RocknRolaa
Rafa Para Siempre
- Член од
- 21 февруари 2010
- Мислења
- 6.869
- Поени од реакции
- 9.741
Како ви се се уште интересни вакви теми поставени дуалистички во односот машко женско? Не ме изненадува тоа што повеќето пишуваат толку генерално небаре го запознале секој маж и жена на светов, повеќе ме изненадува фрустрацијата која вришти по страниве. Не дека постои човек комплетно ослободен од фрустрација, па макар била и најситната на светот, само што некои работи се претерани.
Во ред, човекот ( дали маж или жена сеедно) не е толку тежок за читање, во повеќето случаи можете да му ги предвидите потезите,а остатокот е веќе личен белег. Штом ви се повеќето работи кога е во прашање човековата природа познати, подобро за вас да се сконцентрирате на ова понепознатиов втор дел, чисто за да не заглавите после некое време. Оти токму тој дел е главниот виновник за срцепарателни разделби, патњи, чешњи итн. Токму зашто речиси сите мислиме дека можеме се да предвидиме и спиеме на тоа уво остануваме запрепастени кога Дон Жуан ја краде девојката или мажот нашол љубовница.
Бај д веј, ова т.н бунтовништво против етикетите е сосем бесцелно. Дури и оној кој е најголем либерал има стикер во рака за да залепи етикета на некому. Тука е и најголемиот штос. Седнете со било која либерална личност и ќе го чуете истиот муабет: Секој нека живее како сака. Овде не се двојам ниту јас, зашто стојам на мнение дека ниедна туѓа одлука не ме тангира се додека директно не ме засегне. Работата е што и јас имам предрасуди, човековата природа е склона на нив. Мислите дека некогаш тие етикети ќе се оттргнат од машко женските односи? Да не ве лаже ѓаолот, мајка ви или комшијата. Тоа никогаш нити било нити ќе биде. А тоа е резултат на самите нас. Ноу хард филингс, ама само лица кои се уште не излегле од таа бунтовничка, детска, недорасната фаза можат да се конфронтираат на ваква тема заземајќи став дека шовинизмот ќе го уништи светот. Се е резултат на нашето мислење. Напрајте си асален муабет со конзервативец и со либерал. Сите имаат по едно АМА. Кој разбрал разбрал, кој не разбрал подобро побрзо нека разбере, инаку ѕидот ќе го продупчи со удари со глава.

. И кога ќе доживеееш да ги видиш утре во прегратка каде „другарката што оговарала“ ја гушка „лесната„ со зборовите: Каде си срце, душо, сонце, сум те мислела, од кога се немаме видено, како си ми, кога ќе пиеме кафе, си викаш има ли образ девојкава 