Интересна тема, кога се прај муабет за тренери од кога гледам јас фудбал тука се Фергусон, Липи, Капело, Трапатони, Клоп, Хајнкес, Хицфиелд, Пеп, Мурињо, Венгер, Ван Гал, Дел Боске...
Па тука може да се рангираат на пример Ферги и Венгер кои одржаа невидна стабилност во клубовите, посебно Фергусон успеа долги години да го држеше Јунајтед на врвот, што не е за потценување, тоа се долги години тешка работа, или Венгер кој работи со ограничени ресурси.
Мурињо успеа да освои ЛШ со две екипи кои беа далеку од фаворити, и од кога ги напушти скрос испаднаа од колосек, посебно Интер ги снема. Иако не сум фан на неговата филозофија носи успех со вистински играчи, иако не секогаш.
Хицфилф исто освои два пати ЛШ со Баерн и Дортмунд што секако има место тука, и моментално праи чуда со репрезентацијата на Швајцарија, одлично работи.
Капели и Трапатони спаѓаат тука, освоија многу трофеи низ Италија, иако никогаш не ги пратев многу, Липи напрај чудо со Италија 2006, после скандалот.
Ван Гал, бројни успеси со Ајакс, титула со АЗ Алкмар, иако не беше успешев во Барса, имаше одредено влијание, со Баерн одличен реформатор, смени позиција на клучен играч, воведе промени во стилот на игра, воведе младинци и освои двојна круна плус финале ЛШ уште првата сезона, татко на денешниов Баерн.
Хајнкес беше тренер на многу екипи, генерално послаби и нема многу позначајни европски успеси, но интересно е да се напомене дека во ЛШ, три пати водел екипа(два пати Баерн) и еднаш Реал, и три пати стигнал до финале. Има две титули во ЛШ.
Дел Боске, све и сешто освои. ЛШ, ЕП, СП.
Клоп, има посебно место, можеби нема многу титули, но има многу фанови заради тоа што усоврши еден интересен "метал" тип на фудбал, кој бара многу трчање и специфични играчи. Hit and run фудбалот е интересен, но бара широк кадар на играчи, пошто кинат конци од време на време од толку трчање, и пари. Клоп тоа го нема во изобилство во Дортмунд, плус big bad BUYern му крадат играчи.
Пеп е ѕвер, нема тука шо да се додава посебно, треба само да му ги видете трофеите и рекордите. Направи од Барселона еден од најсилните тимови некогаш, ги продаде тогаш Роналдињо и уште некој, воведе нов систем, и освој 6 титули од прва сезона. Like a boss.
У Баерн исто така една мини револуција направи, и он се соочува со многу повреди цела сезона, и неможе да го извади уште максимумот од тимот, но напрај тактичка револуција и сега Баерн не зависи од ниеден играч, има одличен рекорд со тимот, до негде ја подобри играта и уште повеќе ќе напредува и ќе не однесе до титули.