Во врска со односот кон полигамијата - тоа што заборавив да споменам, а обично го правам - тоа е мој личен став. Ако двајца (или повеќе) возрасни луѓе, по своја воља решат да живеат на одреден начин - тоа е нивно право, се додека не се нарушува правото на живот и избор на другите.
Што се однесува до приемот во ложата - не е единствена пречка законскиот статус.
До сега имам објаснето дека за прием во ложата има два критериума - објективни и субјективни. Под објективни спаѓаат критериуми кои се утврдени со уставот на ложата, и во нив, меѓу другото, спаѓа и почитувањето на законите на земјата во која се живее.
Под субјективни, спаѓаат критериуми по кои членовите на ложата го преценуваат кандидатот. Кога примаш некој член во семејството - можеби на хартија да е совршен, ама да има нешто што ти смета во неговото однесување и тоа е доволно за да не сакаш да бидеш близок со него. Исто е и во ложата. Секој член, има право, врз основа на лична преценка, да гласа за или против кандидатот. Никој не смее да те праша како си гласал, ниту пак смееш да кажеш како си гласал (уште помалку - зошто). Тоа е лично право и колку и да изгледа не-фер и контроверзно - функционира.
Смит не практикува полигамија јавно. Дури во 50-тите години (ако не грешам 52-ра), се дознава за прв пат за полигамијата во Мормонската црква. Годината што ти ја дадов - 43-та, како година во која Смит прв пат ја декларира полигамијата како принцип во мормонската црква е од неговиот личен дневник (кој речиси се смета за света книга во мормонската заедница).
Што се однесува до Американските закони (а и Канадските до извесна мера) - прашањето е доста покомплицирано. Има закони кои се под надлежност на сојузната држава, има закони кои се под надлежност на федерацијата. Многу често има контроверзии. Калифорнија дозволи медицинска употреба на марихуана (затоа што медицинската сфера е под јурисдикција на сојузната држава), но федералната влада не го одобрува тоа и може во секој момент да те уапси за поседување на марихуана, дури и да имаш медицинска дозвола (затоа што марихуаната според федералниот закон е дрога и потпаѓа под надлежност на федералните органи). Полигамниот брак е решен со закон на федерално ниво, во 1862-ра година и важи за сите сојузни држави, иако некои од нив во тој период веќе имаат локални закони за ова.
Соодветно на примерот - геј бракот е легален на ниво на сојузна држава во Масачусец, така што во Тексас не се признава од државата Тексас како брак. Во однос на масонската ложа - тој член се смета дека има партнер (common-law), но не и сопруг (законски потврден партнер - spouse). Има многу хетеросексуални парови кои не сакаат да се женат, а живеат заедно, и тие потпаѓаат под истиот критериум (тука има неколку различни дефиниции за заедница меѓу партнери и различно е регуларно со законот).