BusHav
Е ајде де.....можеш и така
- Член од
- 5 декември 2005
- Мислења
- 4.343
- Поени од реакции
- 81
- Возраст
- 86
Човек се нашол на суд обвинет за убиство со предумисла.
Судијата го прашал: Овде се работи за крваво убиство.Како ќе се браните?
Обвинетиот: Мојата жена беше глупава,морав да ја убијам.
Судијата: Сигурно не мислите на тоа да останете,не го сметам за олеснителна околност.
Обвинетиот: Па добро,ценет суде....да раскажам како беше. Живеевме во една зграда.Над нас живееја две деца со многу низок раст,еден ден во разговор со жената и велам дека навистина е тажно што тие се толку малечки.
-Да,вели таа,тоа се Пиринеи.
-Мислиш Пигмеи?
-Не,Пигмеи е она што ни е под кожата и поради што поцрнуваме.
-Тоа е пигмент.
-Не...пигмент е она што го пишувале старите Египќани.
-Господи жено....тоа е пергамент.
-Не,пергамент е кога некој ќе прочита или прикаже еден дел од некое дело.
-Почитуван суде,веројатно претпоставувате дека веќе немав волја да и објаснувам дека се работи за ФРАГМЕНТ. Седнав на каучот и читав весници. Набрзо дојде жена ми со книга во рацете, легна покрај мене, ја отвори книгата и почна да чита некој текст:
-Душо,гледај, Сончевата тераса од рачна торба била учителка на макро 14.
И ја зедов книгата, ја погледнав и и реков:
-Драга, ова е книга на француски и тука пишува: La marquise de Pompadour est la Maitresse de Luis 14, а тоа значи дека маркизата де Помпадур му била љубовница на Луј14.
-Не, рече таа. Ла Маркиза е сончева тераса, Помпадур е рачна торба, Ла Метреса е учителка а Луј14 е макро. Јас тоа сигурно го знам,не одев џабе на курс по француски со мојот легионар. -Мислиш....лектор?
-Не, Лектор е еден старогрчки херој.
-Тоа беше Хектор и беше Тројанец.
-Не,хектор е мерка за површина.
-Мерка за површина е хектар.
-Не,хектар е пијалак на боговите.
-Не не,тоа е река во Германија.
-Реката во Јужна Германија се вика Некар.
-Не го знаеш ти тоа,уште како малечка пеев со другарките во дуо за реката Нектар.
-Мислиш....во дует?
-Не,дует е кога играат Реал и Барселона.Пеевме и за римските радијатори.
-Мислиш гладијатори?
-Не....
Почитуван суде,тогаш го земав чеканот и ја мавнав по главата.....конечно заќуте.
Судијата: Обвинетиот се ослободува,јас би ја акнал уште кај Хектор.
п.с. Знам дека е старо,така да немора да оставате излишни коментари на темата:smir: