Мед

  • Креатор на темата Креатор на темата rossonerka
  • Време на започнување Време на започнување

rossonerka

too good to be true
Член од
8 октомври 2007
Мислења
6.081
Поени од реакции
889
Медот е навистина чудесна природна намирница која човекот ја користи повеќе од 10.000 години во својата исхрана, за што сведочат и цртежи пронајдени во пештерите низ Шпанија. Уште тогаш се знаело дека, освен хранливите, медот има и лековити својства.

Медот се сврстува во природна, високо вредна и лесно сварлива храна, која после консумирањето оди директно во крвотокот. Според содржината на протеини, високо котира меѓу прехрамбените производи бидејќи исто така ги содржи сите есенцијални аминокиселини. Има 37 минерални материи, витамини: Б1, Б2, Б3, Б6, Б12, Ц, ПП, А, К, Е, фолна киселина, органски киселини, (посебно рибонуклеинска), ароматични материи, поленови зрна, алкалоиди, колоиди, биогени стимулатори, растителни антибиотици, фитохормони и уште многу други супстанции кои сеуште не се пронајдени, изолирани и проучени.

Две третини од медот ги сочинуваат шеќерите, првенствено гликоза и фруктоза. Нив не им е потребно варење и директно ја пополнуваат резервата на шеќер во џигерот и мускулите.

Медот се јаде со дрвена или пластична лажица, никако метална и не се консумира во жешки напитоци (над 45Ц), бидејќи на тој начин во него се разложуваат ензимите, се губат лековитите својства и остануваат само некои минерали, мал број термостабилни витамини и шеќерот.

Постарите луѓе често пати користат алтернативни средства од природата за лекување на најразлични болести. Ние доволно не им посветуваме внимание на таквите работи заради брзиот начин на живот и знаеме да ги наречеме “бабини деветини”.
Секако дека ние не сме потполно во право. За медот знаеме доста, тој е еден од најпопуларните “лекови”. Според резултатите од едно научно истражување спроведено во САД, медот е поефикасно средство за лечење на кашлица кај децата во однос на традиционалните сирупи. Медот има одлично лековито дејство.

Конзумирате мед? Колку често?

honey.jpg


Јас сега дома видов тегличка со мед и после којзнае колку време пробав. Обично си ставам во чај зимно време кога пијам. Но не го конзумирам секојдневно а треба зашто е многу препорачливо и здраво за организмот.
 
па ставам во чај секогаш а иначе во денот барем една лажичка мора да лапнам обично на сабајле
 
Ставам во чај обавезно кога пијам. А вака една лажица дневно си јадам исто, најчесто навечер ми се пријадува, ама често и пред школо. Порано ми викаа да јадам мед домашниве x) ама мене ич не ми беше вкусен. Сега пред некое време сам пробав (don't ask me why) и сеа иди запри ме :baeh:
 
Секој ден консумирам мед, затоа што е пред се` многу хранлива состојка. Го ставам на леб, ставам мед во чај, на бисквити, во палачинки, а наутро секогаш по едно лажиче завршува во уста. Го ставам секаде каде што можам да го избегнам шеќерот како засладувач затоа што не е баш многу-многу здрав
Обожавам мед. Можам да изедам цела тегла мед пред телевизор малку по малку. Налето консумирам полесни медови, од тие од липа, а на зима од потешките медови, што треба да ги "копаш" за да извадиш едно лажиче од нив.
 
Мед ставам само во чај или ако има во некој колач па така го конзумирам, иначе вака секој ден да зимам не, едноставно не ми се свиѓа.
 
Аааааааааааааааааааааа мед јадам понекогаш за доручек..кришка леб на нејззе маргарин и одозгора мед уф уф
а да и со палачинки....мед и ореви:vozbud::vozbud::vozbud:
 
breeee so dranje mi udirale moite koga idev u skolo za med vo mleko... pa toa gadno....:pov:
a na lepce postuvam :)
 
Знам дека е мнооогу здрав е убаво да го јаде секој човек, али ја најискрено не можам да го сварам ... :toe:
 
Mене ми се дешава глава да ме заболи мед ако јадам:raz:....
 
Не сум некој голем љубител на мед. Една тегла годишно ја фуцкам низ домава моја. :))) Од дома ме тераат да јадам, али се уморија. Го сакам мачкан, во чај не.
 
Не сакам многу мед поради тоа што и една лажичка ми е пресилна.
Од самото гледање на теглата ми се превртуваат цревата и ми се лоши.


 
Јадам мед како луда најчесто само ке си ја земам теглата и седнувам и јадам како луда, многу скам да го комбинирам и со ореви
 
Јадам мед многу, најчесто насабајле со мелеко и корнфлекс како засладувач, го јадам и со путер и во палачинки со лечници и ореви.
 
Обожавам мед. Најчесто го ставам во чај, му дава некој посебен вкус на чајот, наместо шеќерот кој само го разблажува. Мед јадам и со двопек, прекрасна комбинација за насабајле пред факултет. Го јадам директно од тегла, ама само кога е домашен, одбран и природен.
 
Го ставам во чај и некогаш но многу поретко го мачкам на леб
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom