- Член од
- 20 јули 2014
- Мислења
- 3.424
- Поени од реакции
- 9.316
Турција ќе помогне со бегалците. И ќе добие 3 милијарди евра.



Договорено: Турција ќе помогне со бегалците, а ќе добие 3 милијарди евра и обновени преговори за членство
Лидерите на ЕУ и на Турција постигнаа договор за акциониот план според кој Турција ќе добие финансиска помош од три милијарди евра, а за возврат ќе помогне да се запре бранот бегалци и емигранти кон Европа.
Тоа е дел од еден поширок договор, кој вклучува и заживување на турските преговори за членство.
Средбата со Турција беше одржана во необичен формат, бидејќи Унијата на самити со трети земји обично ја претставуваат претседателите на нејзините институции, Европскиот совет и Комисијата. Овојпат на состанокот присуствуваа лидерите на сите земји-членки, што покажува колку Турција ѝ е важна на ЕУ за справување со бегалската криза.
Во заедничката изјава усвоена на средбата се вели дека двете страни ќе продолжат да одржуваат „редовни самити двапати годишно“. Се додава дека тие самити ќе бидат во „соодветен формат“, што може да значи дека тоа не мора да биде на највисоко ниво. Во секој случај, необично е ЕУ да одржува самити со земја-кандидат за членство.
ЕУ, од своја страна, ѝ ветила на Турција 3 милијарди евра помош за полесно да се справи со бегалскиот товар. Половина милијарда треба да бидат обезбедени од буџетот на ЕУ, а другите 2,5 милијарди предвидено е да ги дадат земјите-членки.
Во заедничката изјава потврдено е дека Турција кон средината на следниот месец ќе ги почне преговорите за поглавјето Економска и монетарна унија, кое ќе биде првото поглавје што се отвора по ноември 2013 година. Во соопштението исто така се вели и дека Комисијата во првото тримесечие од следната година ќе ги изврши подготовките за отворање на поголем број поглавја, а дали тие ќе бидат отворени ќе одлучат земјите-членки.
Договорот вклучува и забрзан процес за укинување на визите. Турција за возврат ќе мора до јуни следната година да ги спроведе договорите за реадмисија, што значи дека ќе ги враќа сите мигранти што немаат право на меѓународна заштита во нивните земји на потекло. Ако Турција го почитува тоа, ЕУ во октомври ќе ги укине визите за турските граѓани.