McDonald's и случувањата со McDonald's во Македонија

  • Креатор на темата Креатор на темата еци^^^
  • Време на започнување Време на започнување
OBOZAVAM MC DONALDS samo sto vo OH ne davaat pomfrit so obrokot..... i raboti samo na leto :zid:
 
абе пред едно 7-8 години ми требаа 4-5 сендвичи од мекдоналдс за да ме најадат...сеа, не се обидувам да пробам, ќе банкротирам....
 
Обожавам да јадам во МС доналдс, Мс Фреш оброк ми е омилен
 
ја обожавам храната од mc donalds..особено компирчињатаа:je:

и затоа често после школо идеме со другарки иако знам дека на друго место за истите пари ке се најадам убаво:toe:
 
Кога доаѓам у Скопје обично обично купувам од Mc Donalds, ама во последно време не купувам. Пробувам да се одвикнам. Треба 5-6 тостови да купам за да се најадам. Кога ќе ми текне колку се мали...
 
Најглупиот ресторан!Среќа што во Прилеп немаме, и онака никој нема да им купува:)
Неколку пати во Скопје сум бил во Мекдоналдс и освен атмосферата ништо не ми се допаѓа.Ма какви 6 тоста.Тоа не е ништо.Ич не ме најадува.Да платам 120 денари за "оброк" кој нема да ме најаде?За пола цена купувам пола леб од кафеана со помфрит и огромна плескавица и толку јадење за цел ден.А не од Мекдоналдс да ги фрлам сите пари и пак гладен да заминам:)
 
Ми се свиѓа мене и често си зимам за јадење. Од таму јадам само мекчикен и доволен ми е. Дури ми се случило и да неможам да го дојадам ако не сум ептеееен гладна. А помфритот ми е најдобар
 
Јадам на 3-4 месеци. Ама после осеќам aftertaste на говна со саати, па ми е криво што сум ги фрлил парите.

П.С. Помфритот не е само од компири :)

 
кога мама ми готви ми е најслатко :kesa:
другото од други што го јадам е чисто за да не сум гладен, ретко кога уживам
 
Мекдоналдс Рулзз!!!
 
Барем во Мекдоналдс знам дека го чуваат месото на ладно, поради тоа ми се сигурни, инаку едвај чекам да дојде есен, златна 7ца и Кингбургер:)
 
Идам таму најчесто преку школска година со другарките за време на одмор или после часови и тоа дали иам отидено повеке од 5пати.А па да не зборам колку иам отидено преку една цела година..максимум 7 или 8 пати.Од тровањето со храна кое го имав(читај два пати!)глеам што помалку да идам а и зашто да идам..кога за тие пари ке додадам уште 10-20 денари па ке си купам хамбургер од Кингбургер:smir:
 
Порано го сакав МцДоналдс, јадев таму коа не бев посебно гладна и коа имав нешо повеќе пари, и така се до апсолвентскава,каде што ради заштеда на кеш јадевме цело време таму и во Бургер Кинг(нешо боље варијанта на МцД) и мислам дека ако сеа видам бургерче од МцДОналдс буквално ќе вриштам.
Инаку секаде низ свет МцДоналдс е најлошата и најнискобуџентата варијанта на исхрана, сегде кај шо бевме имаше претежно бездомници по МцДоналдсите, само кај нас се најнабиени цените и тинејџерската фенси култура го смета за кул јадењето во МцДоналдс...коа више ги давам парите ќе ги дадам на 7мица или Амати,ако нишо друго ќе се најадам :smir:
 
МекДоналдс јадам 1-2 у 2недели отприлика преферирам да се најадам убао од некоја сендвичара ко Седмица
 
Не сум јадел во McDonald's повеќе од 7 год. а не ни планирам. За парите што ке ме најадат таму ке отидам "Кај Злате" на пример и ке јадам како човек и на крај плус пари ке ми останат. Храната не е воопшто здрава во месото ставаат адитиви што бајаги го зголемуваат и од 10 кила го прават 20.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom