Телефони не. Само порачки од помала вредност - часовници, галантерија за телефон, реквизити за спорт...
Али од тоа што имам читано по форуми, ако се работи за телефон докај 100-130 евра можеш да пробаш да го порачаш. Се што е поскапо не ти се исплаќа пошо ќе те теретат давачки од царина, ќе треба да се замараш со нив и сл. И на крај ќе ти излезе (горе-доле) као да си го земал од тука.[DOUBLEPOST=1488460119][/DOUBLEPOST]
Се слагам дека Шаоми е веројатно нешо најдобро што го нуди пазарот за тие пари.
Се '' докопав '' конечно и јас до Редми Ноте 4. Интересно е што досега немав искуство со кинески телефон и немав видено и почувствувано во рака Шаоми воопшто. Ама можам да кажам дека сум пријатно изненаден од дизајн и квалитет. Воопшто не се разликува пример од преценетите модели на Huawei - напротив нуди повеќе за помалку пари.
Уште немав време да го прочепкам 100% али првичниот впечаток е дека сум добил супер телефонче за не така многу пари. Једино батеријата ми ја троши побрзо одошто очекував
( ден, ден и пол во режим кога не го замарам многу) ама ваљда ќе треба да чепкам поставки или слично па и тоа ќе се среди.
Да го поздравам и пофалам
@the_maker кој дури и ми се јави, договоривме све и се ангажираше да добијам попуст, поклон и испорака на телефонот во најкус можен рок.