BusHav
Е ајде де.....можеш и така
- Член од
- 5 декември 2005
- Мислења
- 4.343
- Поени од реакции
- 81
- Возраст
- 86
ThA-BiTcH напиша:ОСВЕН ГРИЖА ЗА ТЕЛОТО И МУСКУЛИТЕ
Задолжително - нега на кожата
Односот на мажите кон она што се смета за убаво во последниве години е значително изменет. Без срам и страв дека погрешно ќе бидат сфатени и дека ќе ја загубат својата машкост, се повеќе време и пари вложуваат во својата нега. Не е никаква тајна дека негуван, младешки и здрав изглед е една од важните отскочни штици во кариерата. Се повеќе мажи го застапуваат мислењето дека личностите на висока позиција во професионалната хиерархија, покрај знаењето и способноста, треба да го негуваат имиџот на негуван маж кој во својот изглед ништо не препушта на случајот. Затоа го прифаќаат трендот дека разните средства за нега на кожата повеќе не се само женска привилегија. За тоа зборува и продажбата на козметички препарати за мажи, кои од година во година вртоглаво растат. За кожата на машкото лице што подолго да остане без трагите на времето, неопходно е да се води сметка за тоа. Со годините, на челото и меѓу носот и усните се појавуваат брчки. Навистина, овој процес кај мажите е многу побавен отколку кај жените, но се случува. Благодарение на секојдневното бричење, кое има ефект на благ пилинг, нашата кожа постојано се обновува. Имајте на ум дека по секое бричење на вашето лице морате да нанесете некој хранлив производ. Тој ќе го штити површинскиот слој и ќе ја подобри активноста на вашата кожа. Но, брчките не се единствен непријател на машкото лице. На мажите, како и на жените, им се случува да се разбудат со ќеси под очите. Не треба да дозволите тие да станат ваш заштитен знак. За прва помош тука секогаш се облозите од камилица или нане, кои во рекордно време ја отстрануваат отеченоста. Се обидувате својата кожа да не ја изложувате на нагли промени на температура и задолжително да ја заштитите со некоја помада за лице на база на витамин Ц, кој се покажува како многу ефикасен во спречување на испуканата кожа. Единствен начин да се противставите на годините кои надоаѓаат е да поведете грижа за себе и за своето тело. Не заборавајте - тоа подразбира и нега на кожата на лицето, а не само на мускулите.
Леле од кај ги вадиш постовиве еј!


Јас од машка козметика користам само after shave,парфем обавезно и стикови за под мишка-морам(нема смисла бе-дигаш мишка и сите у кома паѓаат)