Малата вистина за машките...

  • Креатор на темата Креатор на темата P.cat
  • Време на започнување Време на започнување
Па не се согласувам,ова е премногу голема генерализација,али добро има луѓе кои се согласуваат со овие тврдења.
 
Епа вака.Ова го најдов на една страна и сакам малце да коментираме колку е ова точно.Одиме:
Ако се облекуваш убаво, ти си роб на модата
Ако се облекуваш провокативно, ти си к*р*а
Ако се расправаш со него, ти си тврдоглава
Ако си потивка, ти си глупава
Ако му се јавиш, ти си зависна од него
Ако тој ти се јави, треба да бидеш благодарна
Ако не го сакаш, ќе стори се за да те освои
Ако го сакаш, ќе те остави
Ако не сакаш с*кс со него, не го сакаш
Ако сакаш, премногу си лесна
Ако му ги кажуваш своите проблеми, досадна си
Ако не му ги кажеш, не му веруваш
Ако го поправаш кога ќе згреши, ти си лоша
Ако тој го прави тоа, го прави за твое добро
Ако го прекршиш ветувањето, ве тебе не смее да се верува
Ако тој го стори истото, морал
Ако го изневериш, за вас е крај
Ако те изневери, сака нова шанса
Ако плачеш, ти си премногу емотивна
Ако тој плаче, не бил вистински маж
Ако лажеш, тоа е катастрофа
Ако лаже, тоа е за да те заштити
Ако не ти се допаѓа нешто, ти немаш вкус
Ако не му се допаѓа нешто, значи мора да е така....


П.с Без навреди:wink:

Btw темава ако треба да се премести,слободно:pipi:
ako voa e stvarno vaka togas maskite se mn kompicirani inace ne veruvam
 
ова не е точно за сите, може за дел ама не за сите мажи. лошо е кога генерализирате оти генерализацијата е фашизам.
 
од тоа шо е набројано во постот ама баш ниедно не е точно!!! ама ниедно!!! и воопшто не се согласувам...
П.С ова кај го најде на кој сајт? кој го пишал многу ме интересира.. сугурно е напишано од некои пубертетлии...
 
Ако се облекуваш убаво, ти си роб на модата
Ако се облекуваш провокативно, ти си к*р*а

Мислам дека повеќе одговара нивниот став : ако се из*бам со 20 ќе бидам главен фраер, ако се из*беш со 20 ќе бидеш главна курва.
Ако се расправаш со него, ти си тврдоглава
Ако си потивка, ти си глупава
Првото дефинитивно да. 99.9%, за тоа кењаат ептен. Второто не. Некои сакаат такви девојки, но не мислам дека ги сметаат за глупави, туку само повлечени и срамежливи.

Ако му се јавиш, ти си зависна од него
Ако тој ти се јави, треба да бидеш благодарна
Дефинитивно да. Без исклучоци.

Ако не го сакаш, ќе стори се за да те освои
Ако го сакаш, ќе те остави
Даваат се од себе ако навистина им се допаѓаш, инаку не се толку упорни да одат контра кога нема ефект.
Не е вистина дека те остава ако го сакаш. Знаат да бидат полигави од девојките кога ќе засакаат некого, а и не се ѓубриња да остават некоја кога гледа колку е загреана. Можеби ќе го сторат тоа, но затоа што ќе им здосади, ќе ја отсакаат или сл.

Ако не сакаш с*кс со него, не го сакаш
Ако сакаш, премногу си лесна
Големиот дел од незрелите мажи а.к.а деца размислуваат вака. Зрелите секако напротив.
И да, зрелоста им стапува покасно.

Ако му ги кажуваш своите проблеми, досадна си
Ако не му ги кажеш, не му веруваш
Сакаат да помагаат, но не се добри во совети колку девојките и затоа сметаат дека подобро не треба да кажат ништо.

Ако го поправаш кога ќе згреши, ти си лоша
Ако тој го прави тоа, го прави за твое добро
Ова мислам дека е потсвесно, во момент на афект. Машките имаат ствар наречена его која не треба да се потценува, затоа мразат да им се префрла.

Ако го прекршиш ветувањето, ве тебе не смее да се верува
Ако тој го стори истото, морал
Има и доста толерантни, така да, не се согласувам. Девојките повеќе кењаат околу довербата, но со право.

Ако го изневериш, за вас е крај
Ако те изневери, сака нова шанса
Вистина. Не знам како очекуваат да им се прости, сметаат дека се привилегирани повеќе од нас, девојките. А ако ти изневериш, бескрајно е повреден и никогаш нема да ти го прости тоа и значи крај, воедно.

Ако плачеш, ти си премногу емотивна
Ако тој плаче, не бил вистински маж
Не е вистина. Се растажуваат кога плачеме, а тие знаат да плачат и повеќе од нас. Не е дека не е вистински маж, туку едноставно тоа ги прави мекуши, а како појаки треба да бидат пример за цврстина.

Ако лажеш, тоа е катастрофа
Ако лаже, тоа е за да те заштити
Не знам каков тип на машко опиша, некој на кој се му пречи. Но, во реалноста за да се "извадат" велат така.

Ако не ти се допаѓа нешто, ти немаш вкус
Ако не му се допаѓа нешто, значи мора да е така....
Главните ја донесоа пресудата. Сакаат да доминираат повеќе од жените, тоа е се.

Заклучок : Има различни типови машки, различни карактери и ова горе не мора да биде дефиниција за целиот нивен род. Значи да не се генерализира, ако се сфатат половите разлики нема да има проблем.
 
Чекајте малце... основата на темата е дека сите машки се исти и дека сите исто би постапиле? Тоа не е преголемо искуство?
 
Како не му е досадно да прат вакви теми.
 
Генерално кажано ова не е точно.
Поединечно за мене нее точно.
Поединечно за некој друг можеби е точно.

Поентата ми е секој си знае за себе и неможе да каже што другиот мисли

Овие работи јас за такви не ги сметам. Воопшто не се однесувам така. А некој ако има поинакво искуство тоа е друга работа.

Затоа не треба да се генерализира.
 
Чекајте малце... основата на темата е дека сите машки се исти и дека сите исто би постапиле? Тоа не е преголемо искуство?
и ја ова се прашувам....... врс кој основ се овие заклучоци донесени... реков погоре ке речам пак. според мене ниедно од овие не е точно! се зависи од карактер!!! ги глеам шо пишуваат и им се чудам. ако поголемиот провј од постовиве се напушани од 15 16 годишни деца онда разбирам...
 
Ако ако ако ако ако и само ако....

Што правиме ние што не размислуваме така, малограѓански.. овај де фраерски?
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom