Математика + ЛОГИКА

  • Креатор на темата Креатор на темата gerard
  • Време на започнување Време на започнување
Еве уште една задача:
Како во овој правоаголник можете да нацртате со две линии и да излезат 2 петоаголника и 2 триаголника? poz
 

Attachments

  • untitled.JPG
    untitled.JPG
    2,8 KB · Прегледи: 322
Хех, се знае дека се 36, ама сега испробав на лист ваљда вака ќе испадне. Бројот на гуските ако го ставиме Х...

2х+1/2х+1/4х+1=100 После си множам со 4 да не работам со дропки...
8х+2х+х+4=400
11х=400-4
11х=396/:11
х=36
 
леле се нервирам го нема човеков на мсн да го прашам што е правилното решение! ај пробајте да го решите правоаголников!?
 
Е вака таа задачата со гуските е 36 гуски, а ај прати ти тоа со правоаголникот.
 
100 - 1 ( патнико ) = 99
4/4 + 4/4 + 2/4 + 1/4 = 11/4
(99)/(11/4) = 396/11 = 36
Мој конечен одговор 36 :vozbud:
проверка :
36 + 36 + 36/2 + 36/4 + 1 = 36 + 36 + 18 + 9 + 1 = 100 :pipi:
 
еве ја следната:
Си биле тројца луѓе и отишле во кафеана и имале сите по 10 денари. Пивото во кафеаната изнесувало 30 денари. Ги дале парите и нарачале едно пиво. Келнерката отишла кај газдата и му кажала дека дошле тие луѓе и нарачале пиво и он рекол дека пивото за нив изнесува 25 денари поради тоа што биле стални муштерии. Келнерката им вратила на сите тројца по 1 денари и за нејзе задржала 2 денари. Во овој случај пивото ги коштало по 9 денари за секој. Е сеа 3x9=27 + 2 денари што ги задржала келнерката = 29 денари. Кај е 1 денар?
(btw и јас го немам пронајдено решението хмм.. ај да пробаме) поз:helou:
 
Нах, не фали денар, задачата е така поставена со јазична финта што те наведува на такво размислување.
Лебот чини 25 денари , 2 денари задржала келнерката, а на А Б и Ц им дала по 1 денар, односно:
25 + 2 + 3*1 = 25+2+3=30.
 
Еве една задача од мене. Не знам од каде ја најдов ама многу е интересна.

Овој квиз е направен од Алберт Ајнштајн и според него 98% од испитаниците нема да го решат.

Постои ред од пет куќи, каде секоја има различна боја. Во овие куќи живеат пет луѓе од разни националности. Секој од нив има свое домашно животно, пие различен пијалок и пуши различна марка на цигари.

1. Британецот живее во Црвената куќа.
2. Швеѓанецот чува кучиња како домашни миленици.
3. Данецот пие чај.
4. Зелената куќа се наоѓа лево од Белата куќа.
5. Сопственикот на Зелената куќа пие кафе.
6. Личноста што пуши Пал Мал одгледува птици.
7. Сопственикот на Жолтата куќа пуши Данхил.
8. Човекот што живее во централната куќа пие млеко.
9. Норвежанецот живее во првата куќа.
10. Човекот што пуши Малборо живее до оној што чува мачки.
11. Човекот што одгледува коњи живее до човекот што пуши Данхил.
12. Човекот што пуши Лаки Страјк пие пиво.
13. Германецот пуши Принц.
14. Норвежанецот живее до Сината куќа.
15. Човекот што пуши Малборо има сосед што пие вода.

Кој има риба за миленик дома? (дали сте еден од 2%)

Не сум се ни обидел да ја решам.
Ајде слушам одговори
 
хмм зафркната работа...
ај пробајте да ја решите оваа од Филип па после да ви дадам уште нови задачи.. интересни се :D ај поз идам на фудбал брб
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom