Malcolm in the Middle

  • Креатор на темата Креатор на темата RocknRolaa
  • Време на започнување Време на започнување

RocknRolaa

Rafa Para Siempre
Член од
21 февруари 2010
Мислења
6.869
Поени од реакции
9.740
Malcolm In The Middle
0000034440_20061020201936.jpg


Грев е да нема тема за серијава. Има одличен хумор и ликови. За оние кои никогаш не чуле за неа, приказната се врти околу едно шестчлено семејство, родители и четири сина, кој од кој полев со карактерот. :) Едниот од нив, Малколм е гениј и сите надежи на семејството за некоја поубава иднина се поставени врз него. Во меѓувреме имате триста сплеткарии, расправии и детски штосови кои со сигурност ќе ве насмеат.
Серијата престанала со снимање во 2006 година, оставајќи седум сезони зад себе. Во моментов ја даваат и на Фокс Лајф, јас барем таму ја загледав.

Од сите нив, омилен лик ми е најмалиот брат Дуи, само што ќе го видам се смеам, не мора да прави ништо.:pos:
Dewey.jpg
 
(y)
Интересна серија.
Мајка им на овие е животно:pos: а татко им е природна катастрофа.

Порано на ОБН ја гледав сега на Фокс Лајф ја даваат.
 
јаки се :D типично македонско семејство, урлање викање и хаос :D
 
Мислев само јас ја гледам, баш ко што рече Македоникус, македонска фамилија пресликана на екран :pos:
 
Ептен добра серија. Ја гледам декој ден.
 
Хал е нај ѕвер кога е во некоја збрка. Се сеќавам коа отиде у трговски да и купи на жената масажер но последниот беше купен од тој пред него и овој го краде ќесето, го претрчува цел трговски и на крај глеа го зел погрешното ќесе. :pos:
 
LOL Bryan Craston од Breaking Bad е во серијава? опа! ете причина да и дадам шанса, се разбира како и заради препораките :)
 

Леле, 300 акаунти ке направам за 300 лајкови да ти ставам. Се мислев неколку дена да направам тема ама мислев никој не гледа. Порано и на Канал 5 ја даваа ама без ред, децава една епизода се копиљаци а другата се пубертетлии со мозолки и мутирачки гласови па чудна ми беше за следење. Ја заприметив тек на Фокс Лајв пред некој месец и многу ми заликува на жива верзија на Симпсонови. Брајан Кранстон како таткото ми е уживање да го гледам после Breaking Bad.
 
Леле, 300 акаунти ке направам за 300 лајкови да ти ставам. Се мислев неколку дена да направам тема ама мислев никој не гледа
Друг пат ваков муабет да не чујам. :) Дури и да мислите дека никој не ја гледа ( тешко тоа, секогаш ќе се најде публика за серија) правете теми за она што го гледате, чисто да стои како предлог за некој да открие нешто што не го гледал. Колку пати се мачам да најдам нешто по мој вкус, вака ќе си читнеш што како и ќе си најде човек нешто за гледање.:)
 
Според мене серијава е една од најдобри можни комедии кои ги има понудено Холивуд.
Целата серија е лудница, превише чил-аут, и дур ја гледаш вежбаш стомачни мускули со смеење, прекрасна серија, ги имам гледано сите сезони три-четири пати и никогаш не ми е досадна, сега кога ја начекам пак си ги гледам на Фокс Лајф, ко Томи и Џери е серијава.
Одлична серија, и фала богу тема за серијава, браво за Рокенрола.

П.С Омилен лик, oh don't ask..
malcolm9.jpg
 
Добра е серијава. Не сум гледал многу епизоди, но гледаното е добро. Одлична смисла за хумор. Ликовите и нивните фаци не се претерано карикатурални. Освен едно бате кое мавта со гусарската кука. Кај многу комедии (иако ова и не е некоја ептен типична комедија) уфрлаат смеење, за да биде посмешно, или за да биде смешно и кога не е смешно. Овде нема такво нешто, ако се сеќавам добро и ми се допаѓа.
Како и да е, тешко на Малколм.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom