Машко/женски...

  • Креатор на темата Креатор на темата Гладиус
  • Време на започнување Време на започнување
..ТВАЈЛАЈТ е само женски филм? :vozbud: Ваауууу Ова не сум го знаела.

Никогаш не делам пијалаци,музика а поготово не филмови на Машки-Женски.СМешно ми е истовремено и глупо.

Но сепак сметам дека машките таквата поделба почесто ја применуваат и поприсутна е кај нив.Додека сметам дека женските не гледаат тоа,дали е со убиства или пак има трагично-романтичен крај филмот:toe:
 
!!!Машко-женски поделби..најмногу ме нервираат!Не разбирам,кога и момчиња и девојки се суштества,од коски и кожа,крв и месо..зошто да не можат да сакаат исти работи,зошто да не може се да биде за секого.Зошто поделби машки-женски?А и денес доста девојчиња пифаќаат машки особини и интереси и обратно.Многу се глупи овие поделби.
Спортот на пр. неможе дасе дели така.Секое девојче и секое момче може да се бави со одреден спорт.Разлики ќе има,но поделба не треба...
Еве и со облекувањето.Па колку денес момчиња ќе видите со марами околу врат,тесни фармерки,рамбвки?Можеби ти не си видел многу,но сепак ги има.Обратно,може да се забележат девојчиња со широки паналони,дуксерки и блузони кои се сметаат за машка облека.Во ред,фустанот е за девојки,здолништето исто така,во ред е така блага побелба во облекувањето бидејќи физички сме многу различни.Но ете и таму каде што е во ред да има поделба доаѓа до мешање.
Филмови не гледам ако би ги поделиле.Зарем љубовен филм со романтични сцени гледаат само девојки?Или шпанскине серии?Ма нее,има многу момчиња кои ги пратат.А за акции,хорори,криминални...има девојчиња да гледаат и такви,во филмот барем не смее да има поделби.
Музиката исто така.Велат некои готската музика била за девојки,други викаат рапот бил за машки.Е како да не!Има мнооогу девојки кои слушаат рап и повеќе од некои машки,а и обратно со оние музички силови кои според некои луѓе се за девојчиња.Музиката не можеш да ја делиш.Не ја слушаат Бритни само женски,а ни Тупак само машки:toe:
Секое суштество е различно и може да има различни интереси и сваќања.Има машки како женски а има и женски како машки.Сето тоа е многу нормално.Поделбиве не се убава работа,па исти гомна сме бре...и машки и женски:toe:
 
Обратно,може да се забележат девојчиња со широки паналони,дуксерки и блузони кои се сметаат за машка облека.
Искрено, мене повеќе ми се допаѓаат (ми се дига адреналин) од девојки во фустани и скуњи, со сандалки или штикла, да се истакне убавината на женска нога. Сепак има разлика и во облекувањето. Има периоди и средини каде се приближуваат вкусовите, но генерално има разлика. Најмалку копчињата, машките се од лева страна :smir:

Далимашко би возело розев точак или би играло надвор со барбика? Или женско би играло џамлии или фанта или фрлање ноже на пари?
 
Неможеш филмови да делиш на машки и женски се зависи од друштвото коа си со женска сигурно нема да глеаш тепачки или научна фантастика, ке глеаш романтики или нешо слично.
За книга е друга работа тоа е индивидуална работа и секој си чита по вкус ,а нели за вкус не се збори (истово нажи и за пијачка).
 
Искрено, мене повеќе ми се допаѓаат (ми се дига адреналин) од девојки во фустани и скуњи, со сандалки или штикла, да се истакне убавината на женска нога. Сепак има разлика и во облекувањето. Има периоди и средини каде се приближуваат вкусовите, но генерално има разлика. Најмалку копчињата, машките се од лева страна :smir:

Далимашко би возело розев точак или би играло надвор со барбика? Или женско би играло џамлии или фанта или фрлање ноже на пари?


Добро,во облеката е во ред поделба,физички се разликуваме и секоја страна на различен начин ја истакнува својата убавина.А за џамлии,крвава паричка,собирање сликички за фудбалски албуми,фудбал..се ова сум поминала,не може такви поделби да има.Абе не дека не може,јас мисла дека не е во ред,нели,секој со свое мислење:smir:Секое девојче можело ако сакало џамлии да игра или по калови да се тркала играјќи фудбал:toe:А има и момчиња кои играле како мали со кукли и девојчиња со коли.Сега тоа и зависи до родителите,уште од незнам кога на девојчиња кукли им купуваат а на момчиња колички затоа што и нивните родители така ги делеле тие играчки.Но поделба пак велам,не треба да има затоа што и машко може со барбики да игра(секако на поинаков начин од девојче)а и девојче со колички,чудовишта и ренџери,нинџи:helou:
 
Моите коа беа мали не сакаа со кукли да играат, ваљда гледаа од мене како се пентерам на кров или како вртам со шрафцигери под кола...

Инаку за фудбал, познавам едно девојче, јако во фудбал, но кај нас ради тие погледи на свет не и успеа...влијанија од повеќе фактори, штета. Добро играше фудбал.

Али признај не си играла фанта :smir: (коцкање со линија у земја и петбанки) и со ноже да брцаш у круг.

Нема врска, покушавам децата да ги воспитам дека постои машки и женски свет, машко и женско однесување, да не се понашаат како..., односно дека општеството сепак не е унисекс. Но не ги учам дека има машки/женски книги или филмови... тоа оставам на нив самите. Што им се допаѓа, тоа нека гледаат.

А за работа дома, сепак има одредена "машка" работа. Самата конституција, колку и да е јака жената, не и дозволува да дигне регал или бојлер од 50 кила. А нешто од тоа не и ни дозволувам-чепкање во струја, опасно е-барем за мене нека е опасно. И обратно, не можам со моиве чврги од прсти да наденам конец или да направам нешто фино како што може сопругата.

Едино нешто што и дозволив беше летоска, таа глетуваше ѕид (ужасно тешка работа-потребни се подлактици од Попај), а јас молерисував и правев кафе. Али тоа по нејзина желба :wink:
 
Добро, за некои филмови стварно ги има за женски и за машки. Некои филмови не е грев и не се наштетува на никој ако се групираат (ретки се ама ги има). За останатите филмови и мене ми е глупо кога некој "паметен" ке се појави и ке каже не бе тој за женски е шо ти е.
 
Не праам разлика помеѓу машки/женски филмови, песни, книги...едноставно ако ми се гледа/слуша/чита нешто такво гајле ми е што ќе речат другите...за мене си гледам ич не ми чуе на коментарите од типот
"Ејјј види го жена си станал бе"
"Само жените тоа го праат бе"
 
И ај сега да го гледам играниот филм "sex and the city" ...... ми рече една другарка да го гледам многу "добар" бил.... и го гледав , и да добар беше ама да имав ваџајна место пенис , некои работи навистина се само за женски некои само за машки .. значи има класификација
 
Мислам дека поделба на филмови не постои. Еве на пример да го земиме филмот Мјузикал. Повеќето од вас (соси мене) мислат дека ова е женски филм. Но јас мислам дека се лажиме, затоа што вака треба да изгледа еден филм за луѓе на негде моја возраст (13, 14, 15, 16год.) А сите ние гледаме акција, со убивање и сл. што е 18+
Добро тоа свесен сум за ова што го напишав дека нема поделба ама сепак правам поделба дека ваквите филмови се женски.

А поделба на музиката мислам дека постои.
Неможе машко да пее „за него ќе умрам“.

И тоа е тоа,
Поздрав
 
Мислам дека поделба на филмови не постои. Еве на пример да го земиме филмот Мјузикал. Повеќето од вас (соси мене) мислат дека ова е женски филм. Но јас мислам дека се лажиме, затоа што вака треба да изгледа еден филм за луѓе на негде моја возраст (13, 14, 15, 16год.) А сите ние гледаме акција, со убивање и сл. што е 18+
Добро тоа свесен сум за ова што го напишав дека нема поделба ама сепак правам поделба дека ваквите филмови се женски.

А поделба на музиката мислам дека постои.
Неможе машко да пее „за него ќе умрам“.

И тоа е тоа,
Поздрав
Не збориме за оригиналните изведувачи на песни. Зборуваме за на пример ако тебе ти се допаѓа таа песна, ќе слушаш коментари немој бе не е тоа за машки... Такви песни за женски се.
А ако си машко не смее да ти се сфиѓа некоја песна која ја пее женско и во која се спомнува дека таа сака некој?
 
Кај мене немало поделби од никогаш. Сум играла си барбики ко мала, за саат време подоцна да излезам од дома и да играм фудбал, граница, викторија, за наредниот ден да играм ластик, па да се пентарам по дрва. И никогаш не сум го сфаќала едното како женска, а другото како машка работа. Сум го правела она што ми било интересно.
Можеби не гледам премногу акциони филмови, но не затоа што се сметам дека се машки филмови, туку ете мојот вкус за филмови е насочен кон други жанрови. Истото се однесува и за музика. Го слушам она што го јас сакам да го слушам и што сметам дека е во ред.
Не знам зашто луѓево се толку опседнати со поделби и едноставно не го прават она што го сакаат, читаат она што го сакаат, гледаат и слушаат она што го сакаат. Па не ми е искрено грижа за што ќе речат другите...
 
И ај сега да го гледам играниот филм "sex and the city" ...... ми рече една другарка да го гледам многу "добар" бил.... и го гледав , и да добар беше ама да имав ваџајна место пенис , некои работи навистина се само за женски некои само за машки .. значи има класификација

Абе ајде! Туку конкретно за примеров, тој филм и мене ми е одвратен и не можам да го смислам. Значи ли тоа дека сум машко? Да тркнам ли до wc да се проверам?
А мислам дека таквите поделби постојат повеќе кај машките. Се` што е понежно, помирно, полигаво нејќат да прифатат, за да не им се разниша егото или па да не се претворат во жени случајно. Тогаш како ќе бидат фраери пред светот ам?:nesvest: А од друга страна па, токму таквите се најголеми папучари и најплачковци.
Поштовам мажи кои убавите работи ги сметаат за убави, а лошите за лоши и точка.
 
Воените филмови се дефинитивно ПОмашки....мислам, ај викни ја девојка ти дома на филм и пушти и го "Come and See" + пуканки :uvo:
 
Не збориме за оригиналните изведувачи на песни. Зборуваме за на пример ако тебе ти се допаѓа таа песна, ќе слушаш коментари немој бе не е тоа за машки... Такви песни за женски се.
А ако си машко не смее да ти се сфиѓа некоја песна која ја пее женско и во која се спомнува дека таа сака некој?

Абе не велам дека не може и дека не смее да ти се свиѓа песната али сепак има такви песни за кои може да се рече дека се женски.





 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom