Медузи во езерото Градче (Кочани)

  • Креатор на темата Креатор на темата zenderski
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
29 јануари 2008
Мислења
821
Поени од реакции
410
Дали вештачкото езеро „Градче“ лоцирано на околу 6 км. северно од Кочани ќе стане вистинска туристичка атракција, е прашањето кое си го поставуваат деновиве граѓаните во „градот на оризот“, откако проструи вета дека во него се пронајдени примероци од еден вид медузи.

Медузите ги открила група на капачи кои деновиве се разладувале во езерото, поточно ги открил капачот Тодор Ѓурушов од Кочани, кој кога излегол од езерото забележал дека по неговото тело има нешто лепливо.

222273.jpg

Се вратил со своите другари во водата и забележале голем број на мали медузи долги околу еден сантиметар како пливаат во водата. Во еден сад собрале неколку примероци и ги симнале во градот за ад направат неколку фотографии.

222262.jpg

Инаку вештачкото езеро „Градче“ кое постои од 1962 година е богато со риба, но познавачите на растителниот и животинскиот свет отсекогаш коментирале дека во езерото можат да се најдат и други мекотели.

Токму ваквите сознанија упатуваат на прашањето дали „Градче“ ќе стане туристичка атракција.

извор
 
Чудно. А јас мислев дека медузи има само во солените води. Ама очигледно грешам :toe:
 
Убаво мислеш само шооо... чудно...
 
Ем слатка вода, ем вештачка акумулација. Дали после теоријата дека Шкотите се македонци, дека има пирамиди во Босна, и така натаму, ќе има медузи во вештачка акваторија во Mакедонија?

(father, forgive them)
 
А да не е пак некој експеримент на "сојузниците",на времето пуштаа змии,шкорпии,модифицирани суштества и др.
 
медуза која скаменува?
 
Едитиран е насловот и почетниот пост (ги ставив сликите), е сега, едно прашање, медузиве отровни се?
 

Можеби е по природен пат дојдена,но сепак прифаќам со резерва,како тоа одеднаш....
Инаку во Куманово лично имам утепано шкорпија и тоа пред зграда кои се појавија во периодот 1998-2000,деца како деца ја собравме и ја однесовме кај еден професор по биологија и овој не ни веруваше,мислеше дека сме ја украле од некоја зоолошка.
 
Абе ајде за шкорпии имам почесто пати слушано дека се појавувале, ама медузи???:nesvest:
 
Туристичка атракција? Јас како Македонец не сум знаел дека постои ова езеро т.е. незнам ни кај се наоѓа а не па да стане туристичка атракција ... Медузите се еден сантиметар? Искрено кој и да го посетил тоа езерце тешко да ги види... А и не верувам дека се отровни би имало последици барем според мене...
 
Туристичка атракција? Јас како Македонец не сум знаел дека постои ова езеро т.е. незнам ни кај се наоѓа а не па да стане туристичка атракција ... Медузите се еден сантиметар? Искрено кој и да го посетил тоа езерце тешко да ги види... А и не верувам дека се отровни би имало последици барем според мене...

Па ти како македонец немаш појма од географија...100% не знаеш ништо повеке од скоско водно и матка.... а за странска географија да не правиме муабет. Читај книги бе дете....или тука на форумов имаш нешто да се едуцираш.....
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom