Милано

  • Креатор на темата Креатор на темата Forza Milan!!!
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
1 јуни 2011
Мислења
25.932
Поени од реакции
41.916
Милано е еден од најголемите градови на Италија и се смета за главен град на северна Италија. Лоциран е во рамнината Ломбардија, во близина на реката По. Населението на урбаната зонаоколу градот, што е всушност јадрото на Ломбардија, е проценето на 4.280.820 жители. Милано е еден од најразвиените урбани центри во Европа.Срцето на градот е огромната катедрала во неоготски стил Дуомо, која станала светски позната од филмот на Федерико Фелини „Чудото во Милано“ висока 108 метри, а долга е 158 метри. Во непосредна близина на Дуомо е и замокот Сфорца. Во моментот таму има галерија на науката. Милано е познат и по Ла Скала еден од најпознатите оперски театри. Ломбардската метропола е позната по модните куќи и продавници (како, на пример, оние на виа Монтенаполеоне) и Галерија Виторио Емануеле на Пјаца Дуомо, која е изградена во форма на крст со застаклени тавани, и има репутација на најстар трговски центар во светот.
milano.jpgmilano-como-italy-11584_1.jpgparco-Sempione.jpgsanta_maria_delle_grazie_Leonardo_da_vinci.jpg99528-050-12E8C788.jpg5230914.jpg49653838.jpg1158006166.jpgbunker-piazza-duomo-milano.jpgCastello_Sforzesco,_Milan.jpgduomo.jpgFieraRhoMilano1.jpgfl_Milan_Galleria_Vittorio_Emanuele_II_Inside.JPGIMG_2238edited.jpgItaly_221_2001_1126_015.JPGITALY_MILANO_NAVIGLI.jpgmilan-014.jpg3086990.jpg
 
Го посетив пред точно еден месец.Прекрасен град,навистина е метропола,едноставно не се опишува со зборови тоа што Милано го има.Се што ќе видите ве остава со отворена уста,се е така грандиозно,гордо и прекрасно.Единствено ме нервираат многуте преваранти таму,значи можете да налетате буквално на секој чекор на некој кој прво е културен и љубезен само заради некаква подршка за борба против дрогата на пр. и откако ќе се потпишете таа подршка станува донација од минимум 5 евра.Криво ми е само што не го посетив стадионот Сан Сиро инаку другото ми остави убаво впечаток:)
 
Цените во Галеријата се... :D Прекрасен град, камо и кај нас да беше се така плански изработено.
 
Тие слики шо ги имаш објавено да оти се убави.. Ама да видеш околу Централната Железничка какво е, ке се разочараш... btw, ја некои слики од мене шо ги имам сликано коо сум бил таму :D

Il Duomo внатре...
OgIl.jpg


Галеријата Vittorio Emanuele II однадвор
4RgkX.jpg


...внатре...
G3jUT.jpg


и за крај слика од Il Duomo...
4iJg.jpg


Bonus:
:pipi:
 
за 250 евра нова годинка на Доумо пред замокот Сфорца ах ах како во сон тие 5 дена, кој не би посакал да иде :love:
--- надополнето: Nov 24, 2011 11:09 PM ---
Подобар изглед на II Doumo
Il duomo inside.jpg
:pos:
Milan train station.jpg
 
Батали тоа, само тука еднаш да присуствувам да видам и да ја почуствувам атмосферата не ми треба градот :icon_lol:

Wdrm6.jpg
 
Градот преубав, но градот-прескап (како што ми имаат кажано тие што биле). Град на модата, би отишол на една прошетка во иднина сигурно, може и ако се потсобере малку повеќе пари и да се купи некоја облека, патика итн. Мора да се посети, лиги ми направивте со овие слики.... :D
 
Со тоа шо сакаш оде и посета на овоа :icon_lol: Нека ми извинат комшиите за оваа слика, може и они тука да си стават сликичка од нивната база. :pos: :P
27Aprile2011VisitaAMilanello.jpg
 
Од тоа што успеав да го видам во Италија Милано ми остави најслаб впечаток, иако беше најголем град што го посетив. Навистина за толкав град и нема што да се види со оглед на тоа што во Италија и најмалите градчиња се прекрасни.
Е сега секако за вкусови не се расправа особено оние што имат вишок пари и се љубители на шопинг ќе си го најдат есапот во Милано, јас мојот есап во Италија го најдов во Џенова и Венеција.
 
Батали тоа, само тука еднаш да присуствувам да видам и да ја почуствувам атмосферата не ми треба градот :icon_lol:

Wdrm6.jpg
Бев 2008 во Милано неколку дена, градот е убав(centro storico) и има многу да се види и посети(слично трчање и лупање како низ Рим, да речиме) . Покрај историските артефакти и градби итн., Милано е сепак индустриски град од една страна од друга класика италијанско-шминкерска(via Montenapoleone, на пример).
Бев и на натпревар од лигата на шампионите, за жал Милан изгуби тогаш, немаше баш славје. Посебна е атмосферата на Сан Сиро ,целосниот впечаток-вистина гранде, но не бев баш импресиониран од тифозите, не знам што беше работата но не беа во форма во текот на цел натпревар, уште пред да ги прими Милан головите. Од спротива беа пак англичани , само тие се слушаа.
 
Милано од секогаш сум сакала да го посетам, но кога правам избор за патување, секогаш го оставам на страна као ај следниот пат и така никогаш не сум била :)
А изгледа преубаво, впрочем како и цела Италија. Но сепак мислам дека Рим е на пиедесталот.
 
Милано од секогаш сум сакала да го посетам, но кога правам избор за патување, секогаш го оставам на страна као ај следниот пат и така никогаш не сум била :)
А изгледа преубаво, впрочем како и цела Италија. Но сепак мислам дека Рим е на пиедесталот.

Tука се со Фиренца :)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom