Полигамијата не може да се суди бланко. Доколку е одобрена од државата (односно - не е забранета), и доколку не нарушува закони (брак со малолетнички, принуден брак итн) - тогаш лично не гледам никаков проблем со тоа. Личен избор е кого ќе сакаме, личен избор е со кого ќе решиме да го поминеме животот (се разбира - доколку изборот на сите вклучени страни е доброволен и сите вклучени страни се полнолетни). Не е возможно да прецениме според нашите лични стандарди, дали луѓето вклучени во таков брак се среќни, дали навистина сакаат да бидат во таков брак итн. Нашиот концепт за изневера, соодветно е тешко да се пренесе во контекст на полигамниот брак - затоа што жените во тој брак се таму по своја воља, со полна свест и желба да бидат таму. Обично првата жена е таа која ги бира другите жени, а не мажот. Така што - нивната дефиниција за изневера треба да се гледа во рамки на нивниот брак (заедница), а не во однос на принципот една жена - еден маж. Секој треба да има право на личен избор и никој не може да го судиме заради тоа. Дали се согласуваме со тоа или не е сосема друга работа.
Што се однесува до Смит - во моментот во кој станува масон, не е полигамист. Ја воведува полигамијата во Мормонската црква дури во 1843-та година. Во Август 1842-ра година, неговата ложа (и неколку други) се суспендирани од страна на Големата Ложа на Илиноис, заради непочитување на правилата. Подоцна забраната е подигната, но набргу повторно е наложена, повторно заради непочитување на правилата (пред се - начинот на кој се примаат членови). Не се ни стигнува до дискусијата за полигамијата, заради тоа што веќе има други причини за забрана.
Кога по смртта на Смит, мормоните се селат на запад - масонските ложи во Јута и Невада имаат официјална политика да не примаат мормони, заради полигамијата (која е забранета во мормонската црква во крајот на 19-тиот век, и денес се практикува само од фундаментални групи - повеќето од кои не се ништо повеќе од криминални организации кои под маската на религиозна слобода злоупотребуваат со малолетнички).
Во Канада и САД, полигамист не може да стане масон, затоа што полигамијата е кривично дело.