Место на натпревар, играа на свадба

  • Креатор на темата Креатор на темата Tetro
  • Време на започнување Време на започнување
T

Tetro

Гостин
Место на натпревар, играа на свадба

ШТИП. - Натпреварот од Третата фудбалска лига помеѓу Карбинци од Штип и Плачковица од Радовиш, што требаше да се одигра во неделата, беше одложен од невообичаена причина - свадба на гостинскиот тренер Дарко Коцев. Тој уште пролетоска ја закажал свадбата во Радовиш, а за ден го одбрал среќниот ден 10 октомври 2010 година.
- Без никаков проблем, раководството на Карбинци прифати натпреварот да го одиграме наредниот ден поради мојата свадба. Беше весело. Од 450 гости, околу 400 беа спортисти. Тие, место на игралиште, играа на свадба - кратко рече тренерот-младоженец Дарко Коцев.

http://www.vest.com.mk/?ItemID=2B9B9198417CCA43AF1E8F7AC9FF2E3C
 
Јас бев во неделата накај Карабинци,и баш видов некоја гужва,коли а у паркирано и се маваше некоја утакмица фудбалска.Може се акнале после тоа и на свадба :)
 
2:0 за невестинската страна

Значи гостинска победа? Па добро бе, тренерот- младоженец треба веднаш да си поднесе оставка на толку подготовка...
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom