
 
уууу одамна неам мИрцано...хехехех

офф:синот го прашува таткото-Тато,стварно од интернетот и мирцот (четот) се затупува???
таткото:-омфг!!!втф???лол!!!
 
не користам сеа,а порано да.........сме мирцале ехее,редовно:pos2:
 
Порано по цел ден бев на мирц сега го немам ни на копјутерот..
 
Уф ми останаа командите во сеќавање иако влегувам во една недела по еднаш, но сепак не се забораваа тие интересни моменти посебно на dial-up. Штета што и таа мрежа полека замира.
 
Mи стои иконата на десктоп ..али никако да уклучам ,отиде мирцот у заборав
 
Ауу да, порано повеќе одев на мирц, сеа така помалце. Ама прво ми беше интересно поради asl pls, brb, gtg термините.. сега тапа ми е..
 
Колку сум седела на мирц порано.. Мислев тоа е најдоброто од интернетот:) Сега го немам инсталирано, глупо ми стана:)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom