Порано немаше ниту компјутери, ниту интернет, денес се е на интернет и можеш да најдеш се што ти треба, од состави, до магистерски па и ДОКТОРСКИ трудови. A сега, мрзливоста е мојата најголема желба. Никогаш не мислев да се запишам на школо, но се запишав и заглавив. И решив да направам акаунт на Кајгана за да ми напишат состав затоа што мене ме мрзи.
Јас сум лицето на проблемот во Македонија. Моето очекување од системот е да ме храни и издржува додека не умрам. Јас сум израз на паразитска работна етика од причина што не можам да мислам за себе. Замолувам на колена, да бидам бричена и стрижена цел живот од затскриените олигарси кои што ме владеат. Јас сум несвесна за ова заради мојата неспособност за учење. Овој образовен систем ме научи само да памтам и да повторувам, наместо да ме научи да размислувам рационално. Јас сум буквално човечки добиток, кој ниту сега придонесува ниту некогаш ќе придонесе нешто од корист за општеството. И затоа јас пишав тука , не дека барам помош но мрзливоста е дел од мене , свесна сум дека ќе напишете , оти јас барам мислење од народот , а мислењето на народот е секогаш најбитно , оти народот е секогаш во право дури и кога греши. И случајно еден ден се разбудив и почувствував дека сакам да се променам , да бидам нешто во животот , да дадам смисла на своето постоење , се запишав на ФОН. Потоа дојде комшивката и се пофалив дека се запишав на ФОН , бидејќи нешто во мене викаше дека ќе дипломирам , знаев од моментот кога се запишав дури и ми вети ја дека ќе ми ја дадат без проблем . Отидов на првото предавање и најдов еден богат Охриѓанец од Варош и се омажив , факултетот го запоставив , па побогу за што ми е факултет . Маж ми вика дека ќе ми ја купи дипломата да не се тревожам . Сега имам син кој е прво одделение и јас не знам да му напишам состав . Но , заборавив да ви спомнам дека во слободното време, кое го имам многу малку, бидејќи студиите на ФОН се исклучително напорни, пишувам родољубива поезија и по многу непроспиени ноќи поминати со перото во рака ја смислив легендарната рима нација - администрација, која несомнено еден ден ќе се изучува на катедрите по книжевност ширум светот како пример за совршенство во поезијата. Мене идол ми е Деси Николова од Велес која е извонредна поетеса која многу ја задолжи македонската поезија со ова ремек дело:
"ИЗБОРОТ Е МАКЕДОНИЈА!
Еден е патот до успехот
на сите им покажавме,
со дела вредни за народот
НАЈДОБРО се докажавме.
Ние знаеме, ние можеме
преродбата да ја продолжиме,
изборот е Македонија,
за довербата ќе се оддолжиме.
Повисоки плати и пензии,
задоволна администрација,
модерно здравство и образование,
ние сме среќна нација.
Патишта нови изградивме
и многу фабрики се отворија,
со проекти достојни за почит
пишуваме нова историја.
Игралишта за децата,
тие иднината наша се,
грижа за старите лица.
Македонија изборот е.
Со субвенции земјоделството
храбро го стимулираме,
со проекти младите ги мотивираме,
културата со гордост ја афирмираме.
Насмевката на лицата ја вративме
и во светот порака испративме,
еден дом, една држава и името едно е,
ние знаеме, ние можеме-Македонија изборот е!"
Мечтаам еден ден со вашата помош да го научам моето синче како да пишува вакви текстови, но едноставно поради сиве овие проблеми немам време. Уствари малце луѓе разбираат колку е тешко во исто време да си мајка, ученик, член на кајгана, и атлетски трчач. Само замолувам да не бидам исмејувана затоа што е ова многу тежок период, а и за жал е тој дел од месецот. Не би сакале да ме изнервирате. Затоа што ќе дојде ден и вие ќе имате деца, па исто ќе се пронајдете во мојата ситуација и ќе барате помош на разни форуми.
Сите залужени за овој состав добивате превоз со кајче без платно од Канео до пристаниште по цена од 300 денари, и гратис влезница во кој бил кафич од славицине. Најдлабоко од срцето ви благодарам и ве поканувам кајмене нагости да ве угостам со тос и кафе кои ќе ви ги наплатам. Ајт со здравје
КРАЈ. Но не за секогаш бидејќи тогаш се појави нешто што никој не го очекуваше - вонземјаните. Тие и поранешниот лидер на СДСМ, Бранко Црвенковски се обидинија и од толку многу семејства, го избраа баш моето за еден експеримент. Ни пуштија толку многу неиздадени песми од Гулабица што ја изгубивме свеста за пишување на едноставни состави кои би можел да ги склопи и 3 годишно дете со ментално пореметување. Затоа бидете без предрасуди, тежок беше животот одкако пројде ратот во Босна. Со мажот ми баравме решение за тоа како да ја сменеме машината за перење . Стара машина која решивме да им го продадеме на вонземјаните за старо железо , вселенски брод ќе граделе триста чуда што ти знам , затоа ние решивме да бидеме хумани . И мажот некако се снајде со пари и излеговме во град со комшивката . Во еден момент добив желба да купам нова машина за перење но наместо тоа сите пари ги потрошив во шопинг . Му купив и една кошулка на мажот колку да не ми вика демек и колку да се извадам . И кога му реков да ја облече, што да видам. Шпоретот го оставил на тројка. Зарем се остава шпорет на тројка со 33% енергенси вклучени во сметката? Незамисливо. Морав веднаш да му ја соблечам кошулата и да му речам дека не ја заслужил и да ја поклони на Митре. Потоа вецето одекна. ______
офтопик, нека кажде авторката дали е доста, дали ќе може да го научи напамет текстов или да продолжиме?