Манчестер Јунајтед - Арсенал 16.05.2009, 13:45

  • Креатор на темата Креатор на темата манутд
  • Време на започнување Време на започнување

Исход од натпреварот?


  • Вкупно гласачи
    81
Статус
Затворена за нови мислења.

манутд

24 is the number
Член од
20 октомври 2008
Мислења
482
Поени од реакции
13
Последното дерби во Англија ова сезона се игра на Олд Трафорд каде играат Манчестер против Арсенал. На Манчестер му требаат бодови за да биде шампион во Премиер Лигата, додека Арсенал ќе игра за престиж, кој веќе го има загарентирано 4 место.
Првиот натпревар на Емирати заврши со победа на Арсенал со 2-1 со головите на Насри, додека стрелец за Јунајтед беше Рафаел да Силва.

Последните пет натпревари на Манчестер Јунајтд:

Манчестер Јунајтед - Манчестер Сити 2-0
Мидлзброу - Манчестер Јунајтед 0-2
Манчестер Јунајтед - Тотенхем 5-2
Манчестер Јунајтед - Портсмаут 2-0
Сандерленд - Манчестер Јунајтед 1-2

Последните пет натпревари на Арсенал:

Арсенал - Челзи 1-4
Портсмаут- Арсенал 0-3
Арсенал - Мидлзброу 2-0
Ливерпул - Арсенал 4-4
Виган - Арсенал 1-4

Нека победи подобриот и посреќниот.

П.С. Модераторот нека стави анкета.
 
Како очајно игра Арсенал на последниве два дуела што ги изгубија дома, тешко дека ќе може да пружи некаков отпор. Ама којзнае, можда ќе играат како препородени.
 
Како очајно игра Арсенал на последниве два дуела што ги изгубија дома, тешко дека ќе може да пружи некаков отпор. Ама којзнае, можда ќе играат како препородени.
Ранетиот лав секогаш е опасен.
 
Мислам дека Манчестер ке победи,но еве типувам нерешено.
повеќе ме влече на нерешено.
 
Утре да победиме..Па после шо сака нека биде.Со оглед на тоа дека би можеле и со нерешено да ја освоиме титулата не се знае...но...Типувам 3:1 за Јунајтед
 
И во есенскиот дел не беа во форма Арсенал па не поразија.
Сепак има разлика од тој натпревар и мислам дека сега ќе се одмаздиме за тој пораз во ПЛ.Тука е и големото ривалство помеѓу Венгер и Фергусон,па ќе биде интересно.Многу рано ќе ја прославиме титулата.

П.С Секако Ливерпул игра во недела,нека дојдат во сабота да го видат пехарот,макар оддалеку :helou:
 
Oчекувам победа на Јунајтед...сега мора да се победи се одлучува за титула...
 
И со загарантирана/незагарантирана титула, ова ќе биде дерби како и сите претходни...Имам голем респект спрема професорот и неговата млада екипа, која што за некоја година ќе растура (процес на транзиција јбг)...
Ама се надевам дека Јунајтед ќе ја заокружи успешнава сезона со победа на Олд Трафорд...како и да е, ќе има убав фудбал за гледање...нешто што не го гледам кај другите екипи...

Long Live United
 
Мое мислење нерешено. Манчестар е во добра серија но Арсенал по поразот дома од Челзи мислам дека ке тргне лавовски за некој бод од Олд Трафорд. 2-2 мој тип.
 
Ќе се случи - Челзи т.е на Арсенал ќе му се случи Челзи тоа би било најприближното сценарио.
 
Небитен меч за Арсенал, али очекувам да го дадат максимумот и ако ништо друго барем да бидат достојни. Од Арсенал корист ќе има само Ливерпул, со што ќе му се зголемат шансите за Титулата ако евентуално Манчестер не победи.

Арсенал влага како аутсајдер, али не треба да се потцени.

Очекувам добар наптревар, па нека победи подобриот.:helou:
 
Да го кренеме дома пехарот, па и нерешено нека биде...тоа значи утре Wigan да си изгуби поштено...
 
Се зависи од утрешниот меч...Ако Јунајтед го победи Виган, со Арсенал може да игра и на нерешено, без некој посебен императив за победа. Но мислејќи на ваквата конотација претходно, не ми гледа баш најреално, зашто е ова дуел на 2-та тимови кој меѓусебните дербиња им се беспрекорно возбудливи. И кога нема за што да играат, пак наоѓаат императив и желба за победа. Сепак очекувам победа на Јунајтед или нерешено.

ПС Анкета нека се стави:)
 
Ќе тепа Манчестер,посилен ми е некако..инаку не би ме чудело да изненади Арсенал.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom