Месечари!

  • Креатор на темата Креатор на темата vmx
  • Време на започнување Време на започнување
Не сум месечар ама сум имал многу вакви случки. Најчудно е што сум месечарел на секое место каде што ќе сум одел(на одмор,екскурзии,роднини). Кога бев со моите на одмор, татко ми и мајка ми гледаа филм а јас си легнав да спијам. Утрото ми раскажваа дека сум станал од кревет и сум прашал што има за јадење,сум го отворил фрижидерот ,го затворив отидов до ВЦ и пак се вратив и си легнав.

На секоја екскурзија на која сум бил сум правел глупости во спиењето, а најако беше кога бевме во Струмица во -Цар Самоил-. Значи си легнав да спијам се како што треба и утрото се разбудив на сосема друг кревет од тој на кој што сум заспал и носев тренерки наместо пижами. Кога се разбудив се преплашив.:smir:

Бев кај братучед ми и утрото ми кажваше дека во сонот сум зборувал и мрдал нешо во врска со флипери. Но за ова се сеќавам дека сонував каде што играм на флипери ..

Има уште многу како што се Смеење во сон,паѓање од кревет и мн. други.:smir:

па значи си месечар. се тоа упатува на месечарење.
 
И сеа оти ти се немат случено едно 3 години не си месечар?
 
Pa ne mozi da se reci deka sum mesecar. Ovie raboti mi se imaat slucuvano pred 5-6 godini. A edno 3 godini mi se nema vakvo neso sluceno:smir:

ако сепак се смета за месечарње кога тогаш тоа мора да престане или да се сведе на минимум.
 
луѓе јас пред едно 2-3 години значи онака си легнав најнормално и таков си легнувам знаете и се сеќавам играв вечерта doom 3 и ептен ме вадеше од памет онака.И негде накај 4 саат сабајле додека сум спиел сум си станал и сум отишол у кујна сум отворил фрижидер и сум си земал да јадам онака се со ми стигнал па после сум отишол да си правам во микробранова у кујна и на крај сум земал точакот и пред зграда околу зграда сум правел крукчиња и среќа брат ми се враќал од град тоа време и ме собрал страшно а ја сањав као ме јадат демони језиво луѓе.
 
I jas imam porano mesecareno:S:S:S: Ako ne me lazat:D
 
Кога бев помал негде 5-6 одд. една вечер сум станал од кревет и сум отишол да мочам кај моите во спална, све сум почнал да се соблекам ама ме разбудиа(ми пукале шамари). Друг случај кога бев на камп од кошарка пред 2 години, сум барал женски низ ходникот, сум шетал од еден крај до друг крај така 10 минути, и уште еден случај кога бев кај баби ми и дедо ми, тогаш па сум станал и сум излегол на тераса, среќа дедо ми ме видел инаку кузнае што ке сум правел.
 
Кога бев помал негде 5-6 одд. една вечер сум станал од кревет и сум отишол да мочам кај моите во спална, све сум почнал да се соблекам ама ме разбудиа(ми пукале шамари). Друг случај кога бев на камп од кошарка пред 2 години, сум барал женски низ ходникот, сум шетал од еден крај до друг крај така 10 минути, и уште еден случај кога бев кај баби ми и дедо ми, тогаш па сум станал и сум излегол на тераса, среќа дедо ми ме видел инаку кузнае што ке сум правел.

Јас како што знам со месечари треба многу внимателно да се однесуваш и да не пробуваш да ги разбудиш пошто можело да биде и фатално...
 
Јас како што знам со месечари треба многу внимателно да се однесуваш и да не пробуваш да ги разбудиш пошто можело да биде и фатално...

Поима немам јас за тоа, само кажав како ме разбудиле/освестиле. :toe:
 
Гледав на Натионал Гео... имаше една емисија за месечариве , имаше случај каде што синот си ја убил сопствената мајка , и тоа патувал со кола не знам колку километри и ја убил мајка си.
 
Јас сум месечар и често се будам надвор од мојата соба...Шетам низ куќата,одам во тоалетот...се будам во кадата,се будам спиејќи на подот,се бидам спиејќи пред огледалото...и така натаму..значи јас едноставно се навикнав на тоа и тоа стана нормална појава за мене...:toe:
 
Ја како месечар немам некоја мака ама дечкоми му ги искинав живците! кога спијам сум уби боже,често знам во сон да си правам муабет на телефон,да пушам цигара(на муж ми сум му рекла глеј ми го димов и сум правеле како стварно да имам цигара во уста)си ја имам искинато горната пижама,кебињата и перниците одамна отишле во неповрат,а мужот колку ќутек има јадено од мене не е толку тежок :pipi:
 
Порано како помал месечарев, се имам разбудено во кујна, имам мочано во кујна:kesa:А во седмо одделение кога прв пат фатив вкладилница во 4 саат имам тргнато на училиште по пиџами и со ташна(изгледа од преголема возбуда), среќа мајка ми што ме начека пред врата:kesa:
 
татко ми ми кажуваше за чичко ми,тој дека месечарел. една вечер.си седеле татко ми баба ми и дедо ми а чичко ми спиел. у ниедно време станал од кревет и овие тројцава го виделе и го прашале каде иде а овој е им рекол ништо само си продужил накај кујна да иде. и пази шо се дешава!!! отворил фрижидерот смкнал гаќите и земал да моча у фрижидер!!!! кај го има ова бреееее???? сите му се изгазиле од смеење а овој се измочал и се вратил пак назат у кревет!!!!! боже боже!!!!! иначе и ја имам месечарено ама само еднаш колку што знам!!! спиеф кај вујна ми и сум станала сум отишла у кујна сум се напила вода и сум седнала на столче и сум продужила со спиење!!!!! чудна работа ова месечарењево!!!!! а зашто се дешава незнам!!! што го предизвикува????
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom