MiG-41 наследникот на MiG-31

Zoran MKD

Мијак на квадрат.
Член од
11 септември 2010
Мислења
2.020
Поени од реакции
1.019
MIG-41 насленикот на MIG-31
Веројатно чудовиште со рамџет мотори турбовентилаторските наводно лимите им е 3,3 маха!

Сегоднја, 28 февралја, представитель комитета Государственној думы по обороне депутат Александр Тарнаев сообштил, что новыј самолет МиГ-41 создадут на базе устаревшего истребителја-перехватчика МиГ-31

"Соответствујуштее решение принјато начальником Генерального штаба, он уже подписал документ о проведении научно-исследовательској работы по МиГ-41", - подчеркнул он, добавив, что новыј МиГ-41 соберет в себе все достоинства самолета.

Кроме того, несколько сотен истребителеј-перехватчиков МиГ-31 после ремонта продолжат "служить" в составе ВВС России.

Самолет МиГ-31, созданныј в 70-х годах 20 века ОКБ-155, - это двухместныј сверхзвуковој всепогодныј истребитель-перехватчик дальнего радиуса дејствија. Его назначение - перехватывать и уничтожать воздушные цели на предельно малых, малых, средних и больших высотах, в простых и сложных метеоусловијах, днем и ночьју.

http://www.aviaport.ru/digest/2014/02/28/276711.html[/quote]
 
fkpromaja

In the Heaven.
Член од
28 јули 2012
Мислења
449
Поени од реакции
255
Добро што знам Руски па го прочитав текстот, и друг пут преведувај мислам дека е подобро за останатите :).

Една од главните работи што ми се свиѓаат кај Руската авијација е тоа што имаат авијација од домашно производство, што може да се види само кај 10тина земји во светот. Второ, Микојан Гуревич (МИГ) според многуте анализи има многу поголеми предности од американските Локид Мартинс, американската војска која е голем ривал на руската во последно време произведе авијација со многу технички грешки, пример Хорнетот не може да лета под услови на немирно време. Но од тука извади дека голем број ќе бидат во резерва од овие авиони 41, затоа што 30ките се уште во голема предност над ривалските воено авијатичарски производители.
 
Zoran MKD

Мијак на квадрат.
Член од
11 септември 2010
Мислења
2.020
Поени од реакции
1.019
Koj del ne go razbra , me biva z aprevod ali dodeka ;itam ama sum teshka mrza pa me mrzi da go tipkam.
Usput brzinat akoja ke ja [postigne avionov e na nivo na brzina na segashni raketi v-v so shto li ke se soboruvaat megu sebe lovcive.
Popatno nekoj veli ova e odgovorot na SR-72 AURORA.
 
fkpromaja

In the Heaven.
Член од
28 јули 2012
Мислења
449
Поени од реакции
255
Разбрав се во текстот, туку другите да не разберат...Дали има некој информации дали авионов ќе биде домашно деклариран или ќе се продава и во странство?
 
Член од
2 јули 2010
Мислења
4.626
Поени од реакции
5.677
Разбрав се во текстот, туку другите да не разберат...Дали има некој информации дали авионов ќе биде домашно деклариран или ќе се продава и во странство?
Авионот е тек вчера најавен а ти очекуваш детални информации. Миг 31 не е извезуван па најверојатно нема ни овој. Иначе авионов ќе биде ист како миг 31 на изглед, само со нови мотори и авионики.
 
Има ситуации во кој се знае дали ќе биде домашно деклариран или не. Благодарам на информациите.
 
Zoran MKD

Мијак на квадрат.
Член од
11 септември 2010
Мислења
2.020
Поени од реакции
1.019
Разбрав се во текстот, туку другите да не разберат...Дали има некој информации дали авионов ќе биде домашно деклариран или ќе се продава и во странство?
Мило ми е што си разбрал
МИГ-31 е аир супериорити авион и е конструиранво 1978 и го нема никој вон СССР бивша ( или освен Русија мислам дека го има Казхстан и толку овер ане енде.
За новов не се ни сомневам дека ке гопоседува само Русија.[DOUBLEPOST=1393965727][/DOUBLEPOST]
Има ситуации во кој се знае дали ќе биде домашно деклариран или не. Благодарам на информациите.
Се знае бе брат никој нема да го има исто како и Рапторот правене за УСА и никој повеке , АВстралија и е најблизок сојузник на Америка плаче за Раптори ама и продоа Ф-18 супер хорнет.
 
Hiryu

H+
Член од
5 мај 2013
Мислења
674
Поени од реакции
846
Добро што знам Руски па го прочитав текстот, и друг пут преведувај мислам дека е подобро за останатите :).

Една од главните работи што ми се свиѓаат кај Руската авијација е тоа што имаат авијација од домашно производство, што може да се види само кај 10тина земји во светот. Второ, Микојан Гуревич (МИГ) според многуте анализи има многу поголеми предности од американските Локид Мартинс, американската војска која е голем ривал на руската во последно време произведе авијација со многу технички грешки, пример Хорнетот не може да лета под услови на немирно време. Но од тука извади дека голем број ќе бидат во резерва од овие авиони 41, затоа што 30ките се уште во голема предност над ривалските воено авијатичарски производители.
\
Кој тоа така те лаже??

Хорнет дури има и т.н Е верзија за Електронска борба и не е за споредба со МИГ-31 бидејќи е мултирол исто така не е за споредба со цртежот погоре.

Австралиските Хорнети се патем едни од најнапредните и има модели кои не користат топ-туку DEW па така со еден погодок соборува СЕ.

Колку за инфо Боинг има најголема фабрика за Авиони додека пак и Локхид Мартин не е за запоставување.

Ова ќе биде само прототип како Беркут-от бидејќи потсетете се СУ Т-50 е Руско-Индискиот JSF.

Рака насрце МИГ-25 лично повеќе ми се допаѓа од 31 но реално Русија само што успеа да стави голем процент од авијацијата во оператива, дел кој до 1998 скапуваше а се ослободија средства со редукцијата на силите најмногу жива сила така да не наоѓам причина за игра во Серија на 41.

Што се однесува за технички грешки рапторот ги има повеќе.
 
Моја грешка, наместо Хорнет се работи за Лајтнингот... Тој авион неможе и не е оспособен да лета во услови на грмотевица. Целта не беше во споредбата на американските авиони со руските, туку доказ дека руската авијација произведува многу понапредни авиони од американската.
 
Член од
26 септември 2012
Мислења
6.677
Поени од реакции
4.758

мислењето останува лично твое,додека американската авијација се докажува насекаде во светот,руската стои на експериментални проекти,голема тајна е што може да направи руската авијација,дали е тоа предност или мана не може никој да каже од нас,единствено кога ќе почне руската авијација да дејствува ќе се види кој што има во предност.
 
Hiryu

H+
Член од
5 мај 2013
Мислења
674
Поени од реакции
846
Моја грешка, наместо Хорнет се работи за Лајтнингот... Тој авион неможе и не е оспособен да лета во услови на грмотевица. Целта не беше во споредбата на американските авиони со руските, туку доказ дека руската авијација произведува многу понапредни авиони од американската.

Подобри во ШТО???

Пријателе САД со У-2 летаа над СССР и сликаа и знаеа како СССР ДИШЕ додека пресретнувачите се гушеа неможејќи да достигнат висина.

Понатаму СР-71 со Рамџет(и една верзија со оружје) летала се ова напредни техничко технолошки многу многу напред пред тогашен СССР(поради затвореност и изолација па така и на технологија, кадар и Know How).

Прерходно Корона програмот(сателит).

А ти сега за еден авион кој има проблеми при невреме(а СЕКОЈ авион има) да речеш и Фалкони, и Хорнети и Еурофајтер нечинат мислам дека е некоректно.

Тоа е исто како јас да речам ете СУ30 пред да полета требаат пет-7 минути да се загрее па да полета и сега на база на ОВА да констатирам дека Бирото Сухој или Мигојан не ги бива.(инаку Јапонците имале проблем со загревање но вбризгувале директно топло моторно улје па потоа катапулт и акција.
 
Zoran MKD

Мијак на квадрат.
Член од
11 септември 2010
Мислења
2.020
Поени од реакции
1.019
Novosti za MiG-41

http://mk.rbth.com/science/2016/01/18/rusija-konstruira-hipersonichen-lovec-presretnuvach_560427

Русија конструира хиперсоничен ловец-пресретнувач
18 јануари 2016 г. Вадим Матвеев
Руската корпорација „МиГ“ пристапи кон изградба на ново летало кое треба да го замени МиГ-31 и неговите разни модификации. Најновиот ловец-пресретнувач носи работен наслов МиГ-41, наменет е за извршување на задачите на ПВО, развива речиси хиперсонична брзина, а руската армија ќе го добие по 2020 година.

Кон крајот на декември 2015 година директорот на корпорацијата „МиГ“ Сергеј Коротков за новинарите изјави дека „најновиот авијатички комплекс кој му доаѓа на замена на легендарниот пресретнувач, ќе биде користен врз основа на современите принципи за производство на авиони и од нови материјали“. Во моментов се работи на дизајнот на новото летало.

Проектот за конструирање нов пресретнувач беше започнат на почетокот на 2014 година. Тогаш претставникот на комитетот за одбрана на Државната дума на РФ, пратеникот Александар Тарнаев, соопшти дека е потпишан соодветен документ за изведување научно-истражувачки и надгледно-конструкторски работи на ловецот-пресретнувач МиГ-41.

За овој авион не се знае речиси ништо. Според командантот на Военокосмичките трупи на РФ Виктор Бондарев, планирано е новиот ловец-пресретнувач да биде готов до 2020 година. Пробниот пилот Анатолиј Квочур претпоставува дека новиот авион ќе ги поседува сите најдобри особини од претходниот МиГ-31, но дека ќе развива значително поголема брзина, над 4 маха. „Ваквата модернизација требаше да се реализира уште пред 20 години. Но, тогаш тоа не се случи и затоа сега барањата се поголеми. Сега новиот модел, меѓу другото, треба да развива брзина од 4 до 4.3 маха (околу 4.248 километри на час – заб. ред.)“, изјавува пилотот во интервју за новинската агенција РИА Новости.

Во работата над хиперсоничниот пресретнувач МиГ-41 се користат проектите што се започнати ушпте во деведесеттите години од минатиот век со ознака 301 и 321. Од друга страна, надгледно-конструкторското биро „Сухој“ на сопствена иницијатива конструира евтина варијанта на пресретнувач кој би развивал брзина од 2.500 до 2.700 километри на час. Со оглед на конкуренцијата, претставниците на индустријата и на воениот ресор треба да се договорат за тоа кој од споменатите проекти е поисплатлив.

Засега истовременото конструирање слични модели на марките „Су“ и „МиГ“ во извесна смисла потсетува на ситуацијата од седумдесеттите години од минатиот век кога се работеше на јуришните авиони Ту-22М и Т-4. Вториов не влезе во сериско производство поради високата цена и поради отежнатото опслужување.

МиГ-31 и понатаму е основа на авијацијата на ПВО на Военокосмичките трупи на Руската Федерација. Сега во тек е планска модернизација на определен број ловци-пресретнувачи која е насочена кон подобрување на нивните борбени карактерситики. Авионите од типот МиГ-31 кои во моментов се модернизираат (и кои понатаму ќе ја носат ознаката МиГ-31БМ) добиваат нова авиника, ново вооружување и радарска опрема. Така МиГ-31БМ ќе биде 2.6 пати поефикасен од основниот модел МиГ-31.

Авијатичкиот полк кој е базиран на воениот аердром „Центраљнаја Угловаја“ кај Владивосток веќе во декември 2015 година ги доби првите три модернизирани апарати МиГ-31БМ. Во 2016 година планирано е во целост да се обнови авиопаркот на целиот полк, односно сегашните авиони Су-27 СМ и МиГ-31 да бидат заменети со нови летала МиГ-31БМ. Модернизираниот модел ќе се користи во руската армија до 2028 година кога ќе биде целосно заменет со најмодерните пресретнувачи МиГ-41.

Авторските права на материјалите се во сопственост на редакцијата. При објавувањето на материјали од порталот „Руска реч на македонски“ во друг медиум, задолжително треба да се постави активен линк кон страницата од која е преземен текстот.
 
А

Атлантист

Гостин
4+ маха нека направат прво демонстратор на технологии, далеку е светот од ваков функционален авион па уште оперативен, a ќе го добиела Руската армија 2020. А хиперсоничен би значело 5+ маха, али ајде.

Можеби ќе има некој Миг41 но не ваков како во текстот кој што е пропагандни глупости.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom