Меланхолија

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Локација
Некаде далеку...
Како воведно прашање што е меланхолијата? Позитивно или негативно расположение или можеби неутрално?

Што е главна карактеристика на меланхоличните особи?
Дали вие често сте меланхолични? И како излегувате од тој стадиум на меланхолија?
 
Како воведно прашање што е меланхонијата? Позитивно или негативно расположение или можеби неутрално?

Што е главна карактеристика на меланхоничните особи?
Дали вие често сте меланхонични? И како излегувате од тој стадиум на меланхонија?
Меланхолијата е по дефиниција лошо расположение. Нешто како депресија.
А дал сум бил, па секако кој не бил. Лекот е друштво, музика, забава. Треба да биде човек со весели луѓе.
Нешто што мене секогаш ме орасположува е разгледување стари слики. Од времето кога сум бил ептен мал, од бебе, па детство, родендени.... страшно ме орасположува.
 
Не постојат добро и лошо располжение.
Сите се потребни на организмот на некој начин.
Дали ти ќе ги определиш како добри или не, зависи од твојта перцепција на ситуацијата која треба да ти предизвика емоција односно расположение.

Ако мислиш на меланхоничните особи како вид на темперамент- тие реагираат многу бавно, но силно и долготрајно, на лицето не им се забележува што чуствуваат(интравертно), основна емоција им е тага и песимизам. Настаните длабоко ги преживуваат.

Ако мислиш на моментално расположение, тогаш тоа е реакција на долготрајноста на песимизмот и тагата, која ги води во депресивно расположение.

Не сум меланхоник освен која сум во ПМС. Тогаш сум во депресија цџз.
Како шо поминува периодот-ми поминува и тагата.
Причината може да биде некоја глупост, пример: зашо некој не ми пишал на мсн:nesum:.
 
Меланхонија ти е тажна, мрачна, депресивна состојба, кога едвај се движиш и сеедно ти е за настаните што допрва ќе се случат, т.е. каков ќе биде нивниот исход.
Исто како да гледаш некоја риба кај што ти игра стриптиз и е изгорена од желба да се онадите, а ти си викаш ееееееееееее какви авиони сум можел да летам, не ги летав, сега трактор оваа сака да возам.....е не возам брееееееее.
 
Меланхолија е еден вид на депресија проследена со губење на апетит и значајно намалување на тежината.Обично меланхоличните луѓе според мене се луѓе со повредено его и самодоверба,па затоа често за себе говорат дека не се способни да направат нешто добро и дека се бескорисни.
Го поминав ова пред извесно време и сега кога ќе се сетам на сето тоа ми доаѓа како некоја претстава што ми се случувало.Како да бев во длабока црна дупка од која нема излез.
Но лекот е во помирување со нештата и прифаќање на истите такви какви што се и продолжување напред со животот колку и да е тежок.Само размислување и мал зрак на самодоверба се потребни за да излезете од ужасот наречен Меланхолија.
 
Меланхолија е затвореност во себеси. А само меланхолични реакции на одредени настани се во ред.
Често хроничните меланхолици се толку навикнати на тоа меланхолично расположение па како веќе да не ни знаат што е нормално. Дали е меланхолијата добра или не најдобро може да се провери со искрен одговор на самопрашањето - дали сум силен?
 
Меланхолијата е длабок израз на депресија која се манифестира со делумна или целосна загуба на уживање во животот.Најчесто почетокот на меланхолијата не е предизвикан од некој значаен настан,туку доаѓа од нигде-негде и дури кога се случува нешто убаво,расположението на меланхоличарот не се подобрува.

Карактеристики на меланхолијата се:депресијата е поизразена наутро,рано будење(обично два часа порано од вообичаено),споро и безволно движење,анорексија и драстично губење на тежината и непотребно чувство на вина,а во најлош случај-агресивно однесување кое води до самоубиство.

Според мене меланхолијата може да се излечи само со помош на психијатар,целосно менување на секојдневните навики и воведување на нови активности во животот на меланхоличарот.
 
Неутрално расположение... Нешто како „медицинска кома“. Нит си жив, нит си умрен. Кога сум меланхолична, се чувствувам мртва, безживотна, како сите бродови да потонале, а за тоа да не ми е гајле.
Главна карактеристика на меланхолиците е незаинтересираноста, пасивноста и апатијата. Не сум често меланхолична, ама кога сум - се плашам дека ми дошол крајот. Страв ми е од состојби во кои не сум своја.
 
Не ја третирам како лошо расположение.
Ја обожавам.
Зошто? Зошто ме одмара од Себеси.
Креирам, пишувам, работам концентрирано само во оваа состојба. Не е тоа страшно, потребно е дури, за мене.
Е сега, јас зборувам за креативни процеси со неа.
Инаку, да, онаа страшна меланхолија, што те утепува, смалува, не те пушта да излезеш надвор, сум ја почувствувала само кога сум била болна, разочарана од нешто.
Така да си имам две верзии.:helou:
 
Меланхолија......Интересно чувство но сепак не е убаво.Тоа тие екога постојано размислуваш за некои случку , убави моменти од минатото и тагуваш зошто не можеш да го вратиш времето.
 
Не постојат добро и лошо располжение.
Сите се потребни на организмот на некој начин.
Дали ти ќе ги определиш како добри или не, зависи од твојта перцепција на ситуацијата која треба да ти предизвика емоција односно расположение

Ова некое хинду толкување? :) Секако дека постојат лошо и добро расположение, и двете се дел од нас наизменично, тоа се сложувам.

Лошо расположение е она од кое ни навираат солзи, добро е она кое не прави да се смееме, искрено и за едното и за другото, не шизофренично и налудничаво. Меланхолијата предизвикува тажно лице и солзи, затоа е лошо расположение. Simple.
 
Па, ако ја сметаш психологијата за хинду, тогаш да, хинду толкување е. :)
Ако ти сметаш дека некое расположени е лошо, тогаш за тебе ќе биде лошо.
Еве на пример, стравот е лош, ама ако го нема кога ќе ти се појави мечка пред тебе-нема да избегаш и ќе те убие.
Тагата е лоша според тебе, ама кога губиме некоја блиска особа, тагата е таа што го смирува организмот од шокот што го доживуваме итн.

Сите емоции, чувства, расположенија итн. се со одредена цел за нас, затоа нема добри и лоши, сите се добри на некој начин.
А твојата перцепција за добро и лошо ги определува во двете категории.
 
Oд тага некој се самоубива. I'm just saying..
 
Oд тага некој се самоубива. I'm just saying..

Не се убива некој само поради тагата, зашто тагата е таа што го смирува организмот, што ја намалува хиперактвноста и сл.
Тажните луѓе повеќе спијат, мируваат, не сакаат да прават многу активности итн.
Има многу други фактори што придонесуваат за самоубиство.
 
Па, ако ја сметаш психологијата за хинду, тогаш да, хинду толкување е. :)
Ако ти сметаш дека некое расположени е лошо, тогаш за тебе ќе биде лошо.
Еве на пример, стравот е лош, ама ако го нема кога ќе ти се појави мечка пред тебе-нема да избегаш и ќе те убие.
Тагата е лоша според тебе, ама кога губиме некоја блиска особа, тагата е таа што го смирува организмот од шокот што го доживуваме итн.

Сите емоции, чувства, расположенија итн. се со одредена цел за нас, затоа нема добри и лоши, сите се добри на некој начин.
А твојата перцепција за добро и лошо ги определува во двете категории.
Трипаш Меги. :)

Муабетот ти е што би било кога би било, и не ти се противам на примерите. Тоа што сакав да кажам е дека манипулираш со термините лошо и добро. Не може да ги изменуваш на тој начин. Лошо е кога е лошо и тука нема простор за дискусија.

Сите емоции, расположенија имаат одредена цел за нашиот организам, ама нашиот организам нема јазик на бубрезите или на панкреасот, нема никаков јазик освен оној во уста. Луѓето се согласиле на одреден јазик, за полесна комуникација, а терминот “лошо расположение“ го означиле како нешто кое во глава ни отсликува солзи и смрштена фаца. Тоа се вика лошо расположение и постои.

А дали солзите, тагата, брчките делуваат на организмот и на психата некако поинаку се вика на друг начин. Не знам кој, ама сигурно си има име, и тоа не е “лошо расположение“.
Е тоа ми е муабетот... :)
 
Back
На врв Bottom