Азири: Изјавата пред истражен судија ја дадов под притисок
„Точна е изјавата што ја кажав денеска пред судот, претходната ја дадов под притисок на полицијата“, рече обвинетиот во случајот Монструм по контрадикторноста на неговиот исказ пред судот.
„Не можев да го издржам психичкото малтретирање. Ми велеа дека рацете им се отворени за затворат кој сакаат. Бев однесен во МВР каде ми рекоа да го кажам тоа што го кажав пред истражен судија и ми ветија дека ќе ме ослободат" рече Азири.
Не можел да го издржи тоа што додека бил заштитен сведок и дислоциран во Кочани, членовите на неговото семејство не знаеле каде е и побарал или да го затворат или да го ослободат.
Во Кочани му стигнало писмо во кое пишувало дека ако сака да се откаже од овој статус треба повторно да даде исказ.
На истражниот судија не му се пожалил за притисоците оти се плашел да не го убијат, па потоа да кажат дека го убиле оти сакал да избега.
Остана на тврдењето дека нема никаква врска со убиството кај Смилковското езеро. Негираше дека другите обвинети или нивните роднини му вршеле какви и да се притисоци.
Во судницата беше емитувана видео снимка од мај минатата година, кога Азири дава исказ пред истражниот судија.
Адвокатите реагираа дека имало делови во записникот од тој ден, што Азири не ги кажал, а биле внесени на записник.
Оваа видео снимка, како што рече обвинителката Гордана Гешковска ќе биде искористена како доказ во постапката.
Азири пред истражниот судија тврдеше дека ги чекал двајца од обвинетите на обиколницата кај Качанички пат и дека кога дошле носеле црни капи и ракавици и му кажале дека убиле човек.
Судењето за петкратното убиство кај Смилковското езеро ќе продолжи на 15 овој месец.
Ете ја албанската плачи пичкарска стратегија, не бев јас ме натераа! Абе иди таму исколи го бел ден да не види, што му дозволуваш судење не ми е јасно. Изделкај ги дел по дел и фрли ги на депонија, да смрдат како што смрдат и во судница. Гнаси.