Месо во тегла

  • Креатор на темата Креатор на темата Anco
  • Време на започнување Време на започнување
По вриењето месото ќе испушти течности и мрсно, па после некое време тие ќе се стврднат во вид на маст и желе.

Seriously? :sick:

Освен ако не се спремате за војна, не разбирам зошто би конзервирале месо? Зимницата се спрема затоа што во тој период немаш голем избор на овошје и зеленчук, додека животиња можеш во секое време да масакрираш.
 
@Anco бидејќи гледам дека има голем број обожаватели на овој вид месо - направи поголема количина и продавај- може ќе се покаже ко успешен бизнис потег
и кажи што се’ друго правиш на ваков начин?[DOUBLEPOST=1417357552][/DOUBLEPOST]еве гејците како конзервираат туна дома
http://naleipeitovisino.blogspot.com/2014/06/blog-post.html[DOUBLEPOST=1417358001][/DOUBLEPOST]
Ова ти доаѓа како еден вид домашен месен нарезок :) (ако е тоа што мислам) на почеток изгледа грдо али кога ќе отстои малце е мераци за јадење.

http://pep-4o.blogspot.com/2010_12_01_archive.html
 
Последно уредено:
Seriously? :sick:

Освен ако не се спремате за војна, не разбирам зошто би конзервирале месо? Зимницата се спрема затоа што во тој период немаш голем избор на овошје и зеленчук, додека животиња можеш во секое време да масакрираш.

Не се работи за конзервирање бе душо. Нема зимница овде.

Ова е начин на преработка. Кога ќе одлежи месото во сопствениот сок посолено и вакумирано - се дешава магија, трилер.
Ево земи пример свежо месо. Ма како сакаш припремај го, се знае дека low and slow ти е добитна комбинација.
Италјаниве го оставeт по 1 година на морски ветар (нешто ко parma skinka) и после ти го нудат ко деликатес. То не е зимница, туку специјалитет жим тебе :icon_mrgr:
 
@Anco бидејќи гледам дека има голем број обожаватели на овој вид месо - направи поголема количина и продавај- може ќе се покаже ко успешен бизнис потег
и кажи што се’ друго правиш на ваков начин?[DOUBLEPOST=1417357552][/DOUBLEPOST]еве гејците како конзервираат туна дома
http://naleipeitovisino.blogspot.com/2014/06/blog-post.html[DOUBLEPOST=1417358001][/DOUBLEPOST]

http://pep-4o.blogspot.com/2010_12_01_archive.html
....Уа, лопови...исто како моево...
на овој начин може да се спреми секое месо(полжави,змии,жаби,ежови,гуски,риби)
се разбира и печуркине во тегли и кесички по маркетине се нешто слично на ова.
Е зошто јас ова го знам, а денешнава младина не знае друго освен кладионица и ајфон.
Порано тоа го немавме, бевме повеќе приврзани со старите,прво со дедо и баба,што ќе речат тие,ако треба помош некоја на промер дрва да се донесат или исцепат,потоа со родителите што прават тие и децата се со нив,ако се перат теписите - „чергите“ и ние сме со нив,ако се прави зимница пак сме со нив. Колку памтам ете кога летно време ќе купевме кајсии и црни сливи и јаболка,па ги ние децата сечевме на пола,па ги редиме на едни тенки штици кој потоа го поставувавме на шупите горе на сонце да се исушат,па потоа имаме цело зимо за компот,а јас најповеќе ги сакав и јадев сувите кајсии така живи не варени,кој убавуни биле тоа. А сега децава колку време поминуват заедно преку денот со постарите и колку помагаат во секојдневните домашни работи.
Ќе се затворат во соба,под ќебе со телефонот,или пред комјутер и ако ги видиш само за ручек, и тоа е премија,послатко име: дај стотка и јади надвор сендвич.
------------------------
Аха и ова, се изгуби на темава ВТОРОПОСТИРАЧОТ (што ли му само сметаше темава незнам) или му сметаше отварачот на темава, а да ја отвореше некој-а фанклуб или опатија и бриони заедно веќе ќе наполнеше 10 страни.
 
Кој пробал знае, ова е нешто преубаво, сме правеле и дома, сум јадел и кај пријатели, потсетува на оние конзерви со шунка со згусната проѕирна смеса како од пивтии, мерак работа:vozbud:
 
Анчо, дај сподели подетален рецепт. Колку сол точно и колку време треба точно да врие во вода теглата за да се пастеризира. Како да се познае дека нешто не е во ред со теглата после вриењето.

Сите што мислат дека ова нема сврха, или не се по мезето или никогаш не пробале добар специјалитет со ракија.
 
Cekaj sea. Ova mesovo posle od tegla se vadi i jade? Ili se przi vari ppece? :eek:
 
Дали ќе ги бидува вака конзервирани печурки?
Преку лето купувам печурки како вргањ, рујница, срндач и ги складирам така што малку ги обарувам во врела вода и после ги паковам во најлонки и замрзнувам.
Проблемот е што после неколку месеци губат на вкус истите.
Има некој пробано да ги конзервира печурките на ваков начин?
 
Повели пробај па сподели да знаеме и ние. :)
 
Плус една причина зошто ми фали татко ми. Никој како него не го спремаше ова месо, а за кревање притисок мелем е. :))

И не станува збор за складирање бре луѓе, сте слушнале за мерак? Уживање во храна и некои деликатеси?
 
Кој пробал знае, ова е нешто преубаво, сме правеле и дома, сум јадел и кај пријатели, потсетува на оние конзерви со шунка со згусната проѕирна смеса како од пивтии, мерак работа:vozbud:
јас најповеќе баш тоа го сакам,што личи како пифтија-пача и е околу месото - кој вкус
Анчо, дај сподели подетален рецепт. Колку сол точно и колку време треба точно да врие во вода теглата за да се пастеризира. Како да се познае дека нешто не е во ред со теглата после вриењето.

Сите што мислат дека ова нема сврха, или не се по мезето или никогаш не пробале добар специјалитет со ракија.
Таа рецептата, па и не е нешто тешко,полесно здравје, само затвори и зоври.
Колку долго да врие зависи и од кој тип на месо (или читај тема „Компот“исто е и ова)
После ладење,утредента се вадат теглите од лонецот,капачињата треба да се ушмукани кон теглата тоа значи дека е добро, горната површина на капачето да е вдлабната бар малку визуелно или и опипливо,ако е таа површина надуена кон горе,значи не чини,не е добро направено - пастеризирано,и таа тегла веројатно дишела при варење или ладење па затоа веднаш се употребува,ако се остави така таа се расипува - муфлосува внатре.
 
Cekaj sea. Ova mesovo posle od tegla se vadi i jade? Ili se przi vari ppece? :eek:
Највкусно, барем мене ми беше, пржено кратко време на сува тава. Си пушта доволно течност ...

И што би рекол Пруст, постојат вкусови кои се паметат и со нивно оживување се враќаат и спомените. :) Јас би пак да јадам и ќе се обидам да го направам.
 
Полуживо накај варено е, моеш да го јадеш али боље не.
Се допржува/пекува/зготвува и има топ вкус.
Нема врска, баш е ептен добро зготвено, нема потреба од дополнително готвење, пржење, печење. Се распаѓа како мозок да е...
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom