Па тоа е брат и јас викам само ќе додадам уште еднаш иако имам неколку пати постирано
викинг=пауер+фолк+блек+викинг лирикс
Ја трефна формулата.:salut:
Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
Па тоа е брат и јас викам само ќе додадам уште еднаш иако имам неколку пати постирано
викинг=пауер+фолк+блек+викинг лирикс
Како ти е ова пишано саркастично или.....Ја трефна формулата.:salut:
Како ти е ова пишано саркастично или.....
оти повеќе личи на сарказам
Метал можеби е музика но не трае долго во нашиот живот!Обично металот се слуша повеќе во оние пубертетски денови(тинејџерски) кога хормоните ни го превземаат телото и не тераат да ја трескаме главата!
Но тоа не значи дека таа музика треба да ја дискриминираме!Ако сакаме да ни биде забавно и интересно во ноќните па и во денските забави и на метал ке ни биде интересно.
Во зависност од друштвото!:wink:
чекај бе застани малку...
нешто што го прави металот да е уметност, се фановите... толкава пасија,толкава посветеност на некоја музика нема никаде...
тоа можеби е кај нас така(мислам за поширокиот дел од населението)ама некаде на друго место не би рекол дека само у тинејџерски години се слуша тоа...
би рекол дека хормоните повеќе влијаат врз определбата...сакам да кажам дека на тие што ја слушаат таа музика само коа се тинејџери го прават тоа само за да се чувствуваат различни, а со самото тоа да се "попаметни" од оние нормалните...
добри си беа тие музички времиња без ваквите размислувања од луѓето, а и таа е причината поради која денешниот метал(мислам на оној искомерцијализираниот) е на некој начин,тапа...
Се сложувам со тебе и би сакал да додадам но не е тоа причината за комерцијализацијата не металот(металика на пример видоа дека можат да направат милиони ако го сменат правецот на музика па сега не би ме изненадило да ги чујам кај што свират Попрок)чекај бе застани малку...
нешто што го прави металот да е уметност, се фановите... толкава пасија,толкава посветеност на некоја музика нема никаде...
тоа можеби е кај нас така(мислам за поширокиот дел од населението)ама некаде на друго место не би рекол дека само у тинејџерски години се слуша тоа...
би рекол дека хормоните повеќе влијаат врз определбата...сакам да кажам дека на тие што ја слушаат таа музика само коа се тинејџери го прават тоа само за да се чувствуваат различни, а со самото тоа да се "попаметни" од оние нормалните...
добри си беа тие музички времиња без ваквите размислувања од луѓето, а и таа е причината поради која денешниот метал(мислам на оној искомерцијализираниот) е на некој начин,тапа...
Колкав процент од луѓето се металци на 60 години?
Не,туку се истакнуваат најбогатите,и овде и свегде.Има милиони метал групи, има многу и овде, а кои се истакнуваат? Само НАЈДОБРИТЕ!
Абе види,имаш добра и добра.Е сега зависи кому како ќе му се погоди.За типците од дискографската куќа може била добра групата,ама тоа не значи дека ќе биде добра и за некој блекер.И што и ако е некоја група комерцијална? Да не била добра не би ни успеала да склучи договор со некоја дискографска куќа.
Е така металот ќе се слуша не 2-3 туку 50 години од животот,затоа што нашите излегувања се нашиот живот
Колкав процент од луѓето се металци на 60 години?
Слушање метал е ок , ама до толку притрескување нема потреба , музиката е уметност јас тоа не го оспорувам, се расипува впечатокот за одредени луѓе што слушаат таква музика , заради вакви инфантилни размислувања , а не заради музиката. Немам ништо против музиката и јас ја слушав - ама тоа не мора да значи дека треба да ги потценувам луѓето кои не ја сакаат таа музика а и темава е МЕТАЛ- а металот е начин на живот, музичка преопределба, а на музиката треба да се гледа како на нешто што треба да ги спојува луѓето а не да создава раздор меѓу луѓето.Милион пати сум слушнал расправии за тоа кој кои групи ги слуша и ко у стил еј ако ги слушаш Creadle of Filth тогаш си фејкер, позер или како уште не. Разбирам дека е музички правец кој го подига адреналинот, ама дајте само излезете и видете ги поголемиот дел од металците- наместо да се држат заедно како група, постојано се препуцаваат за бендовите.Сум бил и сум дел од од таа култура и реалнои ги гледам работите, гледам како оваа музика се повеќе ја губи својата вредност( се повеќе луѓе се откажуваат од неа, нема доволно места во земјава каде што се пушта метал, освен по некоја свирка од време на време во петок навечер и тоа од 8 саат до 11! ), бендовите од млади македонски членови пропаѓаат затоа што нема каде да се експлоатираат ( т.е. нема кој да ги експлоатира и факт е дека во МКД нема комерцијални бендови. Кој ? DFL?)
Ако сакате оваа музика да ја доживее својата експанзија овде, потрудете се повеќе, докажете се, а фановите- тоа е релативна работа еден ден ќе се трескаат по една група , а веќе по некое време доаѓа поинтересна. Има милиони метал групи, има многу и овде, а кои се истакнуваат? Само НАЈДОБРИТЕ!
И што и ако е некоја група комерцијална? Да не била добра не би ни успеала да склучи договор со некоја дискографска куќа.
А и сосема е различен поимот некоја метал група да биде комерцијала , отколку тоа да биде некоја си поп пејачка, затоа что онаа разлика меѓу овие две нешта е што попот е масовно прифатен, а металот го прифаќаат луѓе што можат и сакаат тоа да го слушаат.
Затоа држете се заедно, за да успее тоа кон што се стремите- да уживате во таа музика што ја слушате , да не ја расипувате со одвишни коментари и да создадете правец- во вистинска смисла на зборот метал култура која ќе ве ослободи од предрасудите што ги имате и што ги има околината и пред се -МЕСТА каде што постојано ќе се слуша метал( не мислам тука на парк, црква,љубов,арм и форум туку на КЛУБОВИ- а за дефицитот на вакви метал клубови како што има во другите земји не ни е виновна само државата туку и ние-менталитетот. Како што се отворија еден куп места кај што има рок музика константно, така може да има и метал клубови , доколку некој се потруди да издејствува на тоа.) Е така металот ќе се слуша не 2-3 туку 50 години од животот,затоа што нашите излегувања се нашиот живот.
За терминот Red Metal нема никаде по интернетов. На официјалниот сајт од ешелон стои Рок-группа ЭШЕЛОН. Незнам кај си прочитал или кој ти кажал за тоа, ама ред метал не постои.
А околу Viking металот одсекогаш се дебатирало, за некои постои, за други не постои, па немаат крај таквите дискусии. Еве ја листата на метал жанрови од Metal Archives:
- Black
- Death
- Doom
- Electronic
- Folk/Viking
- Gothic
- Heavy/Traditional
- Orchestral/Symphonic
- Power
- Progressive
- Speed/Thrash
2.у македонија металот никад нема биде комерцијална музика, се додека општеството не доживее прогрес...како што рече некој(мислам Блајнд беше) претходно музиката е слика на општеството, и кога имаме луѓе како Некст Тајм,Џеј-Џеј, Боки 999ка, никад нема металот да биде на добро ниво....
Металот е сепак проширен овде, а општеството не треба да доживее прогрес за да дојде до негова експанзија.Не треба да ни биде гајле за таквите луѓе , таа музика вреди, а и не мора до толку да се прошири, едноставно оние што знаат што е метал, нема да се замараат за никакви предрасуди од ОКОЛИНАТА. Затоа што на крај краева која е околината која што има право да суди што е ок а што не е?
На овој свет секој има право на свој избор, на свое мислење, а аналогно на овае и дека секој избор што ќе го направиме е најдобриот, затоа што сме го направиле по своја волја.
А металот btw е на завидно добро ниво, судејќи според тоа колку луѓе го слушаат, Боки 13 и екипа нема да достигнат никогаш таква опсесивна популарност и желба за аспирација на душата на музиката како што тоа го прават многу метал групи кај нас а и надвор.
И да не се позерчиња да се интелектуалци како нас сепак ние интелектуалците би биле малку и затоа .......не велам дека не е проширен, само кажаф дека малкумина 60годишни останале металци и слушат метал/рок, мислам од Македонија...
нема многу прави поддржувачи на металот у оваа наша државичка, повеќе се позерчиња кои сакат да привлечат внимание, и затоа оваа музика според мене не е на добро ниво...
Епа како што мене ми напоменаа тоа треба да е метал со политичка основа(текстовите)Добро звучи.Инаку иако прв пат слушам за ред метал би требало да се некои нови дечки кои сакаат да создадат некој нов жанр...... вајда пеејќи за еритоцитите.....што знам....дајте линк да слушмнам...па да не трескам:smir::smir: