@Solaire of Astora , Фала ти за исрцпниот одговор. Камерата ми е на последно место на листата кога е во прашање телефон. Најбитни ми се перформансите, батеријата и јузер експириенсот што го нуди телефонот.
Кога се во прашање перфомансите, Ноте 3П го добива лесно на бенч редми 4П иако се работи за верзија од 2гб рам. Едноставно Снап 650 е бест бај, или беше... Ти рече дека си ја користел послабата верзија со МТК процесор, но сепак ако можеш да направиш една компарација кога се во прашање перформансите?
Ова ми е најголем прашалник во врска со телефонов, посебно што редми ноте 3п е за скоро 2000 денари поевтин(цена од хи.мк), што и не е некоја мала разлика, посебно за уреди до 2к еура. Освен сега ако нема редми 4П некој попуст па да дојдат на исто.

Од друга гледна точка редми 4п е во се подобар, посебно во екранот и 2,5D стаклото му дава некој фенси и елегантен изглед. Просто се заљубуваш во него уште на сликите.

Во живо па којзнае каков е филингот во рака. Посебно што е компактен 5 инчен, наспрема циглава. Цел е метален, така?
Не е многу разлика во големината, ама... ама... тоа малку доволно е за поинаква одлука.

Не дека не би земал толкав телефон, ама не ми го прави ептен кејфот, посебно што сум и јас така несмасен, има да го сокршам.
Редми про и сите останати варијации што се над 15К, не ги земам во предвид, кога више е таа цена, подобра опција би ми била галакси с6 на старо. Ако може некој да направи компарација меѓу овие двата или пак да даде насоки и совети за кој од нив би се одлучил он, би бил многу благодарен.