MaxTV IPTV телевизија (Македонски Телеком) генерална дискусија (новости, прашања, проблеми)

  • Креатор на темата Креатор на темата Princ
  • Време на започнување Време на започнување
Може и таму да е хаотично, еве прееска гледав Национал Географи, смени неколку најави...
А гледав и на интернет, има Дискавери, а и Дискавери.ук, башка Дискавери +
А имаше несогласување кај спортските канали...
За цензура мислев да не му текнало на некој од тв каналите да не прогласи за муслиманска држава, заедно со Албанија...а имам луѓе во Хрватска, ќе ги прашам и нив...
Патем, на Дискавери.ук за Северна Македонија Телеком не го спомнува, еве пак ќе проверам
Има Телеком канали кој немаат ни програмска шема пишано а има и што немаат превод воопшто. Така да нека не те чуди ова со Дискавери.
 
На HBO имате Dolby Surround? Кај мене на МаксТВ е обичен 2.0 како кај сите други.
 
Последно уредено:

ако го имаш HBO преку Телеком активирано ,тогаш го имаш STANDARD пакетот , кој е со HD резолуција и нема dolby .
49473ebf635c4a448cad077650b357e9.jpg
 
Плус ако сакаш и Спорт во Max треба да активираш Спорт пакет додаток. Спорт додатокот нуди преноси на спортови кој ги нуди Eurosport а сега најмногу има Australian Open тенис.
 
Како проверуваш преку MaxTV дал е Dolby Surround или не е?

Знам дека такви се HBO каналите но дали воопшто Телеком го имаат таков.
Во опции за аудио јазик пишува AAC или DD. DD e Dolby Digital. Знам точно им е тоа пошо и аудио системот го препознава кога им е DD. Вчера пуштам гледам не се менува, во поставки на макствто ставено е сараунд output. Проверувам таму гледам AAC пишува.
 
Пример еве на BBC Earth им е во Dolby Digital и така пишува на рисиверот и аудио системот го препознава дека добива таков звук. Не знам зошто ама цело време нешто менуваат мисконфигурираат дал со слика дал со звук после иди разбери се со нив дека не е како што треба. Ај да не урочам со сликава средија веќе некој месец е океј немаат заебанција напраено.
 
Ova e mesec na Eurosport.. Kako li samo gi rabotat Aus Open i Novogodisna turneja 4 skokalnici. Toa e skolo.. Remek delo..
 
Пример еве на BBC Earth им е во Dolby Digital и така пишува на рисиверот и аудио системот го препознава дека добива таков звук. Не знам зошто ама цело време нешто менуваат мисконфигурираат дал со слика дал со звук после иди разбери се со нив дека не е како што треба. Ај да не урочам со сликава средија веќе некој месец е океј немаат заебанција напраено.

Благодарам за потсетувањето.

Неповрзано со твојот коментар, но да спомнам дека понова вест од терен е дека има начин како постоечките корисници, но и новите корисници, да останат на MaxTV платформата со стара опрема. Рутерот е друга приказна, за жал најновите Техниколор ѓубриња функционираат и на MaxTV и на Магента ТВ платформата.

Бидејќи Магента ТВ рисиверите поддржуваат поврзување со телевизор само преку HDMI кабел, ако корисникот има постар телевизор на кој може рисивер да се поврзи само со SCART кабел, откако техничарите ќе му ги донесат Магента ТВ рисиверите на корисникот, корисникот слободно може истите да ги однесе во салон и да ги предупреди дека ќе ја откаже услугата бидејќи рисиверите не можат да функционираат со неговиот постар телевизор.

Бидејќи првите 2 недели се бесплатен тест период, било каков потпишан договор отпаѓа и не може да биде правосилен бидејќи операторот не може да му ја обезбеди услугата на крајниот корисник од технички причини. Во вакви околности на Македонски Телеком им останува да го пренаменат пакетот за крајниот корисник од Магента ТВ на MaxTV, и да ги заменат Магента ТВ рисиверите со постарите MaxTV рисивери.

Така да, кој сака да користи MaxTV наместо Магента ТВ, нека си обезбеди некој стар евтин телевизор од Зелено пазарче или од било каде, единствено е важно да се исправен и функционален :D и се разбира да има SCART приклучок, па нека повели нека се жали и нека бара да го префрлат на MaxTV платформата наместо на Магента ТВ.
 
Да бидеме реални не сум видел веќе да има некој таков ТВ. Најбејзик најевтин телевизор веќе имаш HDMI.
 
Затоа постои Зелено пазарче, или поопширно Пазар3 и Реклама5.
 
E да бе сеа некој ќе си купува стар телевизор со SCART за само да остане на MaxTV. Глупости.

Што им фали и на MagentaTV ресиверите толку многу? Ај да е нешто пример компјутер да даваат на користење разбирам да сакаш да останеш на нешто постабилно што ти дале предходно да користиш ама ова е ресивер кој служи и главни опции за користење му се гледање телевизија, за гледање содржини од видеотека, да премотуваш и паузираш на некој канали и да снимиш нешто од телевизија што ти е битно. Плус добро е што на MagentaTV може да инсталираш по некоја апликација ете Stremio ако може да гледаш филмови и серии без дополнително претплата.

Добро нормално е да поработаат квалитетот на сликата на тв каналите. Имав прилика да го разгледам MagentaTV ресиверот технички не најдов нешто што премногу мене би ми пречело.
 
...

Што им фали и на MagentaTV ресиверите толку многу?

...

Одговорот во повеќе наврати ти е потенциран:

Ако толку се добри Магента ТВ рисиверите, зошто еве во март 2025 ќе се навршат година дена од кога Магента ТВ платформата е пуштена во употреба, а сеуште нема пакети за деловни корисници ?

Зошто на постоечки деловни корисници кои би обновиле претплатнички договор, исто како и на нови деловни корисници сепак им даваат MaxTV рисивери, а не Магента ТВ рисивери ?

Размисли малку со главата.
 
Е тоа е безвезе работа од нивна страна. Сепак ако веќе се решат да ти го нудат MagentaTV ресиверот кога ќе направиш нов договор зошто па да не прифатиш да го користиш ако имаш можност?

Зошто па да се купува стари телевизори со SCART само за да не остават на MaxTV? Ова стварно е глупост.

Јас сум уште на MaxTV aма не би се бунел да ми дадат MagentaTV да користам иако со мојов интернет мислам дека немам можност засега за MagentaTV.
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom