Математичка мистерија

  • Креатор на темата Креатор на темата acetetovo
  • Време на започнување Време на започнување
2015 година, Драган наполнил онолку години, колку што е збирот на цифрите во годината во која е роден
Која година е роден Драган?
 
Просечната возраст на 10-члена комисија сега е иста како и пред 4 години, бидејќи во меѓувреме еден постар член на комисијата бил заменет со помлад. Колку години е помлад новиот член на комисијата споредено со заменетиот постар член?

 
Вака на брзинка, ми личи дека многу разлика дека има.
Пошто девет члена се постари за четири години, а треба просекот ист да биде.
 
Просечната возраст на 10-члена комисија сега е иста како и пред 4 години, бидејќи во меѓувреме еден постар член на комисијата бил заменет со помлад. Колку години е помлад новиот член на комисијата споредено со заменетиот постар член?
36?
 

Да, иако интуитивно ти иде да кажеш 40 (10 члена * 4 години), а после сфаќаш дека замената самиот себе нема што да се компензира за возраст. Математички:
x-сума на незаменетите 9 члена
a=возраст на постариот заменет член
b=возраст на новиот член

x+a=x+ 4*9 + b
a=36+b
 
Два правоаголници, поголем и помал, заедно имаат плоштина од 685 см2

Ако поголемата страна на помалиот правоаголник се зголеми и стане колку поголемата страна на поголемиот шравоаголник, заедничката плоштина ќе стане 765 см2

Ако пак поголемата страна на поголемиот правоаголник се намали и стане колку поголемата страна на помалиот правоаголник, тогаш вкупната плоштина ќе стане 525 см 2

Колкава плоштина има поголемиот правоаголник?
 
Дали Ви треба помош?
Или треба да пеам:
Prijatelji stari, gdje ste da li cu vas ikad naci kazite mi, sto to znaci kad u ponoc netko svira ...
https://www.youtube.com/watch?v=ryLmcxyf1jE[DOUBLEPOST=1482609740][/DOUBLEPOST]Да пробам да Ви помогнам:
Кога се зголемува поголемата страна на помалиот правоагоник да биде колку поголемата страна на поголемиот правоаголник, плоштината на се зголемила за 80 цм2 - (765 - 685 = 80 )

А кога се намалува поголемата страна поголемиот правоаголника .... плоштината се намалува за 160 см2

( 685 - 525 = 160 )

Од ова може да заклучите дека помалата страна ( страната која не се менува ) на поголемиот правоаголник е двапати поголема од помалата страна на помалиот правоаголник

Мислам дека сега ќе ја решите задачава
 
Последно уредено:
Очигледно денес не Ви оди......
Плоштината на големиот правоаголник е 510 см2
Кога страната на помалиот ќе се зголеми и стане иста како страната на поголемиот тогаш големиот правоаголник има два пати поголема плоштина од помалиот
значи 765 треба да го поделиме со 3 и помножиме со 2
( 765:3)*2 = 510
 
Збир на неколку последователни броеви е 2012
Кои се тие броеви?

Пример за појаснување

498 + 499 + 500 + 501 + 502 = 2000
не е точно. Збирот треба да биде 2012
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom