Матура

  • Креатор на темата Креатор на темата elektro
  • Време на започнување Време на започнување
Дали августовските тестови се полесни од јунските? Пошто се августовско шо имам решавано досега е гола вода. За математика зборам.:)

на кој факултет треба да идеш?
--- надополнето: Jun 13, 2011 1:57 AM ---
Вие што одбравте математика ама ИЧ неможам да ве РАЗ-БЕ-РАМ! o_O

ја полагав математика, на електро не можеш со ништо друго :)
 
^ Капа ви симињам на вас електрашите онака од срце :D
 
ФИНКИ по се изгледа. Why asking? :D

Епа ако паднеш во јуни нема да идеш на прв уписен рок на факултетиве. Ако положиш во август ќе одиш на втор, ама нема да знаеш дали ќе има место на смерот што го сакаш, државна/приватна.
На електро кај мене во јуни се пополнија информатичките смерови, без разлика државна/приватна, ама не знам на ФИНКИ како ќе е заинтересираноста и кои смерови ќе се популарни, така да имај во предвид дека би морал да одбереш и друг, бекап смер во случај да нема место.
 
Не мислев на паѓање, туку од тестовите шо се августовски имам по над 90 бода, а јунскиот 2010 само го разгледав онака на брзинка.:D
Доста се фалам, како се смета перцептилен ранг? ... и оценките со рангот како одат?
 
Од кога ќе ви прегледаат се пресметува тоа, перцентилниот ранг значи од колку проценти што полагале си подобар.
 
Поради то што не бев влезен на Кајгана долго време немав пишано тука. Македонски како што гледав низ минативе тестови не е нешто тешко...треба концентрација и тоа е тоа. Единствено есејот зеза работа затоа што за се останато на тестот одговорот можеш да го најдеш во извадокот, а реално да правиме муабет секого не го бива да пишува есеј. Јас имам избрано математика како втор екстерен и се спремам некое време само пак како што се ближи матурата се чувствувам не многу сигурен...Тоа е од мене.. Со среќа на сите утре кои полагате па после да се надеваме на подобри резултати од истите :)
 
Значи за есејот доколку имаме слободен избор и некоја тема а не е на пример Чичко Горјо пак можеме да пишуваме за таа како да сме ја одбрале од слободниот избор?
 
денес двапати сум сонувал како полагам, првиот пат беше грозно и реално а вториот пат набрзинка :) лелееее...
 
Додека не паничев, не паничев, еве сега дочитувам тоа што ми остана од литаратура, Едгар Алан По и Шарл Боднер, и како ништо да не знам, ваљда од тремата е....
Ајде некој хуманитарец нека ни ги даде прашањата од матурата :D
Шала на страна ги гледам прашањата од изминативе години, лесни се...очигледно дека кај есејот се губат најмногу бодови
 
Значи за есејот доколку имаме слободен избор и некоја тема а не е на пример Чичко Горјо пак можеме да пишуваме за таа како да сме ја одбрале од слободниот избор?

Те молам правопис утрe полагаме :P
Инаку лесно е само концентрација .. јас сега го повторувам речникот , идеите и местата на случувања , по шо гледам има такви зезнати прашања ..

Слободната тема терба да се пишува како есеј или како темите мак. шо ги пишуваме ? ? ..
 
јас колку што памтам од лани, многу повеќе имаше граматика отклку делата што сте ги работеле по македонски, и најмногу обрнете внимание на есејот, да ви биде по сите параметри напишан (наслов, воведен ,главен завршен дел, некое свое мислеше искажано, идр што ви кажале што е битно)
а англиски беше боза
 
а да прашам, утре полагањето е 1 саат покасно од предходните години, од 10 саат така?
 
да од 10 е..

п.с знае ли некој што може да се падне Француски во есејот дали има одредени теми што се знаат уште сеа ако знае некој нека пише ми треба многу
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom