MaxTV IPTV телевизија (Македонски Телеком) генерална дискусија (новости, прашања, проблеми)

DEVIN

Super Сasual Dating - Actual Girls
Член од
30 јуни 2015
Мислења
176
Поени од реакции
51
Да не има некој контакт бројче од агентите што нудат договори, може ќе понудат нешто поразлично од она во салон :D
Не добиваш ништо поразлично од тоа што го има на нивната веб страна.
Можат само да ти скратат некој денар при инсталирање опрема или евентуално да ти додадат спортски канали во s пакетот.
 
Член од
8 јануари 2014
Мислења
2.205
Поени од реакции
2.051
Не добиваш ништо поразлично од тоа што го има на нивната веб страна.
Можат само да ти скратат некој денар при инсталирање опрема или евентуално да ти додадат спортски канали во s пакетот.
Не е баш исто. Јас склучив договор(првиот) 06.06.2018 М-пакет со вклучени арена спорт каналите во хд, баш ради нив јас се одлучив. Инсталацијата на опремата беше бесплатна, со два приемника, еден користам моментално. Да и фиксен телефон бесплатен на било која мрежа низ мк, сето тоа за 1099 денари во првиот договор.
Сега вториов се е исто само 100 ден плус месечно, во првиот тие 100 беа попуст ради што е склучен договорот со агент. Како што кажа тогаш Тања, имало доста низ градов што се одлучиле.
Иначе за вториов, во салон ми нудеа магента и некој пакети комбинации, али скапо, најефтиниот мислам 1500 или 1800 не се сеќавам точно. Скопје кога се јавив, истата понуда и настојуваше госпоѓата да се упецам. Јас упорно не и на крај на разговорот само што не и реков пријатно, истиот пакет ми го понуди за 1199 и нормално прифатив.
Иначе задоволен сум, арениве не кочат, мајка ми фиксниов го откорна од разговори, поготово сеа со коронава, интернетот е 12мбс али бркат работа и не се обесени како од кабелска секој месец на бандера...
 
Член од
27 октомври 2020
Мислења
108
Поени од реакции
101
Со агентите од Телеком мислам дека е исплатливо. И јас веќе имам втор договор, првиот беше на 1099, а вториот на 1199 денари. Имам два ресивери со вклучен пакет Спорт, неограничен интернет (сега со оптика брзина 30/5) и неограничен фиксен телефон. За овие пари мислам дека кај ниеден оператор ги нема овие услови. Јас сум задоволен, досега немало никаков проблем.
 

Uli Hoeneß

Präsident
Член од
6 август 2010
Мислења
13.965
Поени од реакции
25.278
Дајте контакт телеф.број од агент што би ми направил добра понуда за во Кочани.
 

Anon

/b/ House /b/
Член од
13 декември 2007
Мислења
16.700
Поени од реакции
27.627
Ви работи апликацијата??? Можете да деактивирате HBO???
 
Член од
15 јули 2007
Мислења
14.896
Поени од реакции
7.570
Minimax гледам го пуштиле пак. До пред некој ден си беше црна сликата.
 

Despot

ВОЈВОДА
Член од
25 септември 2008
Мислења
497
Поени од реакции
280
Да, барајте агент само. Претплата од 1500 во салон, ја добиваш со попуст за 1200 преку агент. Преку телефон ќе си добиеш инфо за услугите шо те интересиират и поволностите. Плус во салон има гужби се чека ред, со агентот уз кафе негде за 5 мин ќе завршиш работа ќе потпишиш договор.
 

head

ЧОВЕКОТ СО МАЛО ТЕЛО
Член од
15 септември 2005
Мислења
1.361
Поени од реакции
513
И Extreme sport го пуштија пак.

Сега да видиме што ќе пуштат на местото на Fine Living Network.
Extreme sport, тешко дека многу луѓе ќе го гледаат
По мене, уште Eurosport им фали на Телеком, за да имаат нај нај најдобра понуда на канали . Не дека не можат, мислам дека не сакаат, или дека немаат "слух"

Sent from my Mi Note 10 Lite using Tapatalk
 
Член од
7 јануари 2015
Мислења
915
Поени од реакции
594
Extreme sport, тешко дека многу луѓе ќе го гледаат
По мене, уште Eurosport им фали на Телеком, за да имаат нај нај најдобра понуда на канали . Не дека не можат, мислам дека не сакаат, или дека немаат "слух"

Sent from my Mi Note 10 Lite using Tapatalk
НЕЈЌАТ
 
Член од
24 јануари 2015
Мислења
1.742
Поени од реакции
1.170
Се прашувам кога нашиов телеком ќе отвори спортски и филмски канали со Македонска продукција. На пример српскиот телеком ги има Арена Спорт и СуперстарТВ. Дел од добивката ја инвестираат во продукција на квалитетни и гледливи домашни серии кои и не се баш така малце на број. Нашиве би можеле да брцнат малце во џебот и да снимат барем една мини серија (не комедија како Преспав на пример) туку малце посериозна што би се гледала и надвор. Ако треба тоа нека биде финансирано и од делот на државната дивидента. Или кај нас е побитно да се испокрадат парите, а ништо да не се направи.

Sent from my SM-G960F using Tapatalk
 

Kajgana Shop

На врв Bottom