Благодарам за потсетувањето.
Неповрзано со твојот коментар, но да спомнам дека понова вест од терен е дека има начин како постоечките корисници, но и новите корисници, да останат на MaxTV платформата со стара опрема. Рутерот е друга приказна, за жал најновите Техниколор ѓубриња функционираат и на MaxTV и на Магента ТВ платформата.
Бидејќи Магента ТВ рисиверите поддржуваат поврзување со телевизор само преку HDMI кабел, ако корисникот има постар телевизор на кој може рисивер да се поврзи само со SCART кабел, откако техничарите ќе му ги донесат Магента ТВ рисиверите на корисникот, корисникот слободно може истите да ги однесе во салон и да ги предупреди дека ќе ја откаже услугата бидејќи рисиверите не можат да функционираат со неговиот постар телевизор.
Бидејќи првите 2 недели се бесплатен тест период, било каков потпишан договор отпаѓа и не може да биде правосилен бидејќи операторот не може да му ја обезбеди услугата на крајниот корисник од технички причини. Во вакви околности на Македонски Телеком им останува да го пренаменат пакетот за крајниот корисник од Магента ТВ на MaxTV, и да ги заменат Магента ТВ рисиверите со постарите MaxTV рисивери.
Така да, кој сака да користи MaxTV наместо Магента ТВ, нека си обезбеди некој стар евтин телевизор од Зелено пазарче или од било каде, единствено е важно да се исправен и функционален

и се разбира да има SCART приклучок, па нека повели нека се жали и нека бара да го префрлат на MaxTV платформата наместо на Магента ТВ.