Мегаломанија

Член од
18 јуни 2012
Мислења
477
Поени од реакции
612
Локација
Скопје
Мегаломанија е психолошко нарушување кое се карактеризира со лажни фантазии на моќ, важност или семоќ. Мегаломанија се карактеризира со зголемено чувство на самодоверба и преценување на своите овластувања и верувања. Или, мегаломан, е човек кој има претерано високо мислење за себе.

Еве поопширно - http://en.wikipedia.org/wiki/Megalomania

Има некој вакво нарушување и како се носи со тоа?
 
Имам еден ваков другар и како што гледам одлично му оди :D барем на него...
 
Има некој вакво нарушување и како се носи со тоа?

Тешко дека некој би ти признал дека има вакво нарушување. Обично луѓето секогаш изнаоѓаат начин да си ги оправдаат сопствените карактеристики, постапки и однесување, така да ако тој за тебе е мегаломан, тој себеси се гледа како амбициозен и успешен човек. Ретко кој би се соочил сам со себе и своите демони и би признал дека има проблем. Плус таквите луѓе најчесто се и доста умислени и арогантни...
 
Мегаломани можат да бидат и луѓе кои немаат врска со животот, ниту се успешни. Тоа се луѓе кои секогаш мислат дека се во право, и дека само тие можат да мислат исправно, да донесуваат правилни заклучоци, односно луѓе кои мислат дека "oбичните луѓе" не се на такво ниво за да можат да воспостават било каква врска со нив, и дека светот е културно поле наменето за нивната интелегентност, убавина, моќ и што ти знам.
 
Па да, тоа е и фората, што не се особено успешни, да не речам ич, ама ТИЕ имаат слика дека се такви... Како што реков изобилуваат со ароганција, најчесто неоправдана. :)
 
Јас сум Мегаломан :pos: бидејќи сакам најдобриот и најскап смартфон,најскап и моќен компјутер,автомобил Мајбах или Ролс Ројс и се друго да не ги редам ама за среќа се е под контрола за мегаломански комплекс ;) :)
 
Едно е да сакаш, а друго е да мислиш и да се однесуваш како да го имаш најскапиот смартфон, најскапиот афтомобил и др. Тоа е мегаломанија.
 
Од слична болест, веројатно болуваат тие што го замислија и изградија ТЕ - ТО.
ТЕ - ТО има поголема моќност од еден блок на РЕК Битола и за да фукционира троши за еден час работа 57 илјади метри кубни гас.
Илјада метри кубни гас чинат кон Гаспром експорт Москва, за првото тромесечие 496,50 американски долари.
Што значи само за еден час работа на ТЕ - ТО, за гас треба да се платат:
496,50 долари * 57 илјади м3 гас = 28 300 американски долари
од ова ќе се добијат 215 000 KWh електрична енергија, што значи во производството на еден KWh струја, гасот ќе учествува со
28 300 долари : 215 000 KWh= 0,1316 долари
средниот курс за долар е 46.45 денари
Значи во еден KWh струја ќе бидат содржани
0, 1316 * 46,45 = 6,11 денари трошоци за гас
Инаку во мометов еден KWh струја за домаќинствата, заедно со ДДВ и со 33% и се друго чини 6,56 денари
Затоа се сомневам дека овие страдаат од оваа болест
 
Значи сите тинејџерки со напрчени усни на ФБ се уствари мегаломанки? Така, добро разбрав? Пошо они за себе имаат и те како високо мислење а се далеку од реалноста.
 
Познавам неколку такви. Си мислат дека се семоќни богови, дека се подобри дури и од мене, а можат само вода да ми носат. Болна работа.
 
Претерано високо мислење за себе. И тоа е болест нешто? Врти газо инекција против тоа :icon_lol:.
 
Back
На врв Bottom