Машко/женски...

  • Креатор на темата Креатор на темата Гладиус
  • Време на започнување Време на започнување

Гладиус

notusually
Член од
14 август 2008
Мислења
5.508
Поени од реакции
1.728
Откако го изгледав Twilight, се решив да ја прочитам и книгата. И денес добивам коментар од еден соученик како таа книга била женска.
Ова ме натера да отворам дебата врз основа на што се делат книгите, филмовите, песните...
Неколку пати до сега за многу филмови имам слушнато коментари од стилот:
„А, не глеам ја такви филмови со љубовни причи. Женски се“
„Како не бе, ја не сум женско па такви песни да слушам“
„Не читам такви книги со типци папучари. Многу е женска приказната“

И цело време се мислам, како така се прави таа класификација. Зар за еден филм да биде машки треба вос ебе да содржи убиства и тепачки? Зар една музика за да не биде женска треба да биде тежок рап или рок?
Дали пак оние кои коментираат за доредени книги дека се женски, воопшто и читаат книги.
Сметам дека секое уметничко парче е вредно само по себе и како такво нема зошто да се класифицира како male only или female only...
Што мислите вие?
 
Вкусот е битен. Има непишано правило кај секој поединец (за машките мислам) дека што не е по твој вкус и ти изгледа лигаво да биде женски тип на производ. А таа граница на вкусот која го одредува полот на нештата се менува на скалата на вкусот кој го има поединецот.
 
Не ги делам сите, ама класифицирам во женски :)
 
Хммм...некој стварни стварно не се за жени..

едит: Се мислев дали да го остаам само така постот, ама ај да не серете..

Види, за филмови конкретно што спомна, стварно не делам, ама има некој ствари шо едноставно природно е да се машки, а други женски.
Пример, мартини е класнично женски пиалак, иако и машко да се напие нема да умре..
Пивото е машки, иако се повеќе жени го пијат...виното унисекс..
Бритни е за девојки.
Да. И за ова стојам. И не објаснувам. Така е и крај. Im right and u're not.
 
Со ова машки женски стално си имам проблем со заедничко гледање филмови со подобрата половина. Но ради нејзин ќејф успеав Мемоарите на една гејша да го изгледам пола саат и заспав. Од друга страна хорор, Терминатор и Џејсон Статам филмови сам си гледам-со децата. Едино на некоја комедија и малку порно понекогаш се сложуваме дека се универзални. Машко сепак бара малку адреналин, акција во филмовите. Како и во фудбалот, ако нема тепачка, јака игра и голови, ако само дрблаат во средина, ништо од таков фудбал. Тоа ваљда е до гените, хормоните...
 
Без разлика дали е за филмови, книги, коли, јадење и тн... Единствено што го можат жените, а не го можат мажите е раѓањето на дете. Остатокот, сите го можат, така да колку и да сакаш неможеш да ги поделиш работите на машки и женски. Во секоја ситуација има исклучок.
 
Знам дека постои различен вкус и став за одредено прашање ама машко-женска определба во поглед на филм,книга или нешто слично...
Не сум сретнала до сега некоја книга на која гласи исклучиво за машки или женски

Се зависи од карактерот, вкусот и типот на самата персона без разлика дали е машко или женско
Има девојки кој стриктно гледаат филмови со тепчки или не знам таму што и машки што читаат љубовни романчиња...
Значи според мене таквата класификација сеуште не ми е јасна врз основа на што се базира..
 
Еми начелно да, сега сите сме као униформни ама кога го даваа Брус Ли У змајевом гнезду или Емануела 1,2,3,... дел и слични.. во кината Напредок, Карпош и Бутел (кога работеа) ниедно девојче немаше или чат пат некое залутано ради инсистирање на дечкото.
 
Знам дека постои различен вкус и став за одредено прашање ама машко-женска определба во поглед на филм,книга или нешто слично...
Не сум сретнала до сега некоја книга на која гласи исклучиво за машки или женски

Се зависи од карактерот, вкусот и типот на самата персона без разлика дали е машко или женско
Има девојки кој стриктно гледаат филмови со тепчки или не знам таму што и машки што читаат љубовни романчиња...
Значи според мене таквата класификација сеуште не ми е јасна врз основа на што се базира..
Поентата е што не ни има такви книги:) Целта беше да видиме врз кои основи така се судат книги, филмови, песни дека се машки или женски...
онтопик: Мислам дека неможноста да се сфати едно добро сработено дело (било тоа дали е од машки или женски аспект) се класифицира како нешто кое е само за спротивниот пол.
Lurtz за Мемоарите на една гејша... Машко сум па го догледав до крај затоа што е навистина убав филм... А не ги имам пропуштено ни Емануела (ги даваа и порано а и сеа ги има):smir:
Па ете не реков никогаш дека Мемоарите на една гејша е лигав филм и покрај содржината, а ниту реков дека Емануела е само за машки...
Ме сфаќаш?:smir:
 
Па токму и тоа ми беше поентата-малце иронија инаку знам дека нема такви книги:smir:Не сме се разбрале...:helou:

Апсолутно се согласувам со болдот
 
Така ми дојде баш тој наслов да го споменам. И јас сум приврзаник на драми и мелодрами, покрај акционите, сци фи и хорор филмовите. Всушност скоро и да нема жанр кој не го гледам. Никаде не пишува, се согласувам, но ориентацијата глобално е таа. Акционите филмови поголем процент ги гледа машка популација, но тое не е никакво правило. И жена ми сака да гледа такви филмови, ако се добро направени.

Најмногу у ствари е до самиот филм па и книга. Како е создадено делото, дали е копија на друго дело, значи оригиналност, монотонија, начин на приказ на ликови (добро изградени, а не бледи личности), потенцирање на одредени сегменти во самото дело-во смисол дали е чиста акција, без ни малку можност за размислување или е чисто филозофирање, развој на настаните, расплет, заплет. Многу комплексна тема е у ствари ова. На пример не секој сци-фи филм или дело ми се допаѓа, а поклоник сум на тој жанр.

Дури и расположението, атмосферата, одмореноста на духот...зависат што во моментот ни се допаѓа. За Мемоарите можда не сум бил у тој момент и расположен за одгледување на таков филм. А не значи сигурно дека не е добар.

Има и уште една работа.

Ако за темата на пример зборам за себе или сопругата сепак е едно и постои поделба. Јас гледам скоро се што ќе ме привлече, а жена ми само одредени филмови, повеќето од нив трилери и драми-со добар развој на приказна и добра конструкција.
Но ако се однесува на генерална поделба или неподелба, мора да се сложам со вас дека проста поделба не постои.
 
Сметам дека не би требало да се делет такви работи пошо стварно то е уметност и зависит од вкусот на чоекот, не од полот.
Највероватно, љуѓето шо ја прает таквата класификација, нивниот став е заснован врз то дека книгата/ филмот/ песната шо содржит појќе емоции е женска.
 
Не би требало таква поделба, но искрено неможам да замислам машко кај што го гледа филмон на пример Sweet 16.
Филмови каде што има претежно застапени само женски, каде што во најблага форма кажано се шмизлаат, не верувам дека би ги интересирале машки.
Сето тоа сепак зависи до вкусот и до тоа што го привлекуваат на некое машко или женско.
На пример јас ретко кога сакам да гледам акции,но додека ги гледам многу ми се интересни.
и како што рече Пчелка филм каде што има повеќе емоции се претпоставува дека е само за женски, иако немора да значи. Баш некогаш тие филмови се многу подобри од некои кај шо само се тепаат и такви работи.
 
Има работи кои ми се допаѓаат, а некој би рекол дека се машки. Само затоа што на пример женската популација сака повеќе романтични филмови отколку машката, не мора да значи дека тие се женски филмови или пак нема женско што сака и хорор. Не треба да има такво класифизирање...
 
Откако го изгледав Twilight, се решив да ја прочитам и книгата. И денес добивам коментар од еден соученик како таа книга била женска.
Прво, морам да го пофалам соученикот ти, [IRONY] многу е паметен.[/IRONY]

Неколку пати до сега за многу филмови имам слушнато коментари од стилот:
„А, не глеам ја такви филмови со љубовни причи. Женски се“
„Како не бе, ја не сум женско па такви песни да слушам“
„Не читам такви книги со типци папучари. Многу е женска приказната“
.
Да не бидам сфатена погрешно, ама тоа најчесто го велат машките, како на другарите, така и на партнерката. На пример, девојката [и не, не давам личен пример], би седнала да гледа утакмица фудбал, иако тоа не и годи баш, само за да го задоволи типот.

И цело време се мислам, како така се прави таа класификација. Зар за еден филм да биде машки треба во себе да содржи убиства и тепачки? Зар една музика за да не биде женска треба да биде тежок рап или рок?
Класификацијата е од поновово време, кога почна младината, па и општо целата популација премногу да се секира за тоа што прави, каде искача, со кого искача, како е облечена и слично. Иако машките (да не бидам сфатена како премногу голем феминист) повеќе се секираат што ќе кажат другарите, па за да испаднат „фраери“ се понашаат, демек: абе што е тоа со љубов, изиграваат емовци или слично. Што е сосем погрешно.

Дали пак оние кои коментираат за доредени книги дека се женски, воопшто и читаат книги?
Сметам дека секое уметничко парче е вредно само по себе и како такво нема зошто да се класифицира како male only или female only...
Што мислите вие?
Мислам дека болдираново е точно. На некого ако му се допаѓа некоја книга, нема врска дали е „машка“ или „женска“. Сите книги си имаат свои особини, коишто не можат да се определат само за едната или другата популација. Класификацијата е многу глупа, затоа што е сосем погрешно да се врши врз база на степенот на емоциите.
:toe:
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom