Математичко А, или математичко Б?

  • Креатор на темата Креатор на темата uniqUue
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
24 јуни 2011
Мислења
15
Поени од реакции
4
Возраст
36
Vaka sea... kje bidam sega II godina, i najvekje os se me interesira za podelbva vo treta godina. AJ vie povozrasnite :D kazhete mi koja e razlikata za Matematichko A ili B, so koe matematichko na koj fakultet mozham da se zapisham... i malku podetalno.
Fala vi mnogu, :**
 
Математичко А е повеќе за техничките факултети, математичко Б е повеќе за медицина, стоматологија, ветерина итн итн. Не мисли уште од сега на тоа, ќе дојде време кога ќе мислиш, не е некоја голема филозофија. Кои предмети те влечат - таму.
И да, без разлика што ќе одбереш можеш на кој сакаш факултет да се запишеш.

И ај... филмов ми почна.
 
Vaka sea... kje bidam sega II godina, i najvekje os se me interesira za podelbva vo treta godina. AJ vie povozrasnite :D kazhete mi koja e razlikata za Matematichko A ili B, so koe matematichko na koj fakultet mozham da se zapisham... i malku podetalno.
Fala vi mnogu, :**

Јас бев математички А, во трета година имаш математика, линеарна алгебра и аналитичка геометрија а во четврта математика и анализа (како и физика 3 часа неделно). Не е многу тешка насоката, линеарна и аналитичка се некако поврзани предмети, дел од работите што ќе ги изучуваш по едниот предмет во прво полугодие се повторуваат во второ полугодие во другиот. Анализа исто не беше некој тежок предмет, физиката во четврта е повеќе теориска нема некои тешки теми. Ако планираш да продолжуваш на факултет за информатика, овој смер ќе ти биде од голема помош затоа што пола од работите во прва година (по предметот математика 2) се токму од анализа и билокакво предзнаење би ти дошло како добредојде.
 
јас сум Природно математичко Б,супер ми е.иначе тоа е тоа што кажаа членовите пред мене,нема потреба да го постирам истото.
 
Vaka sea... kje bidam sega II godina, i najvekje os se me interesira za podelbva vo treta godina. AJ vie povozrasnite :D kazhete mi koja e razlikata za Matematichko A ili B, so koe matematichko na koj fakultet mozham da se zapisham... i malku podetalno.
Fala vi mnogu, :**

Ај ако не е проблем, наведи во која гимназија учиш...
 
Се зависи до професијата која подоцна ќе ја избереш. Ако избереш Математичко А, тогаш ќе имаш супер подлога за техничките факултети + нема да се замараш толку во однос на матурата (зошто мора да избереш математика ако одиш на технички факултет) зашто ќе вежбаш во текот на 2 години. А ако сакаш да одиш на ПМФ, медицина, стоматологија, ветерина, фармација.. тогаш земи си Математичко Б зошто екстерни предмети за матура мора да ти бидат биологија и хемија, а само во МБ се учат тие предмети во 4 година и матурата ќе ти биде стварно многу полесна. Така да, убаво размисли што сакаш да учиш на факс зошто всушност МА и МБ се многу различни смерови.
 
Не е точно.
Јас бев математичко А, а се запишав на аналитичка биохемија на Хемиски.
За ПМФ ако не си за математика, физика и информатика, не ти се бара математика екстерно.
Математиките во 3 и 4 се прелесни и смерот е каде каде поинтересен од Математичко Б.
Хемија и Биологија во 4та година се надополнувања само на се она претходно и може 2-3 теми нови да има кои многу - многу нема да ти завршат работа.
За ПМФ, било да е хемија или биологија изборот, не мора интерен да бидат и биологија и хемија, доволно е еден.
Значи ја имав, македонски и англиски екстерно, математика и биологија интерно а нив им беше важно да имам интерен или биологија или хемија.
МА и МБ може се разлилни смерови, ама не се дефиниција за тоа кој каде ќе продолжи на факс.
Кај нас од општествено А си полагаа интерно биологија и се запишаа на биохемиско - физиолошка насока на Институт за Биологија.
Ако се одлучиш за науки, било природни или технички нема да згрешиш ни со МА ни со МБ затоа што на матура екстерно НЕ СЕ ПАЃААТ ЗАДАЧИ ОД АНАЛИЗА, АЛГЕБРА ИЛИ ГЕОМЕТРИЈА бидејќи се зема предвид дека оние кои ќе идат на економски и мораат да полагаат математика, го немаат учено тоа.
На екстерното математика има само материјал кој ќе се учи во математиката за 3 и 4та не било кој смер.
 
Секако дека можеш ти кај сакаш да се запишеш, со ОА можеш на технички но зборот ми беше, како полесно ќе си поминеш. Еве јас на пример, знаев дека ќе се запишам на технички факултет, и отидов на МА. И после навистина ми беше полесно да ја полагам матурата по математика затоа што веќе ја имав стекнато навиката, ги знаев сите основни формули зошто уствари ги повторуваш на МА и плус учиш нови работи кои сега ќе ми требаат на ФЕИТ, како на пример интеграли ! А другарките мои кои беа на ОА си поминаа трипати потешко од мене на матурата математика и извадија послаби оценки.. Сакам да кажам дека, во однос на матурата ќе биде полесно да го избере соодветниот смер, а инаку не е пресудно. А во однос на МБ, многу е корисно да имаш физика и хемија во 4та година зошто МОРАШ да ги земеш интерно за медицина, стоматологија и фармација. Точно е дека има повторување на тоа што се учело во претходните години, но зар не е во тоа поентата, да го повтараат тоа во текот на годината за да не се замараат кога ќе дојде матурскиот испит ?
 
Јас бев јазично А во гимназија па немав проблеми со интеграли еве и јас сум на ФЕИТ. Добредојдено е секакво предзнаење ама нема ништо што не се учи или не може да се научи. И така се почнува од најпростото во математика 2.
 
Да да знам, ама мене лично многу ми помогна што бев на МА во однос на матурата, а и на сите што беа на тој смер. Затоа што ги повторуваш сите формули и фактот што имаш математика 9 пати неделно те тера повеќе да вежбаш а со тоа и психички и реално да си поспремен за матурата по математика.
 
Секако дека можеш ти кај сакаш да се запишеш, со ОА можеш на технички но зборот ми беше, како полесно ќе си поминеш. Еве јас на пример, знаев дека ќе се запишам на технички факултет, и отидов на МА. И после навистина ми беше полесно да ја полагам матурата по математика затоа што веќе ја имав стекнато навиката, ги знаев сите основни формули зошто уствари ги повторуваш на МА и плус учиш нови работи кои сега ќе ми требаат на ФЕИТ, како на пример интеграли ! А другарките мои кои беа на ОА си поминаа трипати потешко од мене на матурата математика и извадија послаби оценки.. Сакам да кажам дека, во однос на матурата ќе биде полесно да го избере соодветниот смер, а инаку не е пресудно. А во однос на МБ, многу е корисно да имаш физика и хемија во 4та година зошто МОРАШ да ги земеш интерно за медицина, стоматологија и фармација. Точно е дека има повторување на тоа што се учело во претходните години, но зар не е во тоа поентата, да го повтараат тоа во текот на годината за да не се замараат кога ќе дојде матурскиот испит ?
Се согласувам дека е предност тоа што ќе ја имаш навиката, ама еве Џену Грл е сведок дека кај нас оние од јазично А и математичко А имаа исти оцени по математика на екстерното :)
Како и да е, на математичко А е најладење, пошо освен задачи решавање друго ништо нема посебно тешко. А задачите сите се по формули и шеми. Математичко Б има три пати неделно хемија/физика/биологија а стварно не се учи ништо ново (освен продлабочување на молекуларна биологија темата и уште 2-3 теми ко што кажав погоре).
На јазично А се учат нови јазици кои треба да ги почнеш од нула и иако не се многу тешки ко шо ми имаат кажувано, сепак почнуваш онака од азбука што се вика.
Јазично Б премногу ги замараат со психологии, педагогии и уметност - ама максимално.
А општествените имаат многу материјал за бубање на памет.
 
Никогаш не би отишла на општествените смерови, ејјј толку теорија учење, јас 2 реченици од весник не можам да запамтам не па толку економии, социологии :)
 
Сепак, навистина треба добро да се размисли, особено ако имаш амбиции поврзани со медицината. Оваа година беше борба на медицински, 40 души имаа 99 поени а само 60 примаат во државна квота на општа медицина! Затоа мој совет е (ако сакаш медицина и слично) да си земеш МБ зошто навистина се се повторува во текот на годината и ќе ти помогне да направиш подобра матура, што е многу важно зошто и најдобрите ученици со малку послаба матура имаат проблеми при запишување.
 
Соученик на Џену Грл од истиот смер (јазично А) се запиша лани на медицински без проблеми. Си полагаше и биологија и хемија интерно и двете со 5ки си ги положи. А не се запиша само он, имаше и од математичко А едно девојче и од општествено Б ако не се лажам.
Стварно нема некоја огромна улога.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom