Порано немаше ниту компјутери, ниту интернет, денес се е на интернет и можеш да најдеш се што ти треба, од состави, до магистерски па и ДОКТОРСКИ трудови. A сега, мрзливоста е мојата најголема желба. Никогаш не мислев да се запишам на школо, но се запишав и заглавив. И решив да направам акаунт на Кајгана за да ми напишат состав затоа што мене ме мрзи.
Јас сум лицето на проблемот во Македонија. Моето очекување од системот е да ме храни и издржува додека не умрам. Јас сум израз на паразитска работна етика од причина што не можам да мислам за себе. Замолувам на колена, да бидам бричена и стрижена цел живот од затскриените олигарси кои што ме владеат. Јас сум несвесна за ова заради мојата неспособност за учење. Овој образовен систем ме научи само да памтам и да повторувам, наместо да ме научи да размислувам рационално. Јас сум буквално човечки добиток, кој ниту сега придонесува ниту некогаш ќе придонесе нешто од корист за општеството. И затоа јас пишав тука , не дека барам помош но мрзливоста е дел од мене , свесна сум дека ќе напишете , оти јас барам мислење од народот , а мислењето на народот е секогаш најбитно , оти народот е секогаш во право дури и кога греши. И случајно еден ден се разбудив и почувствував дека сакам да се променам , да бидам нешто во животот , да дадам смисла на своето постоење , се запишав на ФОН. Потоа дојде комшивката и се пофалив дека се запишав на ФОН , бидејќи нешто во мене викаше дека ќе дипломирам , знаев од моментот кога се запишав дури и ми вети ја дека ќе ми ја дадат без проблем . Отидов на првото предавање и најдов еден богат Охриѓанец од Варош и се омажив , факултетот го запоставив , па побогу за што ми е факултет . Маж ми вика дека ќе ми ја купи дипломата да не се тревожам . Сега имам син кој е прво одделение и јас не знам да му напишам состав . Но , заборавив да ви спомнам дека во слободното време, кое го имам многу малку, бидејќи студиите на ФОН се исклучително напорни, пишувам родољубива поезија и по многу непроспиени ноќи поминати со перото во рака ја смислив легендарната рима нација - администрација, која несомнено еден ден ќе се изучува на катедрите по книжевност ширум светот како пример за совршенство во поезијата. Мене идол ми е Деси Николова од Велес која е извонредна поетеса која многу ја задолжи македонската поезија со ова ремек дело:
"ИЗБОРОТ Е МАКЕДОНИЈА!
Еден е патот до успехот
на сите им покажавме,
со дела вредни за народот
НАЈДОБРО се докажавме.
Ние знаеме, ние можеме
преродбата да ја продолжиме,
изборот е Македонија,
за довербата ќе се оддолжиме.
Повисоки плати и пензии,
задоволна администрација,
модерно здравство и образование,
ние сме среќна нација.
Патишта нови изградивме
и многу фабрики се отворија,
со проекти достојни за почит
пишуваме нова историја.
Игралишта за децата,
тие иднината наша се,
грижа за старите лица.
Македонија изборот е.
Со субвенции земјоделството
храбро го стимулираме,
со проекти младите ги мотивираме,
културата со гордост ја афирмираме.
Насмевката на лицата ја вративме
и во светот порака испративме,
еден дом, една држава и името едно е,
ние знаеме, ние можеме-Македонија изборот е!"
Мечтаам __________