Официјално, според УЕФА правата за Македонија ги има Македонски Телеком. Но, бидејќи во Србија ги има Телеком Србија а натпреварите ги емитува преку Арена Спорт, Телеком очигледно си одлучија преку Арена да ги емитуваат натпреварите за да не се замараат со цел куп други работи за реализирање на преносите (што очигледно и за УЕФА и за сите е во ред вавиот начин)
Проблемот се јави од 1/8 финалето на ЛШ каде главниот натпревар во Србија го емитува РТС. Првата Среда кога се играа натпреварите корисниците на МаксТВ не го гледаа едниот натпревар бидејќи Арена Спорт не го емитуваше, па Телеком го даваше на Телеком Спорт 1 а тој канал го даваат само на MaxTV GO и не им текна да го пуштат на МаксТВ 

 па како резултат на тоа сите им се бунеа за оваа работа. Од следната недела од Арена очигледно пуштија и друг feed во тој период за Македонија каде ги емитуваа и двата натпревари од ЛШ. Јес да Телеком пак заборавија претходнава недела, па само за СД каналот го сменија феед-от но за 2ро полувреме се сетија очигледно и за HD.
Со доаѓањево на РТС господ знае што ќе биде, бидејќи којзнае се какви договори се тоа. Дефинитивно мислам ќе биде блокиран на сите други оператори (Телеком веднаш бан ќе закачи кај АВМУ, нема шанси да дозволат приматот да им го земат, салдото како ќе го полнат поинаку 

). А за Телеком нема мислам ни да биде фрка да го емитува РТС во тој период бидејќи правата се поклопуваат. Доколку Арена се одлучи да го прекине феед-от после ова чисто се сомневам дека ќе го блокираат РТС. Но мислам дека ќе се бунат дека немаат ХД бла бла и ќе си останат на Арена преносите.
За жал на крај испаѓа дека Телеком ќе може да зема сигнал од кај им дојде, другиве нема ни да помирисаат ЛШ годинава.