Минато или иднина?

  • Креатор на темата Креатор на темата Димитар
  • Време на започнување Време на започнување

Каде би заминале?


  • Вкупно гласачи
    206
Од анкетата сте требале да ставите добро ми е сега и ја чекам иднината. Зошто ни сакам да се вратам во минато ја знам сегашноста, а многу сакам да знам што ќе дојде.
 
живеам во сегашноста, секој ден е посебен...не се умарам за тоа што било или што ќе биде...
 
Супер ми е !!!!!!!!!!
и не се мрдам од сегашноста:vozbud:
 
Минато .
Поминало , зашто да се потсеќаме на нешто кое е веќе завршено ?
Иднина.
Следува , зашто да го знаеме следниот чекор кој што може да предизвика толкава возбуда?

Сегашност.
Таму живеам , таму припаѓам . Од таму не се мрдам
 
Па би се вратила во минатото за да видам некои слики од тогаш кои не сакам да ги заборавам никогаш и ќе ги паметам засекогаш!А не би заминала во иднината затоа што не знам и не сум подготвена да знам каква ми е судбината!
 
во иднината би отишла,ама не во мнооогу далечна иднина.....минатото ми е убаво ама не би се враќала,сега минам малце низ не толку добар период...а следува еден одличен така да едвај чекам до него да стигнам:pipi:
 
Би се вратила во минатото...да и кажам, и да ја прашам една особа многу работи...па макар и повторно да ја доживеам болката од нејзината загуба.
 
БИ отишла во иднината ако имам можност да останам таму, да скокнам еден дел од животов. А ако треба да се враќам пак тука и сега би отишла во минатото барем да се обидам да ги поправам грешките и да задржам личност што неодамна ја изгубив а страшно ми значи.
 
Во иднината, ама не далечна туку во блиска иднина, 4-5-6 години... да видам кај би се нашол јас и сите околу мене. А минатото, колку што сакам да се вратам, толку и не сакам.
 
Минато. Слушање касети од Бекстрит Бојс,играње баскет у маало, секој ден си се повисок и полесно ја дофаќаш домачицата шо е на највисоката полица, потсетува на пиење ластици од маалскиот мудрец зашо на неговото прашање коа ќе пораснеш која жена ќе ја избереш таа со големи цицки или богатата ти викаш таа со големите цицки, играш флипери, се тепаш за секоја ебана ситница шо те нервира...
Иднина ,мириса на деца шо кењаат за малиот џепарац, жена шо кења за немање пари за нов фустан, внуци шо ти маваат рекет, искомплексиран шеф шо ќе го трпиш на работа, болни родители и нападни роднини(добро овие последните цел живот ме пратат). Гласам за минатото. И да признавам дека тука ми е најцрното сценарио за иднината.
 
Да имам таква тајм машин, би се вратила во прва година средно, секако свесна за тоа што веќе ми се случува, и би ја поправила најголемата грешка во мојот живот поради која ја изгубив најдрагата и најблиската личност досега... Не жалам за ништо во животот, и во ниеден момент не сум се покајала за нешто што сум направила.. освен за таа кобна грешка. Е ама не постои временска машина за да се вратам и да ја избегнам таа работа, затоа со тек на време ќе пробувам да ја исправам..
 
Не размислувам за работи кои не постојат. Утре е дури утре.
 
Би дала се да се вратам 1 год назад и да ги поправам грешките што ги направив.Грешки поради кои се каам многу и ми го сменија животот.
 
bi se vratila vo minatoto za da preziveam povtorno edi prekrasni migovi...no bi sakala i eden let do idninata od pusta ljubopitnost da vidam do kaj se rabotite novo-staro :P
 
Добро ми е сега, не мрдам!:toe:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom