100% се сложувам со тебе, дури би отишол и години наназад но чекор повеќе - монтирање само уред што ќе ти ја конвертира оптиката и ти сам ставај си рутер и конфигурирај си, па сакаш земи микротик од 200 евра сакаш земи некој од 700 денари твое си е, а операторот само да се грижи за сигналот до тој уред и да не се замара со твојот рутер.
Само размисли, колкав процент од луѓето ќе се сложат со мене и тебе за нешто вакво?
Колку луѓе ќе знаат или уопште ќе сакаат сами да се замараат.
Што мислиш ти, процентуално колку сме "писмени" за тоа и уште побитни колкав процент од нас ќе сака да изгугла за да среди.
Сакаме се на готово, се со лажичка да ни се даде и се некој друг да се грижи за нас а ние само да стиснеме копче и да добиеме.
100% и јас се сложувам со тебе. И во тој мој пост или некој сличен јас точно напоменав дека бројот на приватни корисници е можеби дури <5-10% на такви кои ги интересира и им треба ваква ствар. За деловни е сосема друг муабет и се кладам во било што дека тоа е и једина причина што магента тв не ја нудат на бизнис корисниците, пошо ако ја напраат таа глупост ќе изгубат многу профит од тие корисници и нормално не го прават тоа. За обичните кој ве е*е, до вчера имавте од денес ќе немате.
Проблемот што јас го гледам во се тоа е дека ќе мораш да преминеш на бизнис пакет за да добиеш ајде така да ги кажам попремиум саппорт у услуги кои до вчера биле овозможени со само 1 јавување во контакт центар, и сметам дека воопшто не е во ред. Еве најпрост пример имаш гејминг пакет, не можеш да ставиш свој рутер за QoS да си овозможиш локално. What? Кого е*авате у здрав памет бе Телеком? Па кој го активира тој пакет сигурен сум дека колку толку има подетално познавање и знае што му следи.
Једино надеж што ми дава е што доста ја форсираа магентатв што имаше гласини дека само тоа ќе можело, до нова година ќе морале сите тоа итн итн секакви мегафони тука и на друг форум беа најгласни во се тоа. Епа еве, се тоа им падна у вода, уште даваат макств да си задржиш, уште даваат хуавеито да го задржиш, а летоска првично нова магента обнова на договор значеше дека мора да преминеш на таа некоја нова системска платформа. Го исфураа маркетингот а реалноста се врати на старото. Се ова ми дава до значење дека моооожеби и не е баш така мал бројот на корисници на кои им е сеедно што е за пофалба, но ќе видиме времето ќе покаже. За жал не знам каква е ситуацијата со целосно нови корисници.
Како е сега направено мислам дека е сосема во ред (Хуавеи+МаксТВ исклучиво). Имаш можност за бриџ мод, хуавеито станува само конвертор на сигнал и толку, цела конекција си ја реализираш од свој рутер, сакаш стави рутер од 2000 евра сакаш од 20, целосно е твое, телевизијата иде на посебен VLAN со multicast од Хуавеито и работи перфектно, телеком ти ја дава можноста, што е огромен плус од кога постојат. Кому не му треба тоа, Хуавеито назад у стандард мод и тоа е тоа. Проблемот е магента боксот, едноставно изгледа не работи у таква конфигурација и тоа е тоа, не знам до толку немам информации и не сум упатен навистина.
Законот во Хрватска е токму 2-от пасус да не дојде у ситуација. Ако може една Хрватска ние зошто да не? Само треба маж чоек у агенцииве наши умрени да си ја работи работата која што треба, али како во цела држава проблемот е што мораме дал ние со инцијатива петиици да побараме нешто бидејќи ретко кој го работи денес тоа за кое што е платен.
Једино што сеуште немам дознаено е дали е наше масло ова или дојдено е од Германија. Како е во Унгарија, германија е прашање што ме интересира. Ако е и кај нив вака... Што да кажам, модерна германија почна геј потези да прави и на ова поле.