Решение секако постои. Јас го гледам во насока на тргање од патиштата кон НАТО и ЕУ, изолирање на законодавството од овие асоцијации и донесување и стриктно спроведување на закони кои пред се ќе бидат во улога на заштита на државата, поредокот и народот со исклучително строги санкции и враќање на смртната казна како и воведување казна „строг затвор без право на помилување“. Кон ова би приклучил и забрзување на истражната постапка, скратување на правото на бесконечни жалби до повисоките судови и незасметување на времето минато во истражен затвор во дел од изречена затворска казна.А зарем ти во ваква Македонија се осеќаш жив?
Онака, вистински жив?
Гледаш можност за просперитет и позитивна промена?
Јас искрено, не. Не сум таков тип да бидам пред монитор и да паламудам за тоа како треба да се направи нешто и да плукам дека власта тоа не го прави. Да делам совети. Не знам, не сум човек што главата ја држи спуштена и дозволува мазохизам НО ЗНАМ дека, не сум ни човек што треба да ја направи промента, што знае како да ја направи промената, не сум образуван за такви работи. Можеби и доколку би бил, не би ни добил поддршка, како што верувам дека има такви луѓе во државава ни наша а се гледа на нив со скептицизам и песимизам. Си работам тоа што го работам. Тврдам дека не ми е добро и не сум задоволен ама не гледам излез (во државава).
Колку да плукаме по неко минато време, вистина е дека вакви нешта не се случуваа додека постоеја кај нас закони поинакви од законите кај ЕУ или НАТО државите.