Играв ја одамна Метин 2, уште од времето кога играта беше добра, со добра економија, добри гилди и без крафтани ајтеми +9 со сите бонуси и кога 5кк yang беа мнооогу пари. Кога идевме со fms на помал левел, луѓето прашуваа фмс+? а не фмс avg? како да се подразбира дека е +9. Има многу нубови сега што врска си немаат со играта, напамет научиле пет шест збора и дале некој денар за играта. Напраив на заебанција БМ Сура, и иам fms +9 +3 sura +3 warrior и skill 12. Ми доаѓа еден ме глеа дека сум БМ и ме прашува фмс авг? ЛОЛ!! Откажав одма. Многу е небалансирана и лоша играта сега. Да не бегам многу офф топик сеа ќе кажам мое мислење за играта послем подолго гејмерско искуство со различни ммоа и слично..
Економија---лоша
Квестови----лоши
lvl up----катастрофа. Освен ако немаш другарче да те дигне брзо.
pvp----ова е меѓу единствените работи што ми се допаѓаат премногу во играта. Многу добар pvp систем.
Играта бара премногу гриндање итн.. Иако фармањето е забавно и тоа исто така ми се допаѓа, треба многу долго време да се кренеш, играта е пуна со хакери и со еден збор запоставена и од самите ГМови денес. Да ја игравте играва пред 4-5 години, ќе беше една од најинтересните игри што сте ги пробале. Сега би ви препорачал да не почнувате.
Членовите кои ја играат играта и се задоволни од истата, нека не се лутат и нека не го зимаат моето мислење како факт. Се додека они уживаат во играта и се забавуваат, тоа што мислам ја или некој друг не е битно.